Прво и основно ќе те замолам да фрлиш се што веќе користиш, затоа што му правиш дополнителен проблем на лицето. Мислам дека од ова што ќе ти го препорачам лицето ќе ти се среди: Bioderma Sensibio розовиот гел за миење на лице - задолжително го користиш на вечер и на сабајле Uriage Bariederm - доколку сува ти е кожата, користи го ова за хидратација Bioderma AR - крема против црвенило ставаш над Uriage секоја вечер и утро Bioderma Photoderm AR SPF 50 - без ова не излегуваш од дома Знам дека е малку скапа целата рутина, но верувај дека после одредено време лицето ќе ти се среди.
Девојки имам комбинирана кожа со масна т зона, акни,црнки на нос и брада и флеки од акни,исто и порите ми се затворени. Ве молам предлог што да користам,сакам да почнам со овој гел,дали да го земам и овој серум витамин ц и што друго би ми предложиле? Фалаа
Можеш да ги земеш и двете креми ефаклар, едната со спф30 фактор за наутро а другата без фактор за навечер
Јас го користев во средно школо се до пред 2-3 години, значи имам искористено повеќе од 3-4 туби, од тој во тубичка земав, сега гледам и со пумпица има. Многу му беше добар се додека не почна да ми ја суши ептен кожата. Дури и шминка вади со нежни кружни триења.
За твојата кожа нема да одговара, дополнително ќе ти ја масти. Јас ја користев во бременоста и ми беше одлична ама јас немам проблеми со лицето, ми требаше само појака хидратација бјдејќи во бременоста кожата многу ми се исуши. Пробај и со корејска козметика, јас сум многу задоволна. Може да им пишеш на Coslovemetics за рутина.
Мене единствен и доволен red flag за да фрлам гел в канта ми е сушење, пецкање, иритација и црвенило. Не е за мене па макар и од најдобриот бренд нека е и сто пати нека пишува "for all skin types". Поготово што се користи 1-2 минути па се измива, за толку малку време ако реагира кожата, дефинитивно престанувам да го користам, пошто што фајде отпосле гелот ставање хидратантни серуми и креми, ако самиот гел "одмага" во хидратација на лицето. Поготово ако станува збор за мрсна, а дехидрирана кожа, а обично најзаебано е да имаш таква пошто некои состојки против мрсна дополнително го дехидрираат лицето. Моментално го користам овој на cosrx и не би го сменила, Спојлер после миење е мазно, чувството ми е ко да имам пречисто лице, мерак на допир ми ствара, а не е пресушено и воопшто не ми е агресивен гелот. Имам мрсна (не премногу) т-зона и умрени образи (не ми текнува поссодветен опис ) со акни и лузни на левиот, па ако некој се препознае во лицево, топло го препорачувам гелот.
Девојки кремава ја земав заедно со гелот за чистење. Дали се користи два пати на ден или доволно е само за вечер? Препорака ми е од аптекарката ме убеди дека е за акни и комбинирана кожа?
Цицапласт е за сува кожа ама ти можеш само директно да аплицираш на акните. За комбинирана кожа е целата линија на Ефаклар.
Ама ова таа шо го постира не е кремата туку гелот од цикапласт линијата шо можи да го користат и тие со мрсна кожа. Можи и два пати да го користиш, но наутро после ова да ставаш и спф. Ќе си видиш дали ти е доволно хидратантен, бидејќи според состојќите знае да ја суши кожата.
Девојки дерматологот ми кажа имало нов Сона гел кој се вика Сона ДУО Гел. Дали некоја од вас го користи и знае каде можам да го купам?
Девојки, доколку некоја од вас има потреба од крема со активна состојка третиноин, какви што, колку што знам, нема кај нас, би можела да ѝ препродадам. Татко ми донесе 4 туби од по 100 ml од Швајцарија со рок до јуни 2024 година, а бидејќи ја користам само на лице, нема шанси да ги потрошам сите туби дотогаш. Ова е конкретниот бренд и покрај третиноин, содржи и уреа и пантенол. Делува против акни, комедони и брчки со тоа што го забрзува обновувањето на клетките на кожата. Пред оваа крема користев Сона гел (адапалин), па се префрлив на третиноин, кој што е појак ретиноид. Инаку, тубите се неотворени, во оригиналната кутија, сосе упатство за употреба. Слободно пишете ми тука или во порака во случај да сте заинтересирани/имате прашања. Ѕирнав низ правилата за форумот за дали вакви постови се дозволени, но не најдов ништо. Секако, доколку се против правилата, ги замолувам модераторите да го избришат одговоров без да не ме банираат