Мене па дерматолог ми кажа дека соната се става на цело лице за да има ефект и е вид ретинол кој што може да се користи постојано, додека акнефуг 6 месеци
Здраво девојки! Препорака за препарати за миење и крема за братучетка ми (има 17 години) и лицето и е полно со црвени, големи акни нешто како на сликата. Се мислев дали да зеде Геровитал стоп акне гел за миење и крема, или нешто друго а да е по пристапна цена?
Дали некој ја има користено кремата од Бима козметик , на инстаграм имаат страна , да сподели искуство ?
Рутина од Магнолија или coslovemetics.mk, или евентуално ако е од хормоните или бактерија за тоа треба брис од акна да испита.
Ако се како на сликата, изгледаат на хормонски акни. Мора да испита прво се што и како, па потоа нека се обрати на Магнолија. Ако се само акни има побрзи и ефикасни решенија, безброј одлични производи. Можно е и бактерија да е, или алергија на некои состојки. Сепак денес постои решение за вакви кожни проблеми, ако се истера проблемот до крај како што треба. Плус на исхрана треба да се внимава и многу вода пиење.
Користам на biotrade крема за acni out и sebomax, препишано од Дерматолог. Немам акни, но на образите ми се појави блага форма на розацеа и како што ми кажа некои црвени ситни акни што во есен и зима ептен ми се интензивни и сакам да прашам некој да ја користел оваа линија што ја наведов дали е задоволен? Досега нема резултат кај мене
И мене ми ја препорача дерматолог гел , ноќна дневна крема, а и Магнолија ми даде рутина , незнам што да користам , кај мене се бактериски акни и пијам антибиотик, но како дополнителна нега што е подобро да користам овие на биотрејд акне оут или од Магнолија? Ве молам помош. Лани кога користев биодерма по препорака од дерматолог немаше некој wow ефект... Козметиката од белина е претежно органска и навистина има многу позитивни резултати од Магнолија, а овие како Еуцерин биодерма повеќе се само прочуени отколку што навистина помагаат . Од Еуцерин користам веќе два месеци и серум за флеки но не покажа резултати како што е наведено на упатството . Ве молам за помош , и ако некој ги користел да сподели искуство . П.с ти колку време ги користиш , и од што ти се предизвикани акните ?
Дали нешто ќе ми штети ако со сумамед плус си пијам витамини калциум +магнезиум+цинк +витамин д3 , и биотин од 1000мг ?
Не е кај тебе таков случајот туку тоа и е ефектот од кремата... Прво тоа е јака крема и никако не смее да се користи периодов. Можеш да ја почнеш таму декември некаде. Сега сеуште има сонце. Друга ствар сона не се става на акни. Мораш да ги исчистиш акните па да ставаш сона која треба да ти го излупи горниот слој на кожата и со тоа лузните и флеките да станат "подостапни" за нареден чекор. За да немаш акни ти треба антибиотик (ова зборувам за акни кои не се предизвикани од хормонски дисбаланс). Јас имам правено хемиски пилинг и микродермоабразија и електрофореза. Ама сето тоа се прави откако ќе ги снема акните. Не можеш толку абразивни третмани да правиш врз акни. Ќе го воспалиш лицеѕо уште толку. Имам пишувано многу на оваа тема затоа што одев на дерматолог и го средив проблемот еднаш засекогаш. Пребарај и ќе видиш чекор по чекор како се прават третманите.
@Ketchup после колку време можам да очекувам да ги снема симптомите Веке 10 дена лицето еднаш во текот на денот ми станува црвено како да ми гори,тоа трае околу еден час и потоа нема ништо За недела дена го почнувам третиот месец секако ке прашам и на контролата,но и од овде знам дека ке добијам одговор @swwetyyy јас пиев сумамед пред година ипол Првата недела мислам 3 дена секој ден и потоа еднаш во неделата 10недели пиев така Лицето ми се исчисти многу но после 2 месеци полоша состојба и од што ми беше лицето Може кај тебе нема да е така пробај си тоа е моето искуство
Зошто? Што не е во ред ? Во антибиограмот со лекови овој антибиотик го има, поради staphylococcus aureus ми се акните предизвикани.
Како го пиеше ? Дерматологот ми рече и пробиотикот и антибиотикот во исто време , додека матичниот ми рече прво антибиотик, па после два часа пробиотик ?
После антибиотик го пиев Ми рекоа 2ч после антибиотик но не секогаш бев редовна можеше и после 4 5 да го пиев
Кај тебе е сосем друг случај. Јас имам како ги нарече црвени точки како (гризаци) но кај мене се губат и понекогаш ми е чисто лицето. сега во есен ми се појавија назад и баш се иритантни, а на допир лицето ми е мазно. Е сега од кремиве има благо подобрување. Sebomax е на база на киселина и пржи по малку, па почна да ми се лупи валда почнува ефектот. Ми кажа дерматологов дека на образиве имам масно лице а Т зоната ми е нормална и ај сега што крем да ставам на такво лице понатака? Оваа линија што ја користам е за 2 месеца. А за acne out од biotrade е помасна додека се нанесува, потоа се си впива и нормално е лицето