Јас пиев и ги имав истите симптоми. Усните ми беа мислиш ботокс имам ставано Кожата по целото тело ми беше многуу сува и имав и крварења од носот. Што и да ставев на лицето не ми помагаше. Конкретно печење по нанесување на крема мислам дека немав, но и по нанесување на кремата лицето ми беше суво и се перутеше. Но, по некој месец ми се смирија симптомите.
Да сега оваа недела почна многу да ми се перути кожата на лицето На моменти станувам многу црвена на пределот под очите и околу носот па на моменти немам ништо но изгледа и тоа тоа нормално За месец ипол едната страна на лицето ми е супер ваква не ми била никогаш само флеки имам кожата рамна освен места рапави каде се лупи кожата Ти благодарам на одговорот тоа ми требаше некој кој ја користел оваа терапија да сподели искуство
Само да го пофалам гелот за миење лице за мрсна кожа. Чисти убаво и не го чувствувам затегнато лицето.
Дали некој има сличен проблем? Значи од време на време, на истото место околу устата ми се појавува сувост, лишаи и црвенило. Само малку ме затега и тоа е, ама не разбирам зошто излага така. Некој со слично искуство? Што користите?
@blessed.an, нормални се сите работи што ги наброја. Доколку резултатите од анализите ти се океј, нема потреба да се грижиш. @Angie1432, паста да не имаш сменето? Мене од Колгејт пастата за заби така ми се правеше. Дури болки имав кога ја движев устата. Страшна работа.
@^BadGirl007^, тонерот упива најдлабоко во кожата, така да да. Јас едно време престанав да користам тонер и забележав помала хидратација на лицето.
Здраво девојки, насекаде го барам Акнефуг гелот но никаде неможам да го најдам. Што се случува? Имате некоја информација? Се надевам нема да го повлечат од продажба, баш имам подобрување со акните од кога го користам.
Здраво, сакам да ве прашам дали на некој од вас, кремата Сона не им одговара, односно ви ја влошува состојбата со акни? Јас еве 3 дена немав Сона ставено, (бијдејќи ми се потроши, па додека да купам..) и лицето значително ми се подобри. Вчера ставив Сона и сабајлево оние акни што веќе многу се намалија, сега драстично се испакнаа и некои со врвче бело се. Па гледам дека во несакани ефекти има -воспаление на акните. Може кај мене е таков случај. И уште едно прашање дали сте правеле хемиски пилиг на лицето и колку помага со акни ? Кој третман е најдобар за акни според вас? Ви благодарам.
Тоа се whiteheads акни што ги имаш и се јавуваат поради нечистотија. Можеби соната не ти одговара со некој гел за миење лице… Но ајде нека каже некој поупатен..
Дали знаете, дали уште постои млечениот чистач од Anew од Avon? Мислам дека ми беше од поодамна, го користев периодов и беше предобар, ем чисти ем лицето меко го остава.