Што хигиенски? Може ли да ми кажеш како поточно да објаснам кај матичниот, и колку чини тоа ? П.с ако се е во ред и со хормоните и со ова сега за брис од акна, значи дека од храната може да се акните ?
Ако мислиш на хормони, денес испитував , но читам дека меѓу хормони и брис од акна има разлика. Со брис од акна се испитува да не се акните присутни поради некоја бактерија. Па затоа прашувам каков упут поточно треба да барам за да ми земаат брис од акна ?
Ти треба да кажеш на матичен што ти треба, па они си знаат каде да те упатат за микробиолошки испитувања, не се замарај со тоа, само побарај што ти треба.
Каде ја купувате Сона кремата, колку пари е и дали се зема само препишана од доктор или не мора? Некој што ја користел ако може да сподели поопширно искуство, ме интересира буквално се...несакани ефекти, дали може секој тип кожа со акни да ја користи итн итн
Околу 320 ден е, се нанесува локално само каде што имаш акни но , ги суши, но потоа повторно излегуваат ако мислиш дека ќе ти помогне целосно нема, да знаеш , и малку е агресивна може како лушпи да ти се прават по лицето , црвенилото не го намалува многу . Ако имаш поголем проблем со лицето , најдобро прво провери хормони и брис од акна , на државно ќе те чини сѐ вкупно 400 денари, барем ќе знаеш ако се поради нешто од ова ќе добиеш соодветна терапија со антибиотици , а ако се пубертетски или од нездрава храна тогаш побарај си рутина од магнолија и детоксикација на организмот обавезно. Кај мене излезе дека се бактериски акни , а за тоа мора да се пие антибиотик, сами и со креми не се лечат акни кои се предизвикани од бактерија или од дисбаланс на хормоните.
Не се пубертетски, ни па од нездрава храна. Само ова можам да кажам, исхраната ми е иста веќе 2 3 години и не сум имала проблем со акни досега. Со исклучок на ПМС, тогаш по една, две ми излегувале секогаш ама ништо страшно поминувале за некој ден. Летово не знам од што беше предизвикано ама ми се исфрли лицето. Почна со една, две како и секогаш ама не бев загрижена зошто како што кажав никогаш не ми направиле проблем да се болни, воспалени, да не поминуваат и слично и мислев дека ќе се повлечат за некој ден како и секогаш. Ама, не поминаа и стварно не знам што беше тригерот, посебно за акните на чело со оглед на тоа што челото секогаш ми било чисто, ама баш секогаш. Сега челото ми се исфрли и најмногу ме загрижува поради тоа што има веќе 2-3 месеци од кога не се повлечен што е долго време. Или се повлекуваат на ден два некои и после пак излегуваат баш на истото место и така во круг. Имам неколку и на едниот образ кои де поминуваат и пак се појавуваат Бев на кожен лекар и не ми направија баш некој преглед само од око ми кажа што да земам од аптека и тоа беше.
Брис од акна, хормони и крвна слика прво, побарај си сама кај матичен. Соната се користи на цело лице ако сакаш да имаш некаков ефект. Се почнува постепено не наеднаш, бидејќи е слаба форма на ретинол. Спф обавезно и хидратација, мора да имаш убава рутина со нежни производи додека ја користиш, и трпение
И јас кога бев лани исто беше , само ми препишаа лекови , како и на сите што даваат , акнефуг , клиндамицин, сона и секако биодерма. Ми се исчисти лицето но акни си излегуваа повторно, потоа користев и корејска козметика претежно , ми помогна но целосно не се решив од проблемот. Па на крај одлучив да испитам хормони пред една недела , беа во ред па потоа испитав брис од акна и така излезе дека е поради бактерија , и мора да се пијат антибиотици за да се уништи и неутрализира бактеријата која ми ги предизвикува акните . Исто и мене од секогаш ми излегуваа по неколку акни , но никогаш не ми беше таква ситуацијата лоша ,да имам црвенило , гнокни акни со црвенило, на едно место повеќе акни тоа не. а почна од лани веќе пролетта лицето ми беше со многу акни, црвенило.. Во четврток одам на дерматолог да ми препише соодветен антибиотик од антибиограмот , и плус Магнолија ми даде рутина како дополнителна нега а имам и многу флеки. Не си ги фрлај парите за џабе , од тој на тој производ, секако ќе ти помогне но нема целосно да се решиш од проблемот , затоа испитај си хормони на трет ден , а брис можеш уште веднаш да си земеш упат од матичен и да одиш утре наутро може и да е од тоа, ако имаш редовен циклус не би требало да е од хормони . На државно е 60 денари за брис од акна, на приватно 700-800 ден. Ако те интересира уште нешто слободно пиши ми во порака.
Дали некој знае каде може да се најде benzoyl peroxide кај нас? И дали воопшто го има некаде по аптеките *Сега прочитав дека кај нас го има како акнефуг? Ама како што гледам тоа е некоја крема за миење. Јас мислев дека тоа е крема која се става и остава на лице како крема против акни.
Веќе неколку месеци имам акни кај делот на образите, а понекогаш ми се појават и whiteheads. Прочитав некои мислења во форумот за леа гелот со клиндамицин и сона гелот и не можам да се одлучам кој да употребувам, или можам и двата? Имам комбинирана кожа (масна т зона а другите делови многу ми се исушија во последно време). Само што почнав да употребувам balea ultra sensitive гел за миење лице и крема од истата линија (intensive cream).
Да како акнефуг е достапен на нашиот пазар, тоа е гел кој се нанесува на лице и се остава да делува неколку минути по што се измива. Подолго се користи за да има видлив ефект Тотално е погрешно дека локално се нанесува, се нанесува на цело лице, првенствено има влошување бидејќи се што е поткожно излегува на површина но за 4-6 месеци се чисти лицето, упорност треба. На почеток е нормално да имаш црвенило, пецкање околу нос сето тоа исчезнува кога ќе ти се навикне кожата.. доколку ја прекинеш ќе ти се вратат
Мене дерматолог така ми рече дека се нанесува локално бидејќи е доста агресивна, и да како што си напишала доколку се прекине акните повторно се враќаат што значи не е крема што баш и помага, и не се препорачува да се користи подолг период исто како и акнефух Макс 6 месеци .
Јас сметам дека доколку има повторно јавување на акните по прекин на соната, можеби проблемот е хормонски или има потреба од антибиотици. Затоа редовно консултации и следење на состојбата со дерматолог.