Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. magde1990

    magde1990 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    хлорофеникол ефтин е до кај 70-80 денари е
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Појдов вчера на дерматолог.Доста сум задоволна од пристапот.Ми препиша Хлорамфеникол маст да мачкам две недели по 3-4 пати на ден и да се мијам до два пати на ден со обичен сапун без никакви додатоци па си земав од Еуцерин.Па одам на котрола негде пред нова година.Е сега малку е проблем што друг ништо не треба да ставам на лице(шминка) а одам на работа ама сега ќе мора да стиснам заби :( .
     
  3. sorleva

    sorleva Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас кога одев во Медикоз работеше само Николина, а и искрено се сомневам дека таму работи некој друг дерматолог освен неа.Јас имам многу позитивно искуство со Медикоз.Брат ми исто имаше ужасно лице и само Николина го среди.
     
  4. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    Од колку посто хлоранфиникол маст, од 5%?
     
  5. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Јас имам проблеми со лицето од кога влегов во пубертет и до ден денес не можам скроз да се опоравам.Имам акни најмногу доле кај брадата-од двете страни,милион ситни митесери насекаде,дури и на третман кога одам не можат сите да ми ги истискаат зошто имам премногу.Не знам зошто ми се појавуваат толку многу,ако имате некоја идеја кажете :)
    Пред 2недели бев на третман во Guinot на хидрадермија и ми препорачаа да си купам тоник Дермогал-во аптека го има 90ден е.Имам ритуал насабајле и навечер,прво го мијам со Aveeno(не знам дали се продава во МК јас го земав од САД) еве вака изгледа [​IMG]
    па потоа ставам дермогал и на крај кремчето од Doctor's витаминската со авокадо.
    Ви ги препорачувам сите 3,стварно гледам подобрувања,не знам дали од третманот или од се заедно,ама пробајте и вие..исто и пијам многу пивски квасец и зелен чај секој ден..За убавина се гине!!! :D
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Еден совет што ми го кажаа се покажа многу добар! На другарка ми докторот и кажал во никој случај да не се користат препарати што ќе го исушат лицето и акните, зашто после тоа кожата многу поспоро се обновувала и останувале дупки, флеки, лузни (што мене ми се случи) Најдобро решение било миење со сапун, а потоа мачкање со хидратантна крема која ќе помогне мрното само да изезе.
    Јас го практикува ова пола месец, го чистам лицето со безалкохолен лосион и потоа се мачам со Бекутан и сум пресреќна што конечно ми се средува лицето. :rofl:
     
  7. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Да 5%.Мачкам 5 дена,уште 9 останаа :)
     
  8. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    и резултати имали, ти помага ли .....
     
  9. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Јас пак кај сите дерматолози што сум била и што читам по нетов,никако не се препорачува миење со сапун бидејќи сапунот исто така го суши лицето премногу..Имаше периоди и јас кога се миев со сапун и лицето ми беше катастрофа..мислам дека не се за џабе геловите и препаратите за миење лице..сапунот си е за раце..мое мислење е тоа,па вие како сакате..за добро нека е само :D
     
    На Divinebutterfly и daddys.princess им се допаѓа ова.
  10. Heydi1221

    Heydi1221 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Јас немав многу проблеми со лицето ама многу често ги стискав брунчињата што ми се појавуваа чат пат а така повеќе си го уништив лицето.Прво пробав со тоникот од Авон- Planet spa со бел чај што е.Ми помогна колку толку.
    малку е минијатурна сликата ама не најдов друга

    http://wizaz.pl/kosmetyki/foto/36079_250.jpg

    Потоа го купив Нивеа Аll in 1 и воопшто не бев задоволна лицето суво , никаков ефект :envy: уфф се нервирам ене го така стое..
    http://www.nivea.hr/~/media/NIVEA/i...h=450&mw=300&reflection=1&reflectionHeight=50

    Ама сега си го најдив чарето!Пред некое време пробав со камилица :) Чај од камилица сварен и лицето го парев..Во почетокот нема да можите да дишите ама после кога ќе си го видете лицето одма ќе забележете разлика :D Тоа го правев 1 недела секоја вечер - лицето ми се направи како бебешко газе мазно чисто и што најмногу се радувам е порите половина ми се затворија. :wasntme:
    Сигурно многумина го имат пробано ова ама јас да си го споделам мојот спас до чисто лице па можеби на некој ќе ви помогнам :)
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Jaс саботата бев на козметичар кај докторка... ( таа работи вболница а си има и приватно дерматолог е ) ми препиша од Др. Бачев кремата од прополис и лосионот .. Еве 4 ден е кај шо ги користам ама нема некој резултат :( :( :( :( Голем песимиста сум.... Сеа сабота треба пак да одам па ке видиме ... :D :D
     
  12. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Девојки јас да ви кажам почнав да ја користам кремата за лице Здраве со цинков оксид.
    Мн е ефтина,во сино кутиче мало потекнува од Бугарија сигурна сум дека повеќето феминки знаат за која крема зборувам.Веќе една недела ја користам и има видливи резултати па фала богу и мене нешто да ме задоволи :rock:
    Ставам навечер пред да си легнам,преку ден ставам само ако сум дома зашто онака да ја ставам мн ми е бела.

    Пробајте и вие па ќе видите дали ќе делува.
    Поздрав :*
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Сфаќам дека треба да се има некоја рутина за чистење на лицето. Грижата зависи и од типот на кожата. Мојата е комбинирана и затоа е малку проблематична. Признавам, главниот проблем е што ги чепкам. :tmi: Што и да користам, пак се појавуваат, па се откажав и само така продолжив и најлошо е тоа што имам лузни и флеќи. :worried:
    Течна пудра не користам веќе некое време, се обидувам да ја одржам чиста, имам посебен пешкир за лице, користев тоа маската од Гарниер, и обична Дов крема за лице. Понекогаш третманот со пареа од чај од камилица, ама баш ич ништо не помага. Прочитав некаде дека за да не дојде до лузни од акни, не треба да се користи нешто што ги суши акните, а јас друго ефективно и брзо чаре не сум нашла до сега.
    Се решив да не ги чепкам, и сега што? Да купам лосион, сапун, таа кремата Здраве, Хлора... како и да се викаше, или што? :?:
    И каков треба да е редот на употреба? Доколку сакам и маска да користам, кое попрво? :?:
     
  14. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да купам лала крема. Помага ли :?:
     
  15. cosmopolitan

    cosmopolitan Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    затоа што и јас сум една од вас и веќе 6 години кубурам со лицево а дур бев тинејџер мака немав тек отпосле на факс се се влоши.несум себична па би споделила нешто што го открив неодамна и многууу помага.тоа е многу ефтино заедно чинат 100тина денари и пред се бебешко па затоа и веројатно и ми помогна тие се поблаги козметики.затоа што станав отпорна на сите лусиони креми и од се ми се создаваше врз бубуљиците и алергии од се и сешто...се работи за бекутан сапунот и по него фел крем од рибино масло во туба.го купив од тинеџ но има и во аптеките.смирува црвенила и зацелува рани ма соврсшен е.еве и сликичка да видите за да не лутате кога ке купувате :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    А како ги користиш, односно ставаш? Секоја вечер, преку вечер или како? :?: И јас сега одам до аптека да си купам. :D
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Еден капилар ми пукна на лицето и страшно многу ме нервира, па и на многу приметливо место е :worried: ... решение? Аnyone? :)
     
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Лала кремата помага за флеки од сонце и пеѓи.

    Мајка ми пред да проба Лала користеше секакви креми, дури и на кожен беше (секое лето имаше флеки од сонце) но ниедна не и помогна колку што и помогна Лалата.
    Доколку имаш такви проблеми, ти ја препорачувам да пробаш.
    Во случај на бубулици мислам дека не помага многу. Ама не знам :$
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ladysweet

    ladysweet Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали ќе може да го добијам бројот од чичко Саше?
    Ви благодарам однапред
     
  20. alekcoki

    alekcoki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Феминки јас не успеав да ги прочитам сите постови па можеби некој до сега напишал пред мене, сакам да ви кажам на сите што имате проблем со акни , мозолчиња , дека пред се , пред сите терапии најбитна е храната што ја внесуваме, од лично искуство ви го кажувам овоа а , од друга страна сум фармацевт па доста сум упатена во темата.Значи за чисто лице најпрво многу вода да се пие најмалку 2 л на ден, што почесто овошје и салати, помалку мрсна храна и млечни производи и ке имате прекрасно лице , да не заборавиме дека и хигиената на лицето е битна , но премногу форсирање само уште повише може да ја влоши состојбата.Почесто користење на природно маски , а долготрајна употреба на еден исти гел , лосион што и да е ако содржзи антибиотик може само повише да ја влоши состојбата затоа што многу брзо бактериите присутни во лицето може да станат отпорни на антибиотикот.Значи мене ми помогна само промента на исхраната и користев во тој период доцторс крема антибиотска.Се надевам дека помогнав на некој , само единствено имам некои флеки па ако некој има некое искуство со тоа го молам да го сподели , ви благодарам.
     
    На CoverGirl10, sweet.lady и GreenEyedBabe им се допаѓа ова.