Да се надоврзам на овој мој пост, па можеби на некој да му помогне. Значи Сона крема, не одговара на секого. Еве кај мене таков беше случајот. Отакако прекинав да ја користам лицето ми се исчисти скроз, немам ниту една активна бубулица, останаа само флеките . А што беше проблемот што лицето пред 3 месеци толку ми се исфрли, се уште не дознав, хормони и тироидна проеверени и во ред. Се надевам никогаш повеќе нема да се повтори. Сега продолжувам ПРХ пилинзи за флеките и се надевам се ќе се среди и ќе можам без пудра да шетам.
Женски здраво, во последно време многу гледам за оваа комбинација ( како на првата слика ) за проблематика со црнки, whiteheads и општо за мрсна до комбинирана кожа. Што мислење имате за ова кремче од La roche, дали треба воопшто да го користам и дали го има кај нас да се купи, или евентуално замена некоја. ( во зегин го нема)
@blessed.an Дали можеш кога ќе бидеш слободна да ми пишеш ЛП? Сакав да те прашам нешто во врска со рутините од coslovemetics
Прв пат слушам дека се за тоа. Јас за синуси ги користев, знам и за отоци се ама за акни некако што знам.. Па види околу кој период е. Ако е во овулација, ПМС нормално е.
Црвени многу ситни брунчиња имам на образите и изгледаат како црвенило. Што може да помогне, некоја крема или серум?
Јас ја користам кремата секоја вечер и толку ни една крема досега не ми го хидрирала лицето како оваа Пијам Роакутан лицето ми се лупеше страшно после недела време користење на кремава мене кожата ми се измазни,и не би ја менувала кремава Може не е хранлива незнам ама мене ми се погоди многу
Ти се погодила зошто си на роакутан и ти треба нешто за обновување на бариерата на кожата, затоа ти одговара. Одличен избор е за таа проблематика. Но не е крема што би се користела секој ден, густа е и не се впива.
Јас пак би ти ја препорачала оваа на Конопка да ја земеш. Одма ја смирува кожата , https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml Двете во Белина ги има и не е скапа , околу 350 ден е. Не кажа каква кожа имаш. Ако е нормална можеш и таа жолтата исто од Конопка да ја земеш. https://www.bellina.mk/p/497/soothing-krema-za-litse-za-senzitivna-kozha-50-ml Таа цицапласт е супер за осетлива кожа, ама е густичка и ако имаш комбинирана масна кожа ќе ти ја масти плус