Точно, не треба по краток период да се откажуваме. Акните се состојба која не мине лесно, и јас сум моментално под надзор на дерматолог и ми кажа реално да не очекувам чуда преку ноќ и дека се потребни 8 месеци флеките да исчезнат во целост. Така да..трпение и држење до препораката од добар дерматолог
Здраво, ендокринолог испитува хормони на 3 ден од циклус. Сите дерматолози велат дека се испитува на 15 ден од циклус или при овулација (5 различни) дерматолози ми го имаат кажано ова. За дел од хормоните не влијае денот, и ако имаш дисбалан , ке има отстапки и на 3 и на 15. Слушај дерматолог и ќе ти помогне. Не очекувај резултати преку ноќ, да ј си минимум 1 година да се среди лицето и + 6 месеци за флеки. Јас и покрај коритење на сите НОВЕксперт производи и терапија од дерматолог сеусште имам флеки и после година дена од почнување на процесот. А имам правено и третмани- ЦО2 ласер, ПРП, ... и користам Вит Ц на новексперт- 3 паковање и наместо соната ја користам кремата со бучикол и сепак процесот е спор. Трпение и истрајност.
Само проблемот е што јас не одам на дерматолог И немам проблеми со акни. Хормони се испитуваат и преку крв и на 3 ден добиено - од гинеколог ова.
Ја ставаш како хидратантна крема, или само на акни? Ја зедов ама некако мрсна текстура има за ставање на цело лице.
Ми треба препорака нешто што би помогнало со комедони/црнки, акни ми се појавуваат кога ги стискам овие претходниве или после неколку дена носење шминка ако измеѓу не сум направила добро чистење. Генерално имам проблем со местимично црвенило и ете оние нерамнини на кожата. Инаку користам Леа лосион за акните ми помага ептен, се мијам со балеа гело, ја користам кремата на Гарниер со хијалуронска, а до скоро и пантенол ставав. Во моментов не сум во можност да издвојам некоја сума за кој знае какви производи, а и општо мрзелив тип сум да ставам секое утро по неколку производи
Ако сакаш да ти се исчисти лицето мора рутина да фатиш и нема ме мрзи. Пантенолот не е мрсен? Тоа одмага за митисери.Ти ја пуни кожата со ѓубре и масло. Јас користев на Евелин 3 во 1 вејс ваш и тоник Тоа помага многу.До 300-315 мислам беше во ДМ. Ама секој ден миење си бара. Или моеш на Афродита пената за мрсно лице да ја земеш, а по нејзе салицилна па после Гарниерот Мене ми се засити кожата од Евелинот и сеа праам вака. Сабајлечки го мијам лицето со сапун Дав или се проаѓам со мицеларна на Гарниер, па ставам ниацинамид на Ревокс.Навечер, пред спиење, го мијам лицето со пената на Афородита, па ставам салицилна, и од кога ќе се упие ставам од Гарниерот пошо истата ја користам. Второ шише користам од пената и салицилната и лицето ми е џам, дури и во ПМС. А и иам комбинирана кожа и тоа на носот партал бев од црнки.
Користев порано ниацинамид на ревокс и салицилна ама некако не ми се погодија од салицилната како да не видов разлика, а од ниацинамидот почнаа повеќе акни да ми излегуваат што отпосле видов е она периодот на чистење ваљда ама не се осеќав убаво и го прекинав
Pantenol кремата е наменета за сува и осетлива кожа и се користи и за кожа што е третирана со агресивни производи за лечење акни, а самата таа не е за акни. Секој еден којшто има барем малку познавање во оваа област би ти кажал дека ова што го правиш не е баш сјајно. Не сакам да ти се мешам во твојот избор на производи за рутина, меѓутоа зошто би се проаѓала со мицеларна на Гарниер како прв чекор во утринска рутина? Ниацинамидот се применува после тонирање на кожата на лицето, а мицеларната ја нема таа функција. И вообичаено салицилна се користи од октомври до февруари, исконсултирај се со @Biodevojka сега мораш фактор.
Јас сацилната ја користев првата година од мај до септември навечер, со тоа што ставав фактор преку ден. Препорачливо е поладно но тоа е индивидуално. Исто така порано ја користев пантехол кремата за поради екстремна сувост и многу ми помогна, тогаш и лишаи имав а беше ладна зима. Така да,сметам дека нема некое златно правило и во двата случаеви.
Ми треба некоја која користела роакутан Втор месец сум на терапијата т.е 1 ипол месец веке пијам лицето буквално цело ми се перути знам дека е нормално но кога ставам крема имам страшно печење на лицето кое поминува за некоја минута Ме интересира дали тоа печење е нормално? И устата од сите страни ми тече крв знам дека тоа е нормално но оваа печењето ме загрижува
Јас не мислам дека течење крв е нормално. Кожата ти е преосетлива од агресивен третман. Прво треба да испиташ се од хормони, па тогаш да видиш со гинеколог и со дерматолог.
Се ми испитаа не сум во Мк Пробано беше се и останато беше само уште оваа терапија,после 9 години борба со акни конечно гледам промена на лицето Ми рекоа дека пукање на уста со тоа што пука потекува и крв,суви раце и плус по рацете ми излегуваат како рани и тоа ми рекоа дека е нормално првите 3месеци па потоа ке се смири се Ми рекоа дека може и од нос крв да имам некогаш тоа уште не сум имала ама сепак сум спремна и на тоа,но оваа со печењето не го очекував затоа и побарав совет од некоја која пиела роакутан дали и се случувало оваа