Хидрирај го лицето повеќе со продукти што ја смируваат и хидрираат кожата (тоник за лице со центела, хијалуронски серум) и можеш да се миеш со чистач што има екстракт од чајно дрво или пак салицилна киселина. Ќе поминат сами од себе, особено ако се од малите ситни бубулици што брзо се полнат со гнојни врвчиња.
Zdravo devojki, dali nekoja od vas gi ima koristeno serumite od auroraskincare za akni sto idat 2 proizvodi zaedno, gledam stanaa viralni po tik tok i imaat dosta pofalbi pa sakam da odam na sigurno a ne da me izlaze pak nekoj marketing sto go pravat influenserive za pari. Ve molam za iskustva
Се мислам помеѓу Еуцерин козметика и Виши??? Која според Вас е подобра? Имам користено и тоа и тоа и ми се допаѓаат и двете и ми одговараат на лицето. Сега сакам да купам комплет дневна, ноќна крема и серум и незнам од која да земам.. Хелп
Јас на Виши имам користено козметика, нивниот серум со витамин Ц, и кремите aqualia thermal light и ноќната, супер се за комбинирана масна кожа. Оваа ми беше тешка некако, не бев задоволна
Јас го користев на времето, тогаш Dalacin C 1% му беше името. Единствен продукт којшто ми ги излечи тинејџерските акни. Буквално само со вода миев лице и двапати на ден ставав од него. Лицето - џам.
Здраво женски, Некој да ја има користено Bioderma Atoderm,како серум-крема е,за сензитивна кожа,500 мл околу 1700 денари е,се мислам дали да ја земам а голема е.. Некој да ми каже ако ја има користено дали вреди воопшто..
Предлог третмани за лице од кој има видлив ефект? Имам проблем со флеки од акни, но доколку помогне барем и минимално за брчки, супер
Здрсво. Одсекогаш имав чисто лице, последниве неколку месеци лицето ми е катастрофа. Со ситни бубулички и црвенилото на образите. Ова го препишувам на несредени хормони после пораѓај и доење. Не знам што можам да ставам за малку да го оправам. Може ли да ми дадете препорака за некоја крема? Инаку сеуште дојам.
Здраво девојки. Моментално сум на одмор и лицето кај брадата ми се исфрли. Нит ме чеша, нит ме пече, ама прв пат вакво нешто ми се случува. Во јужна Албанија сум, па некој предлог што би можела да земам од аптека за да си помогнам. Уште првиот ден ова ми се случи.
Дали некој има искуство со 101 skin clinic? Имам акни на кои што никаква козметика изгледа дека не делува. Основни хормони ми се ок. Или пак предлог некој дерматолог што ќе ме упати на место каде што ќе го најдам коренот на проблемот, а не да ми даде Биодерма и толку? Фала
Можеш да пробаш да исконтактираш некого од Аптека Марија Гален фарм, прилично се активни по социјални мрежи и ми личи дека тоа што го даваат има резултат. Мислам дека аптекава се наоѓа до Броз кафе, па види дали ќе ти фати око и таа опција. Можно е да се појавиле како реакција ако си ставала спф за тело на лице, знае некогаш да направи нафрлање ако е премногу густа/мрсна кремата. Не е страшно штом не се воспалени, ќе ти поминат од солта за некој ден.
Барај ја др. Нина од Медикоз. Врвна докторка, јас доживотно ќе и бидам благодарна што ме спаси. Јас од дома не излегував колку ми беше лошо лицето.
Vichy 89 совршен серум за дневна нега , не лепи , не е масен . Ја имам и дневната крема 89 но мене искрено ми е тешка и масна .
Го купив серумов и супер ми е. Ја земав и дневната slow age но тешка ми е за преку ден. Се прашувам дали можам да ја користам навечер со тоа што има фактор ?