Здраво, Вчера бев на кожно, од чисто лице без акни. По враќање од Германија во рок од две недела ми стана катастрофа. Докторот ми кажа бактерија и иритирана кожа и ми даде да мачкам Афлодерм и Сона дуо гел и да пијам Азитро. Дали некој имал ваква терапија претходно?
Девојки, би сакала да побарам совет и мислење за мојава проблематика. Имам комбинирана кожа, и многу сензитивна. Генерално проблемот ми е со образите, тие ми се нормални/суви, и мноогу сензитивни со црвенило. Веќе долго време ми се вака, некогаш посмирени, но ретко. Сеуште не можам да откријам која е причината што вака ми се воспалува лицето, претпоставувам надворешни фактори. Дали може да ми препорачате некои производи кои ќе ми ја смират кожата и ќе ми помогнат со црвенилото? Спојлер
Сакам да споделам со вас една приказна моја која мислам дека и вас ке ви помогне, впрочем со акни се борам околу 10 години, пробани секакви креми, третмани, доктори каде се беше краткотрајно. На почеток од оваа година си купив соковник и почнав на некој начин да правам детокс на организмот и уште првата недела приметив видлива разлика. Сокот што го правев беше од потрокал, лимон, цвекло, морков, јаболко, меѓудругото најдов еден производ кој е добар за исфрлање на токсини од организмот се вика дренвин - го растворам во вода и цел ден го пијам и од кога почнав до сега немам ниедна нова акна ама ми останаа уште една борба - флеките што се значително помал проблем од тоа што го имав. Ви посакувам на сите победа над оваа досадна борба Да напоменам дека наутро користам Sebium kerato+, a навечер sebium night peel после половина час сона дуо
Ја купив од зегин околу 800 денари мислам дека беше, соната е ретиноид кој се користи за лечење на акни и има антивоспалително дејство, за начин на употреба најдобро е да се консултирате со дерматлог
Здраво девојки! Дали некоја од вас ја има користено оваа крема и како сте задоволни да споделите искуство?
Од овие лепенки сум пре, презадоволна нешто неверојатно се, се носат 5-6 часа (јас и подолго ги носам) ја лечат акната, особено ако е воспалена, значи мене ми единствен производ што ми делува на акни. Од истиов бренд има и крема ама таа ја немам пробано