Имам проверено хормони, се хранам најздраво што можам, се ми е во ред со здравствената состојба но никако лицето да ми се смири Ќе пробсм на Биодерма, последна надеж ми е изгледа
Испитував и јас акни,се ми беше уредно.Не правилна Проверував хормони се ми беше уредно. Провери во некоја аптека ако имат микроскопско мерење на кожата на лицето,тоа го прави дерматолог и тој истиот ти дава производи за користење.
Кремот за лице Aurodhea со слуз од полжав е еликсир за убавина за лицето и вратот. Содржи слуз од полжав, масло од сладок бадем, џамбу, масло од арган, витамин Е, екстракт од слезово и хијалуронска киселина и се карактеризира со ефект против стареење: ја регенерира кожата, спречува предвремено формирање на брчки преку природен ефект на лифтинг и го подмладува лицето. кожата, очите и кожата на очите и контурите на усните со намалување на брчките на лицето. Благодарение на гликолната киселина што ја содржи, кремот за лице Aurodhea видливо ги намалува знаците на акни, сипаници, лузни, мозолчиња и изгореници од сонце. Kremava e super za problematicna koza
Здраво. Приметив последниве 2,3 месеци лицето ми се направи лом, како црвени лишаи на образите. Никогаш ама баш никогаш не сум имала проблем со лице, секогаш ми било чисто. Дали можеби е поврзано со доењето и хормоните? Што можам да направам?
Да се исфрли пудра е мамата. Поготово вака летно време. Само коректор користам веќе 2-3 год сигурно. Пудра за на настани, и не се поднесувам. Ко паштета да иам. Без мн глупости во исхрана, и одржавање хигиена
1) Ќе се сложам погоре за пудрата. Пробувам многупати да ставам пудра демек нели поубаво лице, мазно ова она. И осеќам како оклоп. Дури и за некои коректори имам тоа приметено. 2) И стрес. Во најстресни периоди кожата не ми е иста. Не можам да опишам ама изгледам "старо/суво". Ми помогна многу чистењето на лице со маслен чистач.
Мене пудрата ми помага да не го чепкам лицето постојано и кога ставам секој ден шминка кожата ми е во подобра состојба. Плус што така правам подлабоко чистење.
Ми се направија како акни на брадата, две се и болни се, не се за прицкање, пробав на едно ништо не излегува, а се како топчиња, ко ќе ги фатиш големи се како да има нешто, но многу болат
На брадата најчесто се јавуваат акни од хормонски промени (во овулација, за време на менструација и сл.). Штом се како топчиња, не ги пипај. На таквите обично им треба повеќе време додека созреат и почнат да се повлекуваат.
Сакам да споделам лично искуство со акни и што на мене ми помогна. Цел живот сум имала проблем со црнки и зголемени пори бидејќи имам комбинирана кожа, ама со акни не се до 2022 година. Почнаа да ми се појавуваат огромни и болни акни на образите секој пат кога ќе имам циклус, и бидејќи не ги стискам ми стоеја на на лицето дури и до 2 месеци оставајќи модри флеки. Решив да направам истражување со цел да се едуцирам како да ја негувам кожата и да го решам проблемот. Наидов на еден корејски бренд - Beauty of Joseon - и после доста прочитани reviews решив да му дадам шанса. Го земав серумот Glow Deep Serum: Rice + Arbutin и кремата за лице Dynasty Cream и почнав да ги користам секој ден наутро и навечер, но пред тоа задолжително и мислам дека уште поважно, правев двојно чистење на лицето: прво со маслениот чистач на Kose - Softymo White Cleansing Oil бидејќи длабински ја чисти кожата, а потоа со гелот за чистење на лице на La Roche Posay. После неколку месеци редовно чистење и негување, лицето се смири и акни престанаа да ми се појавуваат, а и флеките што ги имав поочнаа да избледуваат благодарение на состојќите содржани во серумот. Содржи 68% вода од оризови трици и 2% алфа арбутин, и помага да се подобри тонот на кожата за да стане поздрава и избалансирана. Овој серум е дизајниран за оние кои имаат флеки од акни, хиперпигментација и нерамномерен тон на кожата. Ова е сепак мое лично искуство, можеби ќе помогне на некој со сличен проблем.
Ако ти се наоѓа некој серум со салицилна киселина, можеш да нанесеш од него, но само на акните. Мене многу ми помага и Дермогал при вакви ситуации (и тој има салицилна киселина во составот). Во Зегин го има, околу 200 денари беше мислам. Со тупфер ставам од лосионот само на акните и им го забрзува лекувањето, плус не ми остануваат флеки.
Pimple patches, се препородив со нив! Би ти ги препорачала овие, бидејќи се поевтини од другите, а не забележав никаква разлика помеѓу нив. Овие се од coslovescosmetics.
И јас ги користам овие, ама за акни на лице оставам малку да созрее акната, па лепам стикер. Ако залепам веднаш, ја суши многу брзо, што е и логично нели, но ми останува темна флека и тоа што било под акната си останува заробено под кожата како комедон. Така е кај мене, што не мора да значи дека ќе биде исто кај сите, но ете спомнувам за чисто да има предвид девојчето.
Зедов Леа за акни лосион, како сте задоволни? Дермогал барав немаја само хлорамфеникол лосион. И ми го пофалија од Леа.
Пред 2-3 дена ми искочи нешто на устата, може да беше бубулица. Не знам мн ме болеше, знаат такви и поситни да ми искачаат. И вчера стиснав заби и почнав да се копам. И видов го снема тоа стана црвено. Сабајлево ми загноило ( бар така ми личи) Тврдо е и ме боли. Шо да стаам Спојлер: Не отварај ако се гадиш
Ах, па типична акна, нема врска каде излегла. Сакам да кажам-вакво може да излезе на буквално било кое место од телото. Мене, пример, пред некој ден ми излезе на долната усна, точно врз неа. Едно ситно, ама болно-динамитно! И јас демек немаше да го фаќам, па една вечер пред спиење со заби го грицкав и изгледа пукна. Се направи дупченце (како што би се направило на обична кожа) и остана црвено. Но, удрив едни капки со нане и прополис и за еден ден го снема. Или остај го или, ако си ко мене, стисни го, ама до крај да истече сѐ (ова никако никој друг нема да ти го препорача, знам дека е неправилно), па стави нешто ОДМА. Или, пак, остави го какво што е и ставај нешто. Можеш ете прополис, мед, некои ставаат и паста за заби за да се засуши (кога немаш друго при рака), со бетадине измиј се... Следна опција е некаква специјална маст, во аптека отиди и ќе ти кажат која (хлорамфеникол мислам дека би било, ама сепак...).
Откако се вратив од одмор имам акни на лицето, а мислам дека знам и од што. Таму наместо да се мачкам со крема со заштитен фактор наменета за лице, јас се шлапав со истите за на тело што се и млека и масла и мармелади. Што можам да користам сега за да ги исчистам, инаку имам чисто и не проблематично лице .