Да, јас нијацинамидот и ретинолот го земав денес, тие ми ги предложија од yeppeuda ќе ги пробам и ќе пишам
Видов слика од нијацинамидот и ретинолот рутина од една девојка, пред и потоа, изгледаше перфектно. Ајде пробај па пиши после 7-10 дена Од ДМ ги зеде или онлине, и дали ти ги предложија како рутина таму? Како оди процедурата? Која цена се?
Важи обавезно од yeppeuda ми ги предложија им праќав слики ми рекоа ретинолот два пати неделно навечер , а нијацинамидот од 20% , наутро и деновите кога нема да користам ретинол. За цена не се сеќавам ама на попуст се
Подобро земи серум поконцентриран и побрзо ќе видиш резултати него тонер што е најслаба верзија тоа е мое мислење. Тонерот тој е во ред ама ќе треба многу време за да видиш резултати и ако ѓи приметиш.Подобро ти е нешто што ќе ги исуши уште повеќе бидејќи тие се тешки за тргање.Можеш и со спот третман со benzol peroxide или sulfur gel или серум со аха например
Јас им пишав пред некој месец бидејќи ги барав низ Ист Гејт, ми рекоја дека се само онлајн моментално
Не сакам серум бидејќи веќе станува топло во Малта, лани цело лето со тоник го минав со сацилна киселина и ми беше ок лицето, овие ми се појавуваат околу носот и брадата особено во лето кога ми е помрсна кожата.
Не знаев дека си таму , па добро тогаш тонер е подобро тоа секако.Нормално е во лето на сите им се појавуваат само треба да ги третираме.Провери си ги и продуктите што точно состојки имаат внатре за летно време да не се многу тешки .
Не знам што да правам, го порачав овој сет исто така. Сакам и нешто за преку ден малку да сменам рутина. Не ми смета витамин Ц за преку ден ама не секој Витамин Ц ми одговара.
Пробај нешто ново како церамиди,транехамична,азелаична или зависи што сакаш да додадеш и за која намена .Тоа се за денска варијанта би ти било одлично ама пак зависи што сакаш да постигнеш денски . Тој тонер го фалат дека е лесен и вака по состојки океј звучи, се надевам дека цел сет ќе ти се погоди.
и јас сакав баш за истите да прашам. Сега се трудам да сменам рутина и да испробам нешто ново и се мислев дали да почнам со овие производи или на Eucerin производите. Совет?
Еуцерин 90% од производите само името им го плаќаме, се што имам пробано сум се разочарала, освен спф кремата за масна кожа(дури ни таа не остана достојна до крај ) Подобро пробај со Nacomi, другарка ми почна рутина со нив и за брзо забележа резултати.
Некоја да користела козметика Mol&B и да сподели искуство? Било каква крема, или гел за миење лице, небитно, размислувам дали да пробам
Го имам користено тој на биодерма, составот е добар , не ми ја сушеше кожата, не пени многу , ја смирува кожата ама за таа цена не помага толку многу , на оливал од смил е многу подобар за проблематична кожа е околу 350 ден нема да се покаеш пробај, ги има во ДМ, природна козметика е.