Јас ја користев, пишав во темата за црнки/пори. Нема никаков ефект за себацеозни филаменти. Ништо не вади. Ете сега прашина ми собира само. Не е скроз истата како таа на сликата, но и мојата е од abouther.
Здраво, сакам да прашам дали Аирол има во Мк моментално? Општо третиноин дали се наоѓа во државава или дали може да се нарача од некаде?
Здраво, јас имам акни на рацете не кокожја кожа туку акни и затворени пори. Имам и лузни на рацете од нив што би препорачале за проблемиве?
Искуства со рутина од елокси ? Бев кај два дерматолози бев на козметичар и сеуште ми излегуваат акни цели лице ми е со флеки , помош незнам веќе што да правам дали да пробам со нивна рутина ?
Провери хормони, смени нсчин на јсдење види нешто дс не ти смета, спиење обавезно. Намали стрес нервоза се тоа и активност. Пази што користиш и состојките внатре може и тоа да те исфрла. Кажи ми сега што користиш?
Проверено ми е се тоа е океј внимавам и на храната не се нервирам. Бев позитивна на бактерија staphylococcus aureus пиев антибиотик потоа беше негативно. Сега користам од козметичар што ми даде, Juliette armand е козметиката спф и clarifying active cream навечер , и лицето го мијам со olival од смил гел и млеко за отстранување на шминката, друго не користам ништо. Може да ти пратам што ми препорачаа од елокси и слики од лицето ако разбираш повеќе. Бидејќи не сите производи ми одговараат од магнолија што ја користев таа спф незнам дали од тоа беше ама лицето ми беше жар црвено и таа не ми помогна за жал па потоа отидов на козметичар се смири лицето сега немам црвенило ама акни и флеки многу ми остануваат после секоја акна.
Ќерка ми правеше на кожна клиника со упат од специјалист за уво нос и грло, мислам околу 80 денари плати
Здраво девојки. Јас секогаш имав проблеми со акните. Бев на дерматолог 2019та кај Др. Старова и терапијата делување, ми се исчисти лицето. Сега во последно тие креми не ми делуваат. Сакам да проверам хормони. Кои хормони препорачувате да ги проверам? Моментално имам акни и ме чешат, како на периоди се. Еве во слика ќе ви пратам моментална состојба.
Здраво девојки. Имам многу осетлива кожа на лице со акни. Но, немам мрсна кожа туку напротив многууууу сува. Сум пробала многу креми за хидратација и кога ќе ги ставам целото лице почнува да ме пече. Дали можете да ми предложите некоја хидратантна крема и дали некоја од вас има сличен проблем?
Јас да пишам еден апдејт во врска со рутината на coslovemetics, по месец и некој ден им пратив слики од лицето пред и после и има промена дефинитивно,повеќето од флеките се исчезнати а мислам дека најмногу од сите производи ми помогна азелаичната киселина на Geek&gorgeous. Исто така лицето ми изгледа свежо, сјајно, единствено порите си стојат ама секако не очекувам никаква промена на нив. Презадоволна сум и ќе продолжам да ги користам производите
тоа е добар ретинол ама искрено треба да се проба како е бидејќи до сега ниедно искуство не сум слушнал за него. Вака он си е јак ретинол се супер ама јас ќе си останам на бакучол и ретинал . Можеш крема со пептиди мене ме смирува и црвенило и акни а при тоа не ме пече. Да ми се случило од неколку креми таква реакција. Треба да ја најдеш состојката што тти одговара но и составот. Мене и оваа со ориз крема ми е најдобра посебно нареден ден кога ќе станам. https://olpeo.mk/product/mizon-peptide-ampoule-cream/ https://olpeo.mk/product/your-vegan-the-rice-bran-cream/
истото ми се случи. пред одмор бев на козметичар, стакло ми беше лицето, отидов на одмор после 3ти ден цела десна страна ми стана ваква, и ме чешаше поминати се 10 денс многу споро поминуваат + ми искочија и нови. Збудалев. Не живеам во мк во консултација со фармацефт ми рече да мачкам 4 дена кортико. Се подсмири, еве сеа на чело мсли ситни бубулички, се плашам некоја бактерија да не имам закачено на лицево. На 3ти ден од одмор ова почна. Никогаш не ми де случило ова.
Твои подароци со секое купување, без разлика на износот: Тестер / Дневна нега против загадувањето YVES ROCHER CITY MALL SKOPJE