Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Некаде пишува 12 месеци, но најдобро провери, на самото паковање треба да има ознака
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Мислам дека беше три или шест месеци ако зборуваме за тој на ординери.

    Имаш многу мрсна кожа односно acne prone blemish skin. Две во едно. Порите ти се многу видливи.

    Почни со гел за мрсна кожа како за почеток на true alchemy protein за да го намалиш себумот што го лачиш и воедно да ја хидратираш кожата.

    Потоа ќе земеш нијацинамид серум, хијалуронска киселина, потоа крема за лице. Ти ја препорачувам на Ла Рош ефаклар или ако ти е скапа од Натура Сиберика колекцијата со мед и тиква мат кремата ( одличен производ за оние со мрснс кожа), и крема со спф. Спф кремата може да биде било која, но внимавај да не е премногу густа бидејќи нема да ти легне.

    На мрсна кожа одговараат лесни креми кои веднаш се впиваат.

    Навечер ќе користиш салицилна киселина и хијалуронска која потоа ќе ставиш крема можеш таа од денската рутина,а можеш да си земеш и друга.

    Важно е редовно да ги користиш,малку да отстапуваш ден два за хидратантни маски, можеш да земеш исто така рол он мини стикче од Белина со салицилна киселина што се нанесува директно на акните.

    Мора редовно да се одржува лачењето на себумот не може вечно да отстапуваш од одредена храна.
     
    Последна измена од модератор: 2 јануари 2023
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.637
    Допаѓања:
    106.668
    Пол:
    Женски

    Имаш ли испитувано хормони, тироидна жлезда? Ако се хормонски акни со препарати ништо не правиш
     
  4. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има пробано онаа метода со масирање на лицето со лед за да исчезнат црвените брунчиња и да биде мазно? Имам видено неколкумина кои пробале и се задоволни.
     
  5. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    Внимателно со ледот. Да не ставам овде слики од нет, ама многу девојки си направиле и ice burn/cold burn на лице со триење на коцки мраз. Звучи апсурдно, ама постои. Во најлесна форма, изгледа како сериозно вцрвување на лицето. Побарај на нет и прецени сама.
     
    На _beautyy_ и pdb123 им се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Често го правам тоа, го освежува изгледот и подочнаците ама нема некоја разлика во текстурата на кожата.
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Се' земам до резерва и затоа прашав и овде. Може некогаш ќе пробам ама не пречесто. Баш ќе побарам да видам, а до сега видов многу позитивни коментари.
    Не ми е многу осетлива кожата па затоа и сакам да пробам вакво нешто. Инаку, благодарам.
    Колку пати неделно правиш масажа со лед и дали имаше некои проблеми?
     
  8. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски

    Порано кога беше потопло правев секој 2 или 3ден и немав проблеми, преку зимата не го правам, немам навика дека ми е ладно.
     
    На _beautyy_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    117
    Жени help
    На лице почнав да ставам крем со SPF Factor-Еуцерин и на лице ми се појавија мали мозолчиња.
    Како да го ичистам,како да постапам?
     
  10. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    И мене исто ми се случуваше од Oil control, прекинав да го користам и се повлекоа.
     
    На Aerodromka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    20220726_095423.jpg 20230102_141452.jpg
    После долг период оваа е мојот резултат
    Сега сакав да ве прашам за овие флеки дупчиња дали има некое решение или ке морам со третмани
    Секој совет ми е добредојден
     
    На Lollipop_123, buba4e89 и Butterfly522 им се допаѓа ова.
  12. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    117
    Ke moram da najdam drug nacin na razubavuvanje.Maskara mozda samo:)
     
  13. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е тешко да споделиш како го постигна резултатов? Слично ми изгледа лицето, но само едната страна
     
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски


    Ц витамин да убациш во секојдневната рутина, за избелување и намалување на отворените пори. Но, сепак плазма лифт би ти препорачала, за избелување на лице, флеки од акни. И дермапен за намалување на видливоста на порите, исто и за избелување.
    До тука штом си дошла, добро е. Си ги средила акните, но за жал освен што се сами по себе проблем додека ги има, оставаат и видливи траги ( флеки, дупчиња...) Сега само третмани и ако редовно ги правиш за отприлика 1 година ќе бидат избелени и намалени дупчињата/флеките.
     
  15. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    3.855
    Како иде процесот за земање брис од акна?
     
  16. scarlet☺️

    scarlet☺️ Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со кремата за лице pantexol?
     
  17. boki11111

    boki11111 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, барам Акнефуг oxid wash со бензоил пероксид и неможам да го најдам а само тој ми помага на моите акни. Дали имате некој предлог за друг продукт што би можел да ми помогне? Ви благодарам.
     
  18. skincarelover

    skincarelover Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Добронамерен совет за тинејџерките кои што го читаат овоа и се уште немаат толку комплекси со лицето. Прво најубави сте какви и да сте, а уште поубави доколку се грижете за вас психички и физички. Имам пречисто лице бидејќи почнав со рутина од мојата прва менструација т.е 11 години, и сакам да ви кажам дека она што вие го конзумирате, тоа станувате. Се ви зависи од исхраната затоа внимавајте на неа(да не бидам тука нутриционист, доколку сакате совет ЛП) внесете повеќе витамин А, миете го лицето не повеќе од 2-3 пати дневно и тоа препорачливо со некој производ со нианцимид. Користете витамин Ц серум после миење, исто така е и добра подлога за шминка (замена за прајмер). Не го оставајте лицето суво. Користете СПФ секогаш но да не ви биде некој премногу тежок. За мозолчињата и црнките ви препорачувам салицилна киселина, наутро и навечер мачкање. За подочњаците апсолутно кофеин 5% на ревокс( недела дена и чуда прави), немојте да ги стискате вашите мозолчиња никако, а доколку имате хиперпигментација на кожата почнете со користење на некои нежни креми од Балеа и Алверде (вегански да бидат) . Мијте го лицето исклучиво со топла вода за порите да ви се отворат и убаво да го исчистите. Немојте да се стресирате, бидејќи стресот многу се покажува на вас. Внимавајте на шминката која ја користете да не биде со поминат рок. Редовна ексфолиација на лицето напр на 5 дена со шеќер и мед и малце вода за мртвите клетки да паднат.Доколку сакате подобри веѓи и трепки слободно со рицинусово масло, а за коса во жешка вода ставете неколку гранчиња рузмарин и после бањање истурете на косата, не мора да миете подоцна но мора да го искористите во рок од 3 дена и да стои во фрижидер бидејќи развива бактерија. Најосновни совети кои ми помогнаа многу, доколку треба помош на некој, тука сум за вас.
    Тоа што е добро за мене не мора да значи дека е и зс некој друг така да ве молам внимателно, можам да препорачам добри производи да не се со астрономска цена.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    На 11 години со јаки серуми?

    Премногу рано..
     
  20. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Бидејќи никој не ти одговорил, со чепкалка долга ќе ти ја стиска акната за да се земе примерок, тоа е колку што се сеќавам а одамна беше.