ја го ставам на цело лице пошо лимонот суши и го обелува лицето акните ги суши флеките ти обелува и не го мијам ставам на вечер на чисто лице и сијам со него
И јас исто така.Навечер кога ставам не го мијам.Наутро секако дека ке се измиеш дури и да не си ставила лимон А ако ставиш преку ден а треба да излезеш од дома најдобро измиј го бидејки ке мирисаш на лимон и плус кожата некако ке ти биде по крута. Мене многу ми помогна.Лицето ептен беше ми се нафрлило и ставив 2,3 пати и ми се исчисти
фала за информациите за лимонот ај баш ке пробам оти имам прочитано дека се става лимонот ама само пет минути да стое и после се миеш со млака вода а да стое цела ноќ немам никаде прочитано, а инаку за кремите од сашо и јас еве ги користам само 2 дена а ги зедов пред 1 месец и никако да почнам да ги користам иначе го мијам лицето со сапун бекутан и додека се мијам многу ми е мрсен дури неможам ни да го отргнам а после тоа лицето ми е ептен суво и дури се лупи и како лишаи ми се прави , дај ве молам пишете како вие го користевте и дали сте задоволни од кремите ...... Еј девојки дали некој од вас ги има користено таблетите DERMABION
Сметам дека не секој препарат може да помегне на секого,може да даде и контра ефект,бидејќи кожата е многу чувствителна и на сите различна.Исто така многу си зависи до самата кожа, имам другарка која има ужасен проблем со лицето (исфрланоста),иде и на третмани по секакви салони,препарати незнам какви се не користи, но ефектите се многу мали.
Oва го прочитав пред малку и ми текна тука да го пејстирам Алкохолот во козметиката ја има лошата особина да го суши горниот слој од кожата, а во одговор на тоа таа започнува да синтетизира повеќе маснотии. И поради тоа се стига до контраефект – наместо проблемот да се отстрани, се задлабочува уште повеќе. Освен тоа алкохолот предизвикува појава на кафејави дамки по лицето.
Имам многу мозолчиња и страшно ме нервираат! Имам на челото, над ушите каде што ми почнува косата, на носот и околу него, на брадата абе секаде !!!!! И варам чај од камилица и после со памуче поминувам по лицето.. Ми помага малку по малку Аха и пробував со тоник ама уште повеќе ми се вцрвенуваа и воспалуваа па престанав да го користам а со камилицава подобро ми оди.
Леле овие кремите од сашо ама гадно мирисаат цел ден ме боли главата од нив, дај кажете што правевте вие ..........
Како што ти кажав , јас само ради тоа не можам да кажам дали имаат стварно ефект , не можам да ги користам секојдневно гадно ми мирсаат и тоа што сум бремена уште повеке ми отежнува, неподнеслива ми е мирзбата и ми се гади.Али како викаат ке си трпиш за убавина, јас ке почекам да се породам па ке издржам едно месец дена да видам дали има ефект , види и ти пробај нема решение за мирзбата тоа што е тоа, трпи за убавина вреди да се проба.
Мене па ок ми мирисаат, не е толку страшно. Инаку, да ви кажам јас мое искуство. Значи ако ги користите кремите, никако пудри ни ништо да не ставате на лицето. Какви ти лимони. Јас се зафркнав со тоа. Резултати се забележаа уште на 6-7 ден, и така јас жива среќна демек ајде ќе ставам пудра и ефектот ќе биде преубаво лице као сега исчистено малце. И ставање пудра, излегов се, и кога се вратив си легнав со пудрата на мене, што и онака е лошо, а не па кога користиш нешто и се лечиш. И сабајлето кога станав лицето црвенила. Како лушпи, ранички црвени. Значи, грешка голема што си легнав со пудрата. Затоа, стрпете се и не ставајте ништо додека ја користите кремата. Поминаа неколку дена па ми се врати лицето во нормала, ама Сашо рече пауза да сум направела од најмалку 10 дена и после пак да почнам. И ако немало ефекти ќе ми дадел друга појака крема. А упм, таман почна да се чисти и се зафркнав. Досега гарант стакло ќе ми беше лицето. Али ајде уште некој ден пауза, па пак почнувам. Ќе се навикните на миризбата, јас првиот пат ко ги мириснав си реков што е ова, ама кога почнав да ги користам дури почна да ми се допаѓа шо знам онака се навикнав, ок е.
Блазе си ти, мене од лосионов уште повеќе ми се исфрли лицто, а немав кујзнае колку акни, ама нели сите сакаме стакло-лице... А не да не ми одговараше на типот на кожа, немам поим до што беше, ама лицето лом ми стана после второто чистење со лосионов. И сега моментално лицето ми е во катастрофална состојба, ама ајде уште неделава да помине циклусот и би требало да се подзачисти. Почнав да го користам црниот сапун на Докторс и добро е, не ми се масти дополнително т-зоната.
Девојки дај ме молам помагајте не гледам никакви резултати од кремите на сашо, можеби е уште рано бидејќи 5 ти ден како ги користам и мислам дека повеќе ми се влошува состојбата дај ве молам пишете вие за колку време почуствувавте резултати бидејќи јас мислам ако не бива да ја прекинам до понеделник па дај ве молам кажете со да правам....................
На кожата на лицето не влијаат само препаратите кои ги користите, туку и исхраната и гените. Јас ете имам такви гени што ни во периодот на пубертетот немав проблеми со акни, митесери и бубулици. Отсекогаш сум имала многу чиста кожа. Но, сепак ја негувам и многу внимавам какви производи користам. Никогаш не штедам на производи за лице. Освен тоа, храната може многу да влијае на кожата. Познавам многу луѓе кои на пример од јадење мајонез или еурокрем, им се исфрла кожата. Јас практикувам барем два пати неделно пилинг на лицето, за да ги симнам сите мртви клетки од кожата. Ставам маска од Авон (таа со минерали од Мртво море) која прави детоксикација на кожата. Употребувам лосион и тоник за чистење на лицето, бидејќи имам комбинирана кожа. Никогаш не спијам со шминка, и секогаш ја вадам откако ќе дојдам дома, дали од факс, дали од излегување. Пудрата исто така влијае, гледајте секогаш да ви одговара на типот на кожата која ја имате. Не се препорачуваат течни пудри кои се на база на масло, така што прво проверете каков и е составот на пудрата.
Ако мислиш дека ти мириса ........................... не ти прија неможеш да правиш како што ти је кажано тогаш подобро не си се измачувај..................................... со лимуни камилици и правење како што на тебе ти одговара и не слушање нема да направиш баш ништо........................ затова батали и остави девојче. това ти је мој совет
Не знам јас што да му правам на моево лице, се насоки мења. Една недела ке ми е мрсно, наредната ке ми се исуши, третата кожата комбинирана ке ми биде, четвртата ке ми биде нормална кожата ама ке ми излезат мозолчиња. Има и недели кога лицето ми е фино и чисто. Ама се што е убаво кратко трае. Е сега не можам за секоја недела нови препарати да купувам. Се надевам дека ке се смири.
Девојки ми треба совет! Ми се направија многу мозолчиња на лицето и не знам што да ставам да ги снема користам маска од глина од авон, пилинг за лице и го чистам со млеко од Гарние за чувствителна кожа.. Но мозолчињата никако да поминат, напротив- ги има се повеќе Што да правам??
Јас ја користев маста на чичко Саше. Се мачкав со неа 20 дена. Наутро го миев лицето со сапун од катран и се мачкав со зелената маст, ја држев еден час и потоа само ја измивав и толку.Навечер исто со сапун и тенок слој од кафеавата маст. Пудра ептен морав да си ставам и тоа само 2 пати. Некои одушевувачки резултати немаше, само повремено лицето ми беше почисто и толку. Не најдов спас ни во оваа маст-барем јас.
Више недела дена како пред спиење и сабајле го мијам лицето со сапун за лице и глеам подобри резултати, па планирам да продолжам така. А патем обавезно користам Нивеа софт шо ми е за секој случај да не ми се суши од сапунот .