Исотретиноин(ретиноична киселина) не е нешто за кое може било кој да ти даде мислење, мора да се консултираш со лекар(дермтолог, кожен лекар), тој да ти препорача да ти препише. Исто како и роакутан/акутан таблетите. И ако ти го препорача мора многу да се внимава со оваа киселина, строго со чисти раце и на чисто лице исклучиво миење со нежни средства и минимално изложување на сонце, притоа некористејки други активни состојки/киселини. СПФ обавезно многу висок. За подетално со фармацевт или доктор консултирај се. Моето е општо површно мислење. А како за една недела лицето стакло? Секој ден ставаш ретинол за да има резултат за една недела? Бидејки премногу е , а и пребрзо за една недела ретинол да даде резултати, првите се после неколку недели, месец-два... Прва братучедка ги пиеше, исто и двајца први братучеди близнаци. Да, лицето скроз и се исчисти, не излегуваше на сонце воопшто, и ако мораше да се појави малку на сонце ставаше СПФ многу висок, обавезно пола саат пред да излезе, хидратација бара страшно многу, вода многу и хидратантни креми. Единствен нус ефект кај нејзе беше што многу и стана сува кожата.
Да , овој е слаба концентрација и ставам преку вечер , имам акни и другиот ден се исушени . Мојата кожа е чувствителна и лесно реагира со овој немам никаков проблем. Нормално како и секој производ потребно е одреден временски период користење , но зборот ми е дека веднаш сабајлето некако кожата е одма друга ( намалени пори , активните и воспалени акни се смирени без црвенила итн. ) Сепак секоја кожа е различна
Мене ретинолите така ми стојат дома. Не знам дали и уште овој да го пробам. На хидратација сум овие денови не ставам киселини. Дехидрирана ми е кожата. Од таа страна каков е овој ја дехидрира кожата? Пошо читам и церамиди има, не би требало.
А зошто не одиш на медицински третман на лице, на козметичар? Ќе ти ги извадат акните без да ти останат лузни.
Дечки здраво. Конечно се решив во консултација нормално со дерматолог за Роакутан терапија. Ми препиша прво да почнам со 20 мг дневно. Знам дека низ темите имаше пишувано за Роакутанот,но не најдов доволно информации. Дали некој од Вас ќе сака да сподели искуство?
Znae li nekoj sto e ova , vo posledno vreme nekoj period samo dolniot del na liceto mi se kako isfrla
Dali na nekoj mu se slicilo stom pocnal da koristi vit c. Serum za lice potocnocna dr Viton da mu stane liceto rapavo t.e kako da isfrlano ?
Провери хормони, провери си ги работите што ги користиш. ако имаш активни состојки / ретинол паузирај се тоа но ако немаш вметни. Чистење на лицето е битен процес исто така
Како сте задоволни од производите на Cera Ve? Имам користено само гел чистач, и ок ми беше. Гледам имаат и Маслен чистач, и крема? Ги има некој користено?
Дали некој се соочил со многу ситни акни на вратот? Во животов сум немала вакво нешто, со ова се борам веќе неколку месеци. Салицилна киселина,клиндамицин (Dalacin C), и што уште не испробано и тотално ништо не ми помага…
Девојки, почнав пред некое време да ја користам Сона Дуо ретиноид кремата, ја мачкам на лице навечер но приметувам дека многу ми ја суши кожата и ме пече малце на лице, исто така лицето ми се исфрла и флеките од мозолчињата што се исушени многу споро ми исчезнуваат, дали е тоа нормално за кремава ако може некој да пише искуства што ја користи или ја има користено. Мене ми се има истово случено, свашта користев но ништо не ми помогна, после некое време сами си се повлекоа. Сепак не е лошо да си испиташ и хормони често тој дел се исфрла и од некаков дисбаланс на хормоните.
Да, соната многу суши. Препорачано е да ставиш прво тенок слој хидратантна крема, па сона, па над соната пак хидратантна. Јас не правам така, ставам сона па хидратантна во подебел слој, на секоја втора вечер. Хидратантна треба да ставаш и преку ден. Ако имаш иритации пробај соната на секој трет ден користи ја. Јас така де залетав еден период сона два вечера по ред и многу ме пржеше лицето. Не иде тоа така со соната
Здраво, генерално имам чисто лице, но периодов ми беше многу стресен и ми се појавија две големи акни, беа воспалени, сега се потсушуваат, но флеките се големи. Како да ги третирам?
Не, јас го користам тој серум и кај мене убаво делува, лицето ми е почисто кога го користам. Но брзо се суши серумот па и кожата е сува после. Земи крема за хидратација, јас користам од алое вера.
Па јас ја немам кремата, како флуид со туба ми е исто Сона дуо. Иначе имам секако, со тоа што не може чуда да направи знаеш дека исхраната е најголем фактор во овој процес..