@IamSexyAndIKnowIt за ова имаш право, јас неколку пати сум се прашувала истото , и до генетика е, што знам јас општо сум задоволна од лицето , е сега имам мали флеки уште од многу оддамна и ни еден серум не ми помогнал до сега, а сум користела серуми од најевтини до поскапи. Брчки немам , освен што имам една мамичка горе десно ама ептен ситна е и не се познава многу и изразени пори имам ама немам проблематично лице вака.. Јас побарав рутина од coslovemetics ќе земам се па ќе видиме дали ќе се подобри нешто во наредните месеци. Решив да не фрлам пари на милион производи , ќе земам тоа што ми препорачаа и ќе ги користам подолго време. А за тој серумит Моса, и крема ставам по него обавезно
За 1-2 години од било што може да ти се исчисти, а само со вода да го мијам лицето не функционира, мрсно е. Мора да се исчисти. Затоа имаш проблем со порите бидејки не си ги чистела. Дури и да ги чистиш редовно пак не е од којзнае колкав ефект, ама без ич уште полошо се затнуваат. Јас немам друг проблем освен со проширени пори дехидратација. И јас имам дадено рутина од кословеметикс ама уште не сум нарачала. Гледам дека многу добри резултати даваат по нет. Од оваа Магнолија само ми се израсипа лицето, све и свашта нуди, онака за 1 ден она не може се да испроба и да знае како функционира. За каква намена ти е рутината? Ај баш пиши за искуство те молам . Се надевам да ти помогне па и јас да се охрабрам. Со среќа и успех!
@IamSexyAndIKnowIt јас имам познаничка што цела година ја користеше рутината нивна што и ја дадоа од coslovemetics и лицето и е перфектно, останав без зборови претходно имаше брчки на челото, нерамномерен тон и се израмни и осветли лицево ,дури не ми се веруваше кога видов слики од пред и потоа. И многу други имаат пишувано резултати ама бидејќи ете ја знам неа, не е лага. И јас така ќе терам па ќе видиме. Јас за мимичката брчка на чело што ја имам не им спомнав, им праќав слики , а им спомнав дека сакам да ми осветли тенот на лицето и нешто за превенција од брчки да ми дадат, ми дадоа масло за двојно чистење, гел за миење, два серума, крема за очи , крема за лице,крема спф. И јас не сум ги купила уште а рутината ми ја дадоа уште од април,задутре одам за Мк па ќе ги земам веднаш. Ќе пишам секако само ќе чекам да помине некое време фала ти и тебе ти посакувам успех и ти ало пробаш нешто баш кажи
Јас го користев до скоро и кога се стопли почнав само него да го ставам навечер без крема, доволно ми беше убава хидратација дава, ама количински ставав колку крема, може да се користи и сам ако немаш потреба од дополнителна хидратација.
Ако праашуваш за кословметикс рутина даваат бесплатно. Колку ќе те кошта да ги купиш производите заависи што ќе ти препорачаат. Јас кога ги купив се на се 3800 ме коштаа 5 производи. Мислам дека има во анкетата кога се пријавуваш за рутина прашање "до која цена најмногу би одвоиле" и имаше опции, 3500, 5000 и 8000 ако не се лажам. Инаку, на лев образ 90% од акните ми се исчистија, е сега имам друга мака. На местото каде што имало акни, сега има како нерамна текстура кожата, како лузни. Слично ко на сликава, само помала површина е зафатена. Спојлер Што е најпаметно да земам за измазнување? Хијалуронска веќе користам, не помага за ова. Исто и ниацинамид ставам навечер. Се размислувам за пептиди, само сакам да чујам дали некој им искуство да препорача нешто, да не трчам да купувам што ќе ми текне.
Пептидите би требало да ти помогнат, а можеш после тоа да пробаш и со ласерски третман. Најважно од се е да биде постојано хидрирано и да не се пресушува кожата со миење. Јас побарав рутина за проширени и нечисти пори, дехидрирана кожа. Исто два серума ми дадоа, средства за двојно чистење, крема.. околу 5000мкд ме кошта. Чекам да ги дотрошам сите прдукти кои моментално ми се при крај и да ја нарачам рутината. Салицилна киселина серум 2% добив во рутината, мислам дека е клучен за порите. Фала ти.
само пептиди ќе ти помогнат и тоа серум земи. Бидејќи они се за потполнување текстура и дополнително за хидратација така да нема да те исуши . Овие се стварно многу добри ги викаат природен ботокс и слушам дека има задоволни од него така да би ти рекла пробај. https://olpeo.mk/product/ample-n-peptide-shot-ampoule-30ml/
Здраво девојки,сакав да прашам мислење за овој продукт од некој што го има користени?За каков тип на кожа е?И дали сте задоволни? Благодарам однапред.
Чим главна состојка е Чајни дрво значи дека ке исуши = тоа значи за мрсна и комбиниранс кожа ( не за сензитивна). Пишува и за проблематична ама јас не би за проблематикс бидејќи може да направи пресушување и контра ефект
Јас го користам, многу е нежен и чисти како сапун онака длабински, ептен малку ја пресушува кожата ако се миеш со потопла вода и ако долго време го масираш лицето. Прекрасно средство, јас имам комбинирана повеќе накај масна кожа и мене ми е топ. Најдоброто до сега.
Јас сакам да ве прашам околу рутиниве на coslovemetics, кажуваат наутро и навечер како и што да се користи, а измеѓу во текот на денот на пр. Се шминкам наутро за на работа и потоа ја вадам шминката со маслото па се измивам со гелот и ставам крема? Вие што ги користите рутините како правите
Мојата кожа е малку проблематична,на некои места доста сува,зависи на период.А и лесно ми се вцрвенува од прашина и нечистотии,па затоа ме интересираше мислење од вас.Или некој со сличен проблем па да ми понуди некое решение.Не е баш розецеа,ама на периоди ужасно ме чеша и се воспалува.
Исто е и кај мене со кожата. Немам проблеми со средството, многу нежно и длабински ја чисти кожата. Како крем пена е. Пробај го, нема да згрешиш. Само не го миј лицето со топла вода, повеќе накај ладна нека биде, млака. И не притискај силно додека со кружни движена го миеш со средството, тоа е многу важно за кожа како твојата.
Срам не срам ја сум таква, нит користам нешо, крема никаква и го мијам со вода и сапун, некад и со влажни марамчиња бришам пудра оние за раце и мука неам. Сеа порцеланско не баш ама коа ставам пудра и тоа од онаа најлесната шо не е ни пудра туку бб крем колку да покрие нешто, тогаш нормално се издначува тенот и кадифена и мазна ми станува, лично задоволна сум. Коа користев Бекутан крем исто топ ми беше лицето, ептен ми пријаше. А имам мрсна Т зона, коа ќе станам од спиење мислиш зејтин има истурено ама добро што не ми е проблематична кожата, акни само у пубертет имав, а сеа пред циклус знае да ми се јави по некоја. Да, генетика е секако и мајка ми нема проблем со кожата на лицето и за годините супер и е, а исто не користи препарати. Него, доста се фалев, што мислите, треба ли да почнам нешо да користам? 24 имам, брчки се уште немам фала Богу никакви ама сепак може треба веќе нешто да се користи, колку за превенција па и за поголем сјај на лицето и уште помазно и почисто да ми биде, да го освежам малку. Вие глеам цело богатство трошите на skincare, алал да ви е колку сте и упорни и посветени, цели ритуали си имате, ова за мене е мисловна именка, сериозно неам појма на оваа тема, а мислам редно е малце да се запознаам и јас. Ако може некоја нека предложи нешто.
Ако имаш генетски убава кожа, користи си СПФ преку ден, навечер хидратантна крема и Ц витамин, за да си ја задржиш убава кожата. Ама избегнувај сапун, кога тогаш ќе ти го пресуши лицето, мастењето на Т зоната наутро е само еден можен знак за пресушување на кожата. Користи си некое нежно средство за миење лице, од аптека некое кремасто средство што не содржи сапун, алкохол, парфеми и чајно дрво. Ќе ти предложат во аптека, има доста на Ла Рош, Cera Ve итн.. На olpeo.mk имаш добри на COSRX https://olpeo.mk/product/cosrx-hydrium-triple-hyaluronic-moisturizing-cleanser/ ова го имат спомнато во некоја тема, го чекам на залиха. Штом ти е ок лицето пази само да не си го пресушиш со сапун оти после тоа доаѓаат сите проблеми. Инаку мајка ми и татко ми имале чисти лица, скроз, и сестрите на мама. Кристал, барбики. Ама јас ете немам..акни немам ама проширени пори и те како, а за мрсно/дехидрирано сама си го направив дека и јас како тебе се миев со сапун како помала. И понекогаш и како возрасна се миев со dove сапун. Шеќерот е голем виновник за се што ми се случува со лицето, ама некогаш сакам да си пружам задоволство со благотии Имав период кога не јадев ништо благо ништо млечно ништо мрсно, пиев многу вода, тогаш лицето ми стана кристално чисто и мазно, ми се намалија проширените пори, ама сега ми е тешко да го правам тоа, работам на столче пред компјутер и само нешто ми се јаде. Понекогаш правам чистка на организмот, се испазувам скроз, ама после некое време се враќам на старо се додека еден ден не се убедам стварно да почнам со скроз исфрлање на шеќери и да си го вратам лицето во нормала. Оти џабе сите пари шо ги давам по skincare. Во последно време почнав да користам спреј со активен кислород, и гледам промени во однос на хидратацијата и освежувањето на лицето. Убаво ми делува мене, ем разладува и освежува, ем хидрира и уништува бактерии. По секое миење се прскам, а и онака преку ден. Многу брзо делува и помага и при убоди од инсекти или црвенила и чешање. Магија во шише. Околу 300ден во Зегин и во ДМ го има. Друго и МНОГУ ВАЖНО што морам да споделам е дека навлаката на перницата за спиење е од голема важност за одрживање на хидратацијата на лицето. Кога спијам на обична памучна навлака, џабе сум правела вечерна skin care рутина кога целата ми се лепи и трие од перницата и наутро се будам со бршки и пресушена кожа. Кога почнав да спијам на САТЕНСКА навлака, се е подруго. Не ми се познаваат оние ситни линиички како знак на пресушена кожа, а и косата ми е по уредна кога се будам не само што лицето е по хидрирано. Плус преубава за во лето, нонстоп ладна и удобна. Многу е важно да не се трие лицето од навлаката за време на спиење за да остане хидрирано и да се задржат сите состојки од рутината. Ете јас имам навика на страна да спијам затоа морав да земам сатенска навлака. Не сум дерматолог или нешто слично, ама од сопствена напатија си споделувам искрено лично искуство.
Да, ќе мора СПФ убаво викаш, поготово сеа у лето, знам дека и у зима се користи. Не сум користела, ти викам од препаратива ништо тоа бебешката крема секако не ја рачунам, а креми со СПФ само крем за сончање, и тоа не ставам на лице, на тело само се мачкам. Чудно ми е како не горам на Сонце, а баш блед тен иам. Не, не користам секогаш сапун, повеќе и само со вода се мијам, а ова со мастењево на Т зоната, да, насабајле е најизразено ама па и у текот на денот, шо знам сува не ми била никад ама шо викаш може и да стане затоа треба да се внимава. Фала ти за предлозите, ќе разгледам, се заинтересирав, сега неам проблеми ама за некоја година од кај знам дали исто ќе биде. Епа тоа е, може си фатила некој ген од некого што имал проблематична кожа ама добро што у денешно време има преголем избор на козметика и секој може да си најде по нешто и да го среди лицето, само упорност и редовно нели да се употребува и се ќе биде како што треба.
Тоа со мастењето сфати си го како сериозно да престанеш да се миеш со сапун, можеби сега не, ама за 1,2 или 3 години ќе осетиш. Купи си соодветно средство и мирна глава. СПФ ставај си и на лице секогаш, сега зашитити се додека е време, да не ти е мака понатаму да се прашуваш од каде брчки на 27год. Сончевите зраци и шеќерот како и пушењето цигари го уништуваат колагенот во телото така да мора да се штитиме цело време.
Фала за советите стварно. Леле не дај Боже брчки хаха. А глеам некои имаат и на мои години, па и помлади, дали не се негуваат дали генетика којзнае. Е да и исхраната битна е и те како, а цигари не пушам, неам ни запалено, алкохол не пијам. Уште со исхраната целосно да се средам и да најдам соодветен продукт ќе биде топ. Уште еднаш фала ти за предлозите и советите.