Искуства со avene cicafalte за оштетена кожна бариера со црвенила поради претерано користење активни препарати ? Засега ја користам cicaplast, но ме интересира за avene.
И јас го имам користено, ми помогна и мене меѓутоа ако се постари флеки треба повеќе време да се користи , барем 3-4 месеци континуирано за да има целосни резултати. Инаку корејската козметика генерално има многу добар состав и е многу ефикасна за разлика од некој скапи брендови како Биодерма Еуцерин итн.
За се си треба време кога се користи било кој продукт убаво си кажуваш. Нема резултати преќу ноќ , и тоа е сосема нормално си треба редовност и да си се користат работите точно и ќе се види полека полека резултати само кај секој е различно и сите различно реагира.Ја сум презадоволна од корејската од биодерма никад пак али la roche posay i vichy исто така се одлични за некои производи . Вака по состојки изгледа добра и дека ќе помогне со хидратација текстура ама не верувам за црвенило бидејки цинкот нема таква улога тука. Ако сакаш за уништена бариера оди на церамидите они се големи хидрататори и се направени за бариерата на кожата да ја смират и на некој начин да ја направат здрава и да нема никаква иритација.Ти треба јака состојка како нејзе да хидрираш и да ја храниш кожата да се врати во нормала и да ти биде здрава бариерата.
Јас користам ! Хаха си купив материјал 200 ден од гтц горе и си сошив две и ми е одлично , и за коса и за лицето Би требало за тоа е наменет само зависи колку длабоко ти се флеките,можеби ќе ти треба повеќе време за да видиш повеќе резултати
Ми треба мислење. Имам мрсна кожа склона кон акни и повремено црвенило. Сакам да купам пена за лице, но не можам да се одлучам која? Афродита (young&pure) или пената на Оливал? Мислење?
Не знам дали прашањето е за тука... Дали имате користено нешто од ова против акни? И дали ви помогнале?
Прочитав дека стварно помага ама дека не е за секој дневно бидејќи ја суши многу кожата а се гледа и по состојките. Нека ме поправи некој ако не е така сеуште овие работи ги дознавам .
Друг Holy Grail производ кој нема да го сменам доживотно, крем пената за миење лице од Mary & May. Чисти како сапун, скроз темелно, со многу мала количина како зрно грашок, а прави кремпена ненормално многу, сепак лицето го остава тооооолку нежно и меко, ЧУДО, медицински феномен . Одлично за масна и сензитивна кожа, серумот тек двапати го имам користено, а маската со зелена глина вечерва ќе ја пробам. Конечно си го најдов совршеното средство за миење лице Дали некој ги има користено овие тонери? За пурито читнав овде незадоволна клиентка, за другиот не знам? Пурито според описот ветува се што ми треба, а девојката во мислењето имаше пишано баш спротивно од тоа.
Јас го користам на пурито тонерот и сум презадоволна. Имам сензитивна кожа со неколку делови склони кон првутење. Одкако сменив рутина, во чиј дел е и тонерот, кожава ми доби сјај, хидратација и мекост. Мирисот е ок, мало количество одлично се размачкува на лицето и делува меко, пријатно. Немам никакви иритации, супер е.
Од маски до со зелена глина од Лореал сум ептен задоволна, а обас сега ветува многу, на кословметикс на сајтот прочитај. Па ќе видиме дали ќе испадне така. Јас кон зелена козметика се обраќам веќе, летна пауза од киселини Мене во последно време лицето ми е вцрвенето и осетливо, ако ме гледаш по сликите. Чудно не знам до што е, многу сум нежна со него А, друга членка имаше пишано дека и она имала осетлива кожа и дека од тонерот уште толку и исфрлило лицето. Моите тонери се со салицилна киселина, гликолна киселина и млечна киселина, сите ми се некако тешки иритантни, затоа сакав да сменам во нешто многу хидратантно. Да го нарачам значи
Ја ги користам овие три. Од пурито го купив прв и сум презадоволна, одлична хидратација. Тој од rice ми е ок, ама имам чувство дека треба многу поголема количина д нанесам за да се добие истиот ефект како останатите. Дефинитивно сум воодушевена од Cosrx па покрај линијата со полжав решив да ја пробам и линијата од прополис. Два пати само го имам пробано но одличен впечаток, без иритации, одлична хидратација и за нијанса полесен ми се гледа од пурито. Па ќе продолжам наутро со Cosrx навечер пурито. Јас барем одлично реагирам на сите три.