Со месеци ги имав и ништо не ме спасуваше. И пишав на Магнолиа за рутина и за два месеци се намалија, после 5 месеци ми е стакло лицето без ни една акна. На 3 недели контрола и праќав слики и според ситуацијата ми ја менуваше рутината односно производите. Ја препорачувам од срце! Многу е добар. Месец дена како го користам и не би ги менувала. Порите се намалуваат а флеките од акни избелуваат, предобар серум. Не му се мисли
Дали некој знае кој од овие spot treatment производите делува најмногу? Има голем избор од лепенки, коректори.. не знам што да одберам.. Генерално успевам да ги држам акните под контрола бидејќи земам терапија ама бидејќи ми се хормонски и се непредвидливи, ми треба за моменти кога ќе ми искочи некоја огромна акна пред важен настан за да делува брзо
Јас ставам од еден серум со киселина што имам како спот третман и ми помага многу посебно оние што се како подкожни што сакаат да искочат и се болни посебно тие . Според мене спот третман треба да има некој појаки состојки со голем % на таа состојка за да вреди и каде што мора да се користи само на тој начин како што е Сулфур или салицилна (некоја друга нова состојка исто така ). Покрај ова јас серуми што си се со киселини и си ги користам така некогаш како спот третман кога ќе искочи некоја проблематика и во мала количина
Баш на такви акни мислам, може да ми кажеш за кој производ се работи? Или барем да ми препорачаш некој што знаеш да е ефикасен Досега сум ги пробала на Novexpert spot treatment бо вид на крем и уште еден во вид на гел што се ставаат само на акни, мислам дека имаа цинк во составот но ниту еден не ми помагаше, акната другиот ден сеуште црвена и воспалена. Од корејските гледам има голем избор едит: Соната ја користев многу долго, со години кога сеуште немав испитано хормони и не знаев што е проблемот за акните, на почетокот ми делуваше супер одма ги сушеше и намалуваше воспаление ама потоа некако престана да ми делува веројатно затоа што кожата веќе ми се навикна. Сега користам ретинол и ми е одличен ама во случај да ми искочи таква огромна болна поткожна акна што не ја прекрива никое чудо, ретинолот не делува баш преку ноќ, мора нешто појако
Според мене за жал спот третман 2-3 пати имам користено и стварно не ми помогнало можеби бидејќи сум навикната серумите што ми одговараат па ги користам како спот и многу повеќе гледам бенефит. Ако сакаш спот третман за овој исто така знам дека е стварно добар со киселиниве и се тргаат и акни и местото се осветлува ( секако со тек на користење). Да бидеме реални преку вечер не може ништо специјално да се случи но кога доаѓа збор за подкожни јас се трудам да им најдам решение кое нема да ме иритира и ќе ми помогне. Засега ми има помогнато овој серум со двете киселини АХА и ПХА, мене ми беше страв со месеци да го користам бидејќи имам многу сензитивна кожа склона кон акни. Но оваа недела го употребив 2 пати дека циклус време и се исфрлив и можам да кажам дека се изненадив како ми ги смири акните и почна да ми ги трга тие подкожните што сакаа да искочат.. и за текстура на челото ми помогна за чудо. Киселините се АХА ( површински за текстура ) и ПХА ( која е подлабински во кожата замена за БХА,но многу понежна и затоа ја преферирам) Ова мене ми помогна и ете уште го тестирам и гледам резултати, но засега е добро и добро ми делува . Секогаш треба да се проба на мал дел пред да се стави на лице и да се види кај кој како ќе реагира и ќе се користи. За кај мене е еднаш на цело лице и вториот пат само на акните посебно тие подкожни што се во процес на искачање.. @Powergirl! Еве го серумот ако ти треба некоја помош за користење или било што пиши би ти помогнала секако https://olpeo.mk/product/your-vegan-the-rice-bran-ampoule/
Здраво женски. Сакам да го земам гелот за миење од CeraVe, со салицилна што е. Но во рутината имам и ниацинамид, и крема со азелаична киселина. Дали се користат заедно овие состојки? Инаку имам комбинирана до масна кожа, склона кон акни
Најчисто лице имав периодот кога го миев само со 3 во 1 чистачот од Балеа, со цинк и салицилна (долго време го нема) и на полу-влажна кожа ставав само масло од јојоба или арган на Institute Organica. Кога викам најчисто, мислам на ниту една акна, дури ни пред добивање, тен изедначен стакло, со здрав сјај. Пред некое време влегов во Дм и се изненадив дека најдов нешто слично, ново е додуша, т.е повторно е единствена 3 во 1 опција, само овој пат има розева глина додадено. Се изненадив колку ми одговара, иако текстурата повеќе на старото пакување му ја преферирам.
Имав доста масна, ама се изнормализира со тек на годините. Би рекла нормална накај масна. Склона е на ситни гнојанички, особено на нечистотии.
Dali nekoj znae sto da koristam za akni koj se puni krv a ne gnoj i tesko se stiskaat i treba mnogo vreme dodeka pomine edna...
Здраво девојки Вака, дерматологот ми препиша Сона Дуо покрај клензер и хидратантна крема и плус друга крема што ми ја правеа по рецепт во аптека. Докторката убаво ми објасни дека од соната и втората крема лицето ќе ме пече, ќе ми се исуши и излупи, ќе ме пече дури и кожата околу очи иако таму нема да ставам од кремите и да очекувам да ме пече дури и кога ќе ставам хидратантна крема. И океј јас искрено мислев дека преувеличува бидејќи првите три дена мене воопшто не ме печеше лицето ниту ми се исуши. Четвртиот ден ХЕХЕ (инаку ставав многу малце од соната, скоро како зрно грашок па и помалце) Иако ми кажа докторката да ставам секоја вечер од кремите, ми рече и дека можам да правам пауза од ден-два па пак да ставам. Од вчера лицево ми е црвено после секое миење, ме пече при миење и ставање креми и еве веќе два дена немам ставено од соната, а хидратантната крема благо-кажано ја преполовив од ставање. Таман ќе ставам, од што ми е суво лицето ќе се упие одма и пак нов слој, и нов слој и така по цел ден. Имала некоја слично искуство и дали соната се користи и кога лицето е исушено?
Ист проблем имам. Коста ми ја препиша заедно со Биодерама и секаде каде што почнува да се појавува акна, местото се суши и лупи. Потоа ми треба недела и подолго за да се регенерира кожата и пак од ново. Подолго од два месеци ги користам и исто е. Сега ставам прво од Биодерма па од Сона малку врз неа и е малку подобро. Јас читав од дерматолози дека треба упорност и после некое време ќе престанело сушењето, па ќе видиме.
И јас читав по интернетов и социјалните мрежи дека е многу важна упорноста во користењето Сона (Епидуо е во другите земји). Читав дека чувството на горење, пржење, сушење не поминува дури ни по 4 недели користење и е нормален ефект (особено е поизразено кај оние што првпат се среќаваат со ваков третман). Јас првпат користам рутина од дерматолог и искрено ме плажи состојабата на лицево. Читам дека многу луѓе имаат исти ефекти од гелот ама од друга страна е болно и скоро неиздржливо. Исто Биодерма ја користам и некако не ми е по ќеф ама планирам следно да ја земам на Авене кремата, таа и онака ми беше првичен избор само што ја немаше на залиха.
Ќе може ли слика од производот да постираш? Највеќе кај Балеа ме нервира што често ги менуваат формулите, пакувањата и на интернет не секогаш го наоѓаш производот што моментално е во продажба.
Види вака многу луѓе и голем процент кога почнуваат сона / третиноид / ретинол се тоа прави реакција но….. Немојте ве молам да ставате секој ден тоа е премногу… бариерата на кожата длабински ќе си ја уништите и после поправање многу тешко . Ви кажувам од многу што имам гледаноо/ читано и учено. Користете ја соната но 2-3 пати неделно и сендвич метод ( крема - сона - пак крема ). Не форсирајте и правете си пауза денови не дозволувајте да си правите рани / печење и се тоа не е нормално до толку да имате такви ефекти се си имс граници до каде е нормалното… Се надевам дека ова ќе ви помогне и прашајте си и тука искрено многу од нас имаме искуство години и знаење со состојкиве и работиве како се користат. Гуд лак