Совет шо да ставам летови за чисто лице? Обично само ми се чисти а и помалце се шминкам. Ова ми е за сите год времиња. Ставам или на 2 дена кога се бањам, или после шминка на цела фаца. Ставав салицилна до пред 2 неделу, ама обично лето не ставам. А тоа ниацинамидот ми скапа.. уште сум до првото шише од пред година-2
Ух. Не ме прашувај. Избрзав со купување на серум против акни, пошо имаше некоја наградна игра и демек да си ја пробам среќата. Купив ради реда. Значи прво, не ми дадоа кутија за серумот, значи така шишенцето ми го дадоа. Второ, отварам, на ништо не мириса. Ај ќе си речеш демек Natura според името, може не мириса ради ,,природни" состојки ама нее.... Трето, го листам лицево, се по ред, го ставам, значи ко да сум ставила лубрикант на лице. Мрсно, грдо чувство што не се впива. Имав чувство дека ги разбудив сите акни одново. Четврто, секако дека ги разбудив. За 2 дена цело лице акни, големи, мали, какви сакаш. Не можев скоро месец дена да си го опраам лицево. ПС. Некоја американска фирма се, а пишуе дека во Македонија е произведено Нејќам ни името да им го прочитам!
Јас го користев во тинејџерските години и ми помагаше за ситни акни. Сега имам поозбилен проблем со лицето и не ми помага веќе.
У сино шише? Овде го има мислам Ама не ми одговараше цената ако памтам добро. Ја ова ќе продужам да го користам, него сакав уште нешто. Се мислев вит Ц да зеам, тоа кога се става?
Предложете серум/крем што ги гори акните коа ќе го ставиш? Ми излагаат по 2-3 и сакам да ги снема да сум 100% мазна. А серумот да е фатално јак, сум пробала од овие ама мн нежни се бре никаков ефект немаат.
Јас ставав сабајле. Ама не бев задоволна од тој што го користев - Др. Витон. Јас ти ја предлагам црната маска за лице. Од истата марка.
Ех да беше така лесно сите ќе беа 100% мазни, да имаше крема што ги "гори" За акни како прв чекор ти е pimple patches, одлични се тие на cosrx. Од коа ќе ја средиш акната со ова да се повлече после и треба хидратација на кожата. А после тоа витамин ц или серум да не остане флека. Серумите со салицилна помагаат при проблем на кожа склона кон акни. АХА и БХА пилинзите исто би помогнале. Тие би имале таков ефект на горење, ама јас не би препорачала. Може акната побргу ќе ти ја изгори ама да не ја оштетиш кожата подлабоко, кожната бариера. Имаш некои појаки креми и серуми ама тие идат на рецепта, не сум запозната околу тоа. Да видиш со дерматолог
Јас да прашам за мм. Секогаш по бричење на брадата, обавезно му се прават како поткожни акни, прилично воспалени, некогаш достигнуваат и големина на зрно грашок да речеме. Нема врвче, само е црвено топче проследено со оток. Имате ли некаков совет?
Задолжително чистење на кожата со гел за лице и/или користење на пилинг доколку не се бричи често. Во превод, добра ексфолијација, но и хидратација по бричењето - некоја лесна крема за лице или after shave balm.
здраво,дали имате некоја препорака за козметичар или за третман во Скопје? Имам проблем со тинејџерски акни и црнки
Здраво на сите ве молам споделете искуство за решавање на проблем со акни на лице,грб,се соочувам со овој проблем од 12 години а сега веќе имам 20год. пробано се и дерматолози но се со привремен ефект.Благодарам!
Девојки здраво на сите, Знам колку е горчлив проблемот со акни. Пред една година ние дома ја имавме истата мака, на мојата ќерка со полни 18 години и излегоа наеднаш акни на цела Т зона, пишував овде на форумот, следев кој како успеал да си го реши проблемот. Одевме по разни доктори-дерматолози и тоа од локалниот кожен др, до доктор професор на клиника во Скопје, со упут, па во Ремедика на приватно 2.700 денари и на крај завршивме во Радовиш кај Др. Магдалена Лукарева со упут од матичен др. Единствена докторка која откри дека на мојата ќерка акните не се пубертетски или хормонски, туку дека таа има Розацеа. Јас не знаев до тогаш дека розацеата има такви симптоми. За 15 дена лицето се смири и почна да се враќа во нормала.Сега се е под контрола, девојчето се негува правилно, ги следи сите инструкции. Оваа искуство го споделувам, бидејки на секоја врата ни велеа дека мора Роакутан апчиња или пред тоа разни креми ни даваа без да има било какво подобрување ( Сона, Авенен, Туросил). Ниту еден од кожните доктори не ја прегледа како што треба, секогаш беа премногу зафатени, Лицето на ќерка ми стануваше или полошо или исто.Топла препорака до сите кои безуспешно барате лек за ваш кожен проблем, Др.Магдалена Лукарева од Радовиш, која работи со упут преку вашиот матичен доктор.Се надевам оваа мое искуство ќе помогне
Здраво, Ве молам за совет како да го третирам лицето. На чело и образите сум исфрлена и лицето ми е мрсно во последно време. Користам аfrodita enzimska cistilna pena и вчера ја почнав кремата на geek and gorgeous hydration station. Дали е потребно да земам некој чистач со салицилна или нешто друго? Го гледав на eucerun dermopure i na cerave blemish control.
Што помалце производи тоа подобро, трендовите кој ги има сега по 200 серуми и креми на лице се чист маркетинг. Нема потреба од толку. За чисто лице потребно е дупло чистење со маслен чистач, потоа со гел или крем. Тоник и некој серум, хидратантна крема. Преку ден плус крем со заштитен фактор. Потребно е кожата да биде хидрирана ама да може и да дише со 300 серуми и креми кој не можат да се впијат само полошо правиме. За акни еднаш или два пати неделно гликолна аха, бха, маски исто еднаш, двапати. Јас имав многу црнки на носот и само со дупло чистење ги решив.
Откако почнав да пробувам сешто лицево ми се поремети. Сега пак се враќам на старата рутина: миење (со Dove сапун), Bioderma Sensibio defensive rich (ми ја препорача аптекар во Зегин) и заштитен фактор кога ќе излезам. Толку.