Јас денес ова го купив: суспензија за акни и мозолки, се користи два пати дневно наутро и навечер. Од вечер почнувам, па ќе видиме резултати за неколку недели. Го има ли некој користено ова, да сподели искуство?
Па не знам, за секаква кожа ваљда, суспензија за мозолчиња и акни е, се нанесува на местата кај што имаш акни. А инаку го купив 840/850 денари така нешто, не знам точно колку, побарај го во аптека, го имаат. Сеуште не знам дали е добро, т.е. дали делува.
Јас имам крема од Др. Волф само е во туба, не е како маст туку е потечна со овошна киселина и многу ми помогна, овие 2 месеца како ја користам лицето ми е чисто а бев прилично нафрлана. Јас го нанесувам на целото лице и беше околу 2000 денари, не е истото ама е од истата линија најверојатно. Во секој случај задоволна сум. Едит: еве ја
Ископав во темава на пар места препорака за Бореаде крем и гел за миење, ама има доста од постовите поминато па да не цитирам, може ли некој подетално да ми каже за колекцијата, што ги има користено? И цена можда?
најдоро е да истолчите еден аспирин да исцедите еден лимон и една краставица и да измешате потоа го ставате на лицето и седиш пола саат после се миеш и ставаш крема многу помага
Јас порано имав вакви проблеми, колекцијата од авене против мозолчиња и мрсна кожа меме многу ми помогна, сепак се зависи до типот на кожата, најдобро е да се советувате со дерматолог, мене овие креми ми ги препорача анчевски, и многу бев задоволна.
Само што си купив Гарниер Пјур Активе ролон. Ќе може ли да ми кажете колку пати на ден да го нанесувам и кога??? Однапред фала!
Мислам дека суспензијата што ја купив делува Знам, рано е да се каже, ја користам само 3-4 дена, но забележувам дека ми се нема појавено ниту една нова акна, а оние што ги имам ми се чини како побрзо да созреваат, односно ги гори некако, не знам точно да објаснам, но чувствувам промени . Се надевам дека ќе ми помогне целосно да се ослободам од акниве.
Добро како да се ослободам од мрсна кожа? Чиста е за чиста ама ми сија челото и само челото, многу ме нервира.
Е и јас го имам проблемот само што јас немам мозолчиња ич,ама имам многу црнки кај носот а дрите делови образите целото немам ништо е сега проблемот е како да ги отстранам?Користам Clear and clean(neznam како се викаше американски пилинг)го нема во Мк јас кога одам си зимам а некогаш и вујнами ми прака од Америка.Но има ефекти кога само тогаш пр таа ден ке си го исчистам и тогаш е чисто без црнки а наредната ден пак иста песна BTW еднаш неделно треба да се чисти! ДЕ кажите нкој крем таму било шо против црнкии
Не употребувај пудри кои се на база на масло, туку земи некоја за мат изглед. И потоа врз течната, стави камена или пудра во прав.
Малку глупичко прашање ама ме интересира дали може да ти биде чисто ако не користиш ништо ни за хидратација, ни сапун, ни лосиони ни дневни/ноќни креми, ни пилинзи, ни маски, освен вода? Можда малку потешко дека ќе биде чисто, ама ме интересира дали има некоја што не му става ништо, само го мие со вода, а пак и е чисто? Или тешко дека ќе се најде некој таков?
Јас би ви препорачала миење на лицето само со чиста вода,без сапуни и други сретства.Лицето ми е како стакло и имам сува кожа не користам ништо ,го мијам со ладна вода и користам крема за лице дове http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... F0L-adTCCn ,pozdrav
Имам неколку прашања до оние кој што ги имаат користено кремите од Сашо, јас ги користам веќе некое време дваесетина дена резултаи има се исчистив комплетно, додека ја употребував пудра избегнував ставав само камена и тоа само неколку пати. Сега сум во дилема дали да продолжам да ја користам секојдневно, прочитав овде некој ја употребувале потоа преку неколку дена,или да ја прекинам скроз. Прашањето до оние што имаат искуство дали некоја ја прекина тотално кремата и какви се резултатите потоа . Дали е паметно да се прекине одеднаш ?
Па има и такви нормално,познавам..ама доколку има некој проблем,јас мислам дека треба прво да се реши па потоа да се отстранат кремите,лосионите и сл. доколку нема проблем тогаш доволно е вода и крема и се разбира средство за отстранување пудра и шминка
Здраво Нумериа Јас ги имам користено и двете па можам да ти кажам дека Vichy Normaderm не ми помагна да ги отстранам флеките од акните. Додека пак Далтон кремот со овошни киселини ми ги исчисти флеките и акните што ги имав ми ги смири. Јас сум презадоволна Баш и на нивната страна пишува дека кремот е наменет за мешана кожа, кожа со зголемени пори, акни,кожа со лузни од акни и кожа со брчки што бара нега. Ти го препорачувам да го пробаш. Еве линк ако сакаш да прочиташ повеќе https://www.facebook.com/photo.php?...11685357.36955.150318478354017&type=3&theater
Мое мислење не престанувај уште неколку недели. Другата опција самата ја наведе, не ја употребувај секојдневно можеш со дистанца од неколку денови ( на почетокот секој втор а потоа на секој трет ден ) па така и подолго ќе ти трае на тој начин!