Може да се нарача, и мислам дека во некои аптеки ја има. Дали има некој искуство со оваа крема, во план сум да ја нарачам. Од серумите со ретинол имав контра ефект и ги прекинав веднаш.
И мене ме интересира оваа крема, ако некој ја пробал нека сподели искуство. Гледам по редит и тикток доста е популарна во странство и многу ја фалат.. Јас сеуште го користам ретиналот на Geek&Gorgeous па додека не го дотрошам не земам нова, па во меѓу време може некој ќе јави мислење..
Девојки каде има продукти за сјај на лице дали ќе биди како крем или спреј за на крај за прскање има некои од брендот Сефора каде може да ги најдам или на Афродита ако има, барав во продавнициве за козметика ама продавачите немале видено такво нешто а ги има од различни брендови нешто како glow mist glow spray?
Јас ја купив од Франција и можам да кажам дека не сум задоволна . Текстурата е многу чудна , масна , леплива , целата се лепи по перница за жал. Мојата кожа воопшто не ја толерира , ме пецка како со игли . Од мене НЕ Доколку можете да ја набавите препорака од срце CeraVe , на очи ја ставам и никакво печење и иритации немам , лицето за недела дена стакло !
I mene..megutoa nema recenzii Dali nekoj la ima koristeno proizvodi na biotherm i kakva kozmetika e ?
Дали сте го користеле овој спреј? Пред да го купам, ги прочитав состојките и по тоа што јас знам, супер се. На социјалните мрежи нема кој не го фалеше. Еве денес го истрошив првото шишенце и неутрална сум. Не чувствувам а и не гледам никаква разлика, како вода да прскам. Искуства некои? Дали е малку 1 шише за да видам некои резултати, да купам уште едно или..?
Не е медицинска. Една моја другарка имаше користено серум и крема од линијата aquasource ама не беше нешто и задоволна.
Токму така: Што сакав да покажам точно каква кожа имам т.е кој е проблемот: https://youtube.com/shorts/iWTTBqnvDsE?si=_4xc1mFs_hywqbRt Како се решава тоа? Почнав само со вода да го мијам лицето насабајле и многу подобро е. Некако ни хијалуронската ни кремите не ми се доволно хидратантни. Ми треба нешто појако..
Нешто проверено за акни од ДМ? За сестра ми е, не е во Мк, може само од ДМ да купи. Кожата не е мрсна. Благодарам однапред
Здраво,јас ги користев и двата clear skin ми го исчисти лицето некое време,vitamin c не ми помогна.Сега нр ги користам и пак,имам акни..
Zdravo devojki kakov krem ili serum bi mi preporacale za tvrdi akni bolni sto tesko izbivaat ?dali salicilna bi mi pomognala ?
Здраво пишав во темата за роакутан, но во таа тема не се пишувало одамна и никој не ми пиша. Па мислам дека оваа е соодветна тема за да ве прашам за искуства со роакутанот, мене ми е препорачан од дерматолог па сакам да слушнам мислење и искуство од некој што бил на таа терапија
Лично немам искуство ама знам луѓе што го користеле, презадоволни и резултати загарантирани. Знам дека 2 год несмееш да останеш бремена. Кожа многу сува и затоа не се препорачува во лето да се пие. Има многу несакани ефекти ама не кај секој, неколку знам што пиеле и за 4-6 месеци друго лице како да ставиле на себе. Добар дерматолог за да ти ја погоди дозата , крвна слика секој месец ( значи на контрола секој месец).