Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    девојки што би ми препорачале да користам?
     

    Прикачени фајлови:

  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски

    Серум со витамин Ц помага за флеки :)
     
  3. reckless ✨

    reckless ✨ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    кој би ми го препорачала?

    добар ли е некој од овие?
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 16 октомври 2022
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски

    Вториот можеш да го пробаш, јас тој го имам користено :)
     
    На reckless ✨ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Дали некоја пиела апчиња серапептазе за акни? Дали има ефект од нив?
     
  6. emilija1999

    emilija1999 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали го има во DM?
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски

    Мислам дека го има, можеш за сигурност да пишеш на Белина или на Дм Македонија
     
  8. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    67
    Здраво женски,дали некоја од вас знае дали ги има таблетите себактазе низ аптеките во Скопје?
    Ги користев пред 3-4 години , а сега ги немам сретнато. :(
    [​IMG]
     
  9. zion

    zion Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, дали некој било каде во државава има најдено гел/крем/шо и да е со tretinoin, се скапав барање по сите аптеки, целиов мој град го преорав и НИГДЕ нема, барав и "Airol" ама јок.

    Исто така знам дека некој крем Сона постои ама не ми треба со adapalene пошто сакам макс анти-ејџинг, не ми е за акни. Исто така не мора да биде од аптека, ако можи и онлајн да се порача сеисто ми е, само дали некој од вас некако има купено или најдено трет на било каков можен начин. Жими се полесно е лиценца за пиштол да добиеш отколку третиноин да најдеш во државава :@ . Ај ве молам ако некој знае од каде или како пишете пошто полудев.

    Го најдов еден крем, Tretin се вика и грчки е, но тој е со активна супстанца isotretinoin, што е форма на ретиноид но нема студии до сега изведено апсолутно нигде за исотрет и неговата ефикасност за анти-ејџинг во форма на гел за дермална употреба (барем не од ја што имам барано и читано) за разлика од Roaccutane(таблети). Tretinов го користам веќе 8/9 месеци и тотално елиминира било каква форма на акни, дури и црнки, белки и сето тоа, но не знам дали делува за брчки и антиејџ пошто уште кога почнав, немав, но го земам превентивно, + 0 акни е супер. Но да не залетувам, анти-ејџинг и третиноин, каде и како?
     
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.378
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Машки
    Точно, за изотретиноинот, а воедно и за адапаленот(Сона) не се спроведени доволно клинички студии во однос на неговите анти-ејџ способности, отколку за третиноинот или како шо кај нас беше присутен - Аирол.

    Меѓутоа и адапаленот и изотретиноинот се деривати на ретиноична киселина, а третиноинот(ATRA - all-trans retinoic acid) е форма на активен метаболит на ретиночината киселина. По таа логика, и двата(адап. и изотрет) би требало да поседуваат анти-ејџ способности, иако денес тие се користат најчесто за лекување на акни и/или хиперпигментации во топикална или во орална форма(за изотретиноионт како роакутан)бидејќи најголем дел од истражувањата спроведени за овие две соединенија се во таа насока. Морам да напоменам дека, изотрет како гел Третин има "посилно" дејство од адапаленот, а нешто посуптилно од третиноинот како Аирол, затоа изотрет се користи и во орална форма, бидејќи е посуптилен од третиноинот, а воедно е понова формулација и нема толку несакани ефекти перорално.

    Во однос на достапност на Аиролот не сум најсигурен, но како да разбрав дека е повлечен од Европскиот пазар(мислам кај нас од грчки производител беше) заради нова формулација наскоро. Доколку не можеш ни таму да ја најдиш, би те советувал да си продолжиш со Третинот, подобро нешто, отколку ништо. На крај краева, советувај се и со дерматолог, види шо ќе ти речи.

    П.С. Мислам дека во Турција и некои др европски земји има третиноин ама под друго заштитно име, а во Грција мене ми кажаа дека во некои аптеки го прават како магистрален препарат, но само со рецепт од лекар, е сега најубаво е да прашаш дали можи и без рецепт доколку си во можност.
     
    Последна измена: 20 октомври 2022
  11. Aquanalia

    Aquanalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба помош.
    На лицето, особено на челото имам затворени пори, онака полно како со бело. Често, од нив ми излегуваат и акни.
    Лице мијам со гел Балеа Мед и користам Нивеа крем. На акни и цинк крем кој ги суши.
    Дали може да ми препорачате нешто за чистење на порите затоа што мислам дека од нив ми излегуваат акни.
    Пред еден месец лом бев, сега е подобро но сепак ги има.
    Со хормоните и на гинеколог е се во ред, така да претпоставувам дека се од затворените пори.
    Однапред ви благодарам:)
     
  12. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Aquanalia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nicho123

    nicho123 Нов член

    Се зачлени на:
    27 септември 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Koj dermatolog ti gi preporaca i od koja apteka gi zimas?
     
  14. Butterfly522

    Butterfly522 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Дали има барем едно позитивно искуство некој да сподели дека по прекинување на било која контрацепција акните не се вратиле?
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски

    Јас :)
    Имав акни 7 години се борев со акните. Кога почнав со терапијата веднаш исчезнаа уште првите месеци (1 година ги пиев ) и од тогаш веќе 15 години се немаат појавено.
     
    На Butterfly522 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.311
    Пол:
    Женски
    Блазе тебе, мене ми се вратија во полоша форма после прекинување :sweat:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    1.667
    Каква терапија?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Јас повторно почнав со исфрлање на млечните производи. (шекер и транс масти). Резултатот после една недела е WOW. Пијам многу вода и спијам повеќе(барем сега кога сум без работа). Лицето ми се смири и се исчисти, структурата ми е помазна, изгледа Plump, порите изгледаат почисти и не се мастат до толку многу. Истиот експеримент го имам правено и оддамна и тоа на подолги стази(6 месеци и 1 година). Тогаш немав некоја skin care рутина, сега имам специјална рутина и плус тоа со исхранта, спиењето и водата, дава МАX реултати. Планирам да почнам да вежбам и да се потам, тоа ќе биде плус реновирање за кожата. Проширените пори се најголем резултат на млечните производи кои најмногу придонесуваат за мастење на кожата, а тоа доведува до акни и зголемени пори, лачење на вишок себум.

    Не може само со тоа да ги чисти порите скроз, си треба двојно чистење, како на пример мицеларна или маслен чистач пред гелот. А, овој гел мене ми го пресуши лицето што не е добро за порите.
     
    Последна измена од модератор: 22 октомври 2022
    На Aquanalia и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.672
    Пол:
    Женски
    Што да кажам, штета.. :(

    @Amelia пиев апчиња Diane 35
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    8.696
    Пол:
    Женски
    Јас имам комбинирана кожа. Мрсна т зона и многу суви образи.
    Мене од Нивеа ништо не ми одговара и одамна ги баталив. Дури и полошо ми правеа, катастрофа ми беа.. Мрсната кожа уште позатната, сувата ненахранета ми ја правеа. Полна бев бубулички.
    Честа хигиена е најбитна.
    Најмногу ми одговара за миење сапун на Еуцерин или Ассо со 5.5 ph двапати на ден, сабајле и навечер. Ова ми е илјада пати подобро од гелови, пени и сл. Мислам се имав пробано пред сапунот.
    Ако користам шминка (сега не користам воопшто) прво бришам со млеко за лице, па со тоник за нормална кожа (биотен моментално зашто нема голем избор на пазарот. Порано користев Гарниер и Лореал). Тоникот за лице секогаш го бирам да е за нормална кожа зашто содржи алкохол и за мрсната кожа тоа многу ми годи. Тие за сува кожа немаат алкохол и после нив мрсната кожа е дупло помрсна. Читам состав кога бирам тоник. Мицеларна не ми врши работа, не ја користам.
    После тоа нанесувам ноќна крема за да се нахрани кожата.
    Ако не сум користела шминка дента тогаш само мијам со сапунот што ти го спомнав (дури и очите на затворено со сапун ги мијам двапати на ден) па ставам ноќна крема.
    Вишокот од кремата наутро го мијам пак со истиот сапун од ставам дневна крема. Обавезно со СПФ.

    Со кремите мора да пробаш.
    Некои и мене ми затвараат пори. Некои ми прават бубулички на сувиот дел. Засега ми одговара Лореал, зиаја или биотен.
    Искрено јас секогаш пробувам тестери од кремите (прво на рака на понежниот дел од внатрешниот дел на раката) зашто и од иста марка може дијаметрално спротивни реакции да имам. Не секогаш ми се тие креми означени како за комбинирана кожа најсоодветни. Обично тие според возраста што се означени ми се најпогодени.

    Пази и на исхраната.
    Мене ми смета мрсна храна како кашкавали, полномасни млечни производи, сосови и храна со хидргенизирани и заситени масти (пр. мајонези, маргарин, чипсови, прженици и сл.) Одма некоја акна ми искача кога јадам џанкфуд.

    Не се фалам ама стварно многу жени ми имаат забележено дека имам чисто лице и кожа без некои поголеми недостатоци и дека за годините (42) личи помладо, па ваљда не грешам.
    Мислам дека е најбитна редовната хигиена, добро чистење на лицето и потоа прихрана на кожата.
    Еднаш неделно после туш ставам хранлива маска и тоа е се..

    Леле само што пишав и јас за слично искуство.
    И точно е и тоа за вежбањето.
    Помислив да пишам и за тоа. :D
    Не само што со потењето се исфрлаат токсини од телото преку кожата туку се подобрува и циркулацијата. Не само на телото туку и на кожата.
     
    Последна измена од модератор: 22 октомври 2022
    На Aquanalia и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.