Bielenda е полска фирма со висок квалитет на своите производи. Имам користено неколку креми, во моментот најнов што скоро го купив во Стокомак е гел -крем за лице и врат со зелен чај. Кожата веднаш го впива, хидрира, а не ја масти, многу сум задоволна
Дали сте користеле нешто од Uriage и како сте задоволни? Дерматолог ми ги препорача гелот на Uriage за миење лице и кремата Uriage Hyseac 3 Regul што содржи AHA + Zinc за лечење на акни плус соната дуо за навечер. Па ме интересира дали некојa од вас има искуство со овие производи?
Се слагам, штета што веќе нема избор. Најдобра гликолна киселина со Ц витамин имаа, а оние со ПХА геловите за миење беа предобри.
Јас. Јас имам повеќе производи корситено од уриаж. Го имам корситено и гелот за миење лице и 3 регулот. И од гелот и од кремата бев многу задоволна. Да завршам со терапијава за лицево и јас ќе почнам пак да го користам три регулот кремот. Мене ми беше хидрантен,лесен а сепак таман на лицево. Ми даваше супер сјај,и има мирис кој е специфичен за Хисеак линијата. Одлични два производа се
Јас со моето лице мака мачам,имам сува кожа склонна на акни и црвенило,ако има некој искуство со некоја крема нека пише
Јас имам лошо искуство со Uriage, цело лице ми се нафрла од кремата Uriagе Hyseac 3 Regul иако имам мрсно лице, немам мозолчиња, после 2,3 месеци користење цело лице ми се исфрла, од Bioderma немав никаков проблем. Сепак тоа е мое искуство
Во Мк не сум нашла. Грција норескин 20% и сега последно ја најдов сконоренот ама гелот, тој е 15%. Скинорен кремата со 20% била дефицитарна.
Дали на некој му се случило да му се перутат продуктите на лице? Од неодамна забележав(ама одбирав да игнорирам), дека генерално сѐ што ставам ми се перути. Прво мислев дека е од несогласност помеѓу продукти, меѓутоа уште првиот продукт кога ќе го нанесам ми се перути на чисто лице. И еден тонер, и друг тонер. Еве сега ставив ретинал на лицево како прв чекор и скроз се исперути. Ко да не сака да упие ништо во лицево.
При крај ми е гелот за миење лице од Биодерма што ми го препорача дерматологот и барам нов, бидејќи овој не ми е ништо посебно. Имам хормонски акни, па да има и активни состојки. Предлог?
Мене од спф ми се прави така, ваљда дека е сув со минерали. Тежок е некако, а пред него ставам обична крема. Затоа само го тапкам, а не го размачкувам воопшто. Порано не ми правеше така.
Да не ти е пресушена кожата? Јас обично имам таков проблем кога ми е сува кожата. Освен крема, друго не сака да види кожата.