Бев денес кај дерматолог и ми препорача bioderma sensibio gel moussant, СОНА (навечер), clindamicyn, bioderma sebium hydra. Ми кажа дека clindamicyn многу ќе ја суши кожата па затоа земавме и хидратантна крема од bioderma. Може некој да сподели ако имал искуство со некој од производиве?
Јас ја користев соната подолг период и мене лично ми беше препорака да мачкам каде е воспалено, не на цело лице. А потенцираат навечер да се става затоашто во контакт со сонце може да јави иритации.
Девојки јас вчера бев на дерматолог Ми дадоа роакутан,е сега јас сум малку скептик за нив,знам дека имаат позитивни страни но ми набројаа и многу негативни работи кои ке ми се случуваат во текот на терапијата Ми рекоа може и нема да имам кај секој не е исто,но јас сум малку исплашена дали да почнам или не Ми земаа крв ми направија испитувања хормонски се,и утрово се јавија да почнам денес со нив За 4 недели ми рекоа дека пак треба да одам за крв Ме интересира дали некој/а од вас ги има користено па како делуваат
Лицето ми беше ужас но почнав да користам производи од novexpert и имам подобрување но ми рече дека ако престанам да користам тоа што го користам лицето ке ми се врати пак како што ми е било Пред година ипол уште кога бев во Мк пиев сумамед 10недели лицето значително ми се подобри но после 2 месеци од сумамедот лицето ми беше најлошо што можеше да биде Уште читам за нив што и како и се двоумам многу дали да почнам или не
На каков третиноин мислиш Јас во Октомври 2021 до пред 3 месеци некаде Април користев Акнефуг за миење,сона крема навечер клиндамицин гел и биодерма сензитив крема,но немав подобрување и ги оставив Ми рекоа 3 месеци за први резлутати јас ги користев 7 и немав резлутати Ако мислеше на тоа,и јас не ги разбирам баш тие работи не ми се јасни Сепак ти благодарам на советите
Не се тие. Мнооогу појако е од соната, во мк нема да се купи, бидејќи си странство може да ти препише дерматолог. Се мачка на лицето, и исто има нуспојави како сува кожа.
Ти благодарам,ке прашам пак Таа спомна некоја крема која исто така е многу јака но не кажа дека се работи за третиноин исто рече дека ке ми ја суши кожата но рече дека е подобро внатрешно да се исчисти се Што разбираше под тоа незнам Незнам баш и јазик па и многу не можев да прашувам Ти благодарам уште еднач
Извинете што се умешувам. Соната е со адапален. И третиноинот и адапаленот се ретиноиди. Ефективни се за акни и едното и другото, третиноинот плус има и анти-ејџинг ефект но може да ти прави поголема иритација доколку не го користиш правилно. Јас би ти рекла консултација со дерматолог обавезно и за третиноинот не треба на своја рака. Се наоѓаше под името Аирол кај нас сега не знам дали го има. Ако не живееш во мк ќе го најдеш.