Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Крем или било што за остранување на флеки од сипаници ? Само да не е Bioxet бидејќи пробав и нема некакви зачудувачки резултати ...
     
  2. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    pupi.girl како ставаш талог од кафе?..Мислам за црнките?Помага?И дали го ставаш на целото лице?Фала однапред!
     
  3. Crnokrak

    Crnokrak Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Да ми каже некој што има пробано некој лосион против мозолчиња... некој што помага и што ги суши брзо.... :)
     
  4. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Еве јас ќе ти кажам лосионот ХЛОРАКОЛ јас го користам и да ми помага.
    Но секако тоа зависи и до кожата ми имаат кажано дека на некое девојче му се направило лузна.
    Јас пробав видов и добро ми делува :)
    Можеш да го најдеш во аптеките,а и во обичните маркети цената му е околу 80-100 ден :)
    Поздрав и среќно :*
     
    На Tea1989, Crnokrak и Srekicka им се допаѓа ова.
  5. Tea1989

    Tea1989 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Me interesira dali vi se ima pojaveno nekoja gabicna infekcija na liceto.Prvo imav nesto vo vid na konce pod nosot potoa koga toa mi iscezna mi se pojavija trtki na celo lice i sega imam infekcija okolu nosot.Probav da mackam so kantarion,nistatin.Sega koristam krema od neven od Limes ama nekako ne mi proaga!Na liceto nemam bubulici ni crnki i zatoa sakam da go iscistam celosno!Ako moze pomos?!

    [mod-kirilica:3qz8e094][/mod-kirilica:3qz8e094]
     
  6. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Ја читав темава долго време и пробав со многу средства што ги видов тука, ама немав некој ефект. Имам не многу мрсна кожа, склона кон создавање акни, пред се пред да добијам. Единствено од што ми се исчисти лицето е еднаш дневно миење со Dove gentle exfoliating, чистење со 3% Хидроген (2-3 пати на ден) и нанесување на Becutan бебешка пудра на сува и чиста кожа :)
     
  7. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Немам акни,прилично ми е чисто лицето но :worried: ,со овие ситниве бубулички мака мачам.Особено сега,не знам што им стана.Значи челото ми е полно со такви безбојни ситни бубулички кои не се чистат,не се даваат.Е,како што реков не знам што му стана на лицево мое,имав две поголемки црвенки бубулички,ништо страшно ама јас не можев да ги поднесам и ги миев ама тие само се намалија,значи уште се црвенки,ама исушени и намалени и сега не си одат.Значи континуирано го мијам лицето со гел,2-3 пати неделно со пилинг и пак овие стојат.Не знам,вие чаре имате некакво :worried: ?
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Можеби е подобро лицето да го одмориш од секакви пилинзи и гелови, пудра и руменило. Еднинствено миј го со вода на сабајле и пред спиење ;)
    Мозолчињата можеби се причинети од воздухот, нечистотија...
     
  9. CinnamonGirl

    CinnamonGirl Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Деновиве во аптеките барав NeoStrata clarifying facial cleanser, но никаде немаат :( рекоа дека цената е околу 1000 денари.

    Користи ли некој редовно NeoStrata clarifying facial cleanser, да ми каже од каде точно ја купува? (чекирав во Еурофарм и Зегин)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Си го најдов лекот, арно викаат старите - лекот е без пари, само треба да го најдеш!

    Зборувам за маст од невен, ја приготвуваат во домашни услови, а мислам дека содржи мед, свинска маст и масло/нешто од невен.
    Некоја жена и' дала мала количина на мајка ми колку за проба, ама гледам дека ќе ми треба уште.
    Распрашајте се, сигурно постарите жени знаат како се приготвува, а барем сте сигурни дека ставате нешто на природна база на кожата.
     
  11. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    CinnamonGirl јас ја користам оваа колекција, но го ставам кремот за избелување флеки, и прекрасна е.Само од оваа колекција имам резултати, од никоја друга.Ја користам веќе 2 год. и задоволна сум. Прашај по аптекиве ако ја нема можат и да ја порачаат,јас така ја земам.Инаку скапичка е, мојот крем е околу 1100 ден,но си ги вреди парите. Колекцијата ми ја препиша дерматолог др. Дохчев, мислам дека не работи веќе во пензија е, имаше ординација кај храмот некаде позади,таму одев.
     
    На astra20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Од денеска па натака, почнувам со нова терапија за моите акни на лицето и грбот.
    Поизразени се на грбот, ама во последно време имав многу стресови, па ми се нафрли и лицето.
    Производите се на природна база, си ги нарачав од билкар.
    Човекот беше многу љубезен, ми кажа првите резултати да ги очекувам за две до три недели.
    Посакајте ми среќа и живци, ако има напредок ќе ве известам детално, а тука сум и по ЛП. :)
    Станува збор за Атанас Пчеларски - Струмјани
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Blondy90

    Blondy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    фобро а како да се нанесе лосионот дали после нанесување со остава лицето да се суши или се мие со вода?
     
  14. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Девојки здраво, јас се жалев во другата тема за како да се справам со нафрланово на лицево. Прв пат во животот ми се случува да се нафрлам со бубулици со гнојче на вилицата, брадата и на цела коска до увото. И тоа ми излегуваат големи! :tmi: А никогаш не сум имала проблематична кожа или слично. Си одев на козметичар на месец ипол на чистење, се додека не почнав мн да се нафрлам. Сакам да кажам дека многу се грижам за кожата-чистење шминка секоја вечер, користам убави производи, еве ставам и по скапа декоративна козметика, што навистина убаво ми ја прифаќаше лицето, никогаш не ми реагирало... Се сеќавам во прва средно -пред 5 години дека се нафрлав со ситни брунчиња на челото и отидов кај др. Дохчев и тој ми препиша Бореаде-шампонче за миење, Миноцин капсули, гел некој за акни од фитофарм и една маст-поим неам како се викаше. Тоа навистина ми помогна и лицево ми стана гланц.
    Веќе 3та недела изминува од кога си ја купив целата колекција на Еуцерин за кожа склона кон акни-Шампончето за миење, тоник и крема. Немам никакви резултати ;( -може само малце да ми се средени црнките али за бубулициве ама баш ништо дури и повеќе имам на моменти. А фукнав околу 2000 и нешто ако не и 3000. Бидејќи со шампончево сум при крај, сакам некој да ми предложи некое што е стварно добро! Вчера мајка ми повторно ми купи капсули миноцин па да видам како ќе оди. Исто ака вчера попладнето ставив и лимон-читав по фемина дека многу помага а навечер хидроциклин. Морам да кажам дека ми е многу по смирено лицево вака сабајлечки. Исто така мојата најдобра другарка мисли дека се нафрлам поради тоа што не сум имала секс веќе 8 месеци па јајнициве доле скокаат од хормони и свашта, али па да бидам искрена баш и периодот кога се нафрлив баш немав време за мастурбација или слично :rofl: али еве се трудам последниве две недели да поработам на себе барем 1 или 2 пати на ден- од кога почнав 2 пати сварно гледам дека нешто се мења а може да е и комбинација од све што правам! Може и да си ја убедувам самата потсвест и ништо од ова да не е точно али сварно сакам да се излечам! Што мислите вие? Фала ви!
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Неодамна прочитав напис дека создавањето акни е последица од недостаток на витамин А.
    Blaže forme se javljaju, ali one nisu specifične za sve ljude. Tako, na primer, nedostatak vitamina C može se ustanoviti ako osoba češće ima infekcije ili dok pere zube krvare mu desni, dok kod nedostatka vitamina A propada koža i stvaraju se akne - objašnjava dr Jakovljević.

    Но, никако човек не смее сам да земе да го надоместува витаминот кој смета дека му недостасува, туку треба да се провери со соодветен лекар и да се зема пропишана доза. Во секој случај, еве уште една насока, освен лосиони и она познатото, не мрсна храна, не чоколади...
    Се надевам дека ова ќе помогне некому :)
     
    На GreenEyedBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    По форумов читав за дерматологот Николина Лазаревска од Медикоз?Дали некој знае дали во Медикоз работи и д-р Гордана Самоникова?Какви се цените таму?

    До 20 години немав никакви проблеми со лицето,но потоа се вработив на шалтер со пари(најнечисто нешто) и лицето ми стана проблем.Ај што се нафрлам него после ми остануваат лузни од акните и флеки за кои ми треба долго време за избелување.Еден месец користам Неострата и доста сум задоволна,но сепак сакам да посетам дерматолог.
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Пред некое време користев едни производи, но сега не можам да ги најдам никаде. Моментално не користам ништо и лицето ми стана ужас. Ве молам препорачајте ми некој ефикасни, добри производи за чисто лице. :)
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^ Па ако ти е толку ужас лицето, земи си хлорамфеникол или клиндамицин лосион, не се воопшто скапи а се многу ефикасни.

    Ако сакаш цела колеција, а си многу исфрлана, добра варијанта ти е Виши нормадерм, медицинска е.

    Ако си полесен случај, биди си среќна зошто нема да мора да фрлаш пари за медицински козметики, туку можеш да си користиш поефтина варијанта, нешто од Гарниер,Clean and clear, Наутрогена или Грин Лајн.
    Не би ти препорачала Нивеа.
     
  19. magde1990

    magde1990 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Ќе си земеш лосион од аптека, после тоа го миеш лицето со бекутан сапун и на крај стави си павловичева или крема бекутан и јас така правам сестра ми, мајка ми и немаме никаков проблем со лицето, поззз.
     
  20. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не ми е многу ужас, значи не ми е исфрлено цело лице, но не можам да се гледам ваква. :devil: Ќе земам нешто од Гарниер мислам најдобри се, ако не се лажам. Благодарам. :)

    А каков лосион ? :?: Си ставам бекутан јас постојано, но нема некој ефект од тоа. Можеби од лосионот ќе има. :)