Јас мислам дека ако девојчето е 10 години, не е ни тинејџер и е во пред пубертетска фаза е најдобро да користи или нешто што е на природна база или нешто што е послабо. Не знам колку е паметно да користи јаки производи како La Roche Posay, нека проба прво со нешто што е послабо, пример линијата на чајно дрво на Фармаси или нешто на афродита што е исто послабо. Отидете во аптека прашајте таму тие може да ви дадат производи. Напоменете дека девојчето е 10 години.
Не е јака таа линија, напротив ја користат и во пред пубертет и тинејџери , на ќерка ми кога беше 11 год и ја препорача оваа линија и дерматолог и доста и помогна А Фармаси и Афродита далеку се од природни производи, само да напоменам
Знам дека не се природни производи не кажав за нив дека се природни. Само велам да проба друга опција наместо La Roche Posay, тоа е само мое мислење. А дерматолозите секско или препорачуваат Eucerin или La roche Posay а ако станува за ептен некој проблем тогаш препорачуваат апчиња… така да
Се сложувам дека уште и е рано да почне да користи толку јаки производи,јас исто како девојче имав проблематична кожа и дополнително ја упропастив со разно разни креми гелови и што уште не користев,затоа внимателно.Сепак после долго разгледување од тоа што се нуди на нашиот пазар и земав за почеток неколку работи од алверде од колекцијата со камилица,па ќе видиме како ќе биде,сега за сега е добро.Ви благодарам на одговорите
Третманот ПРП не се препорачува за лекување на акни, може да се прави откако ке се излечат за да се намалат лузните од акни во комбинација со дермапен( микрониделинг). Најдобро консултирај дерматолог
Едно огромно мозолче имам до окото, најгоре на носот од страна, значи страшно големо како топка Што да ставам? Ноќеска пудра ставив Претходната ноќ паста за заби ама плава боја има, имам читано бела дека треба Нешто од дм да купам или од аптека? Уште утре ќе издржам на работа ваква ама од задутре изгледа боледување треба да земам заради ова, страшно е, целата сум изобличена
https://coslovemetics.mk/product/cosrx-acne-pimple-master-24-patches/ Земи си вакви , мене ми се спас има разна големина , ќе ти го покрие мозолчето плус делуваат на нив. Истово го има и во ДМ
Паста никако Ако имаш некој серум од чајно дрво, за мозолчиња ми е спас, преку ноќ ги суши. Безвезе марка е од фармаси го добив ко подарок ама ептен ми е ефикасно и веќе ми е при крај. Или од овие лепенкиве, ги фалат иако јас ги немам пробано.
Фала ви. Лепенкиве само онлајн ги има тука чудно. Само онлајн од дм на пример, ама во ниту еден дм ги нема. А да го стиснам или да не го стискам? Јас пробав завчера уствари и затоа се дуплираше големината ама сега и бело има точка која што може да се стисне најверојатно. На работа одам и ми се плаче, изобличена сум.
Јас мака измачив со моето лице, значи суво лице со поткожни болни акни. И пробав СЕ значи СЕ. Крвта ми беше океј, хормоните океј.. Пробав Азелаична, Третиноин, Леа Гел со Клиндамицин, Витамин Ц, Салицилна, Сите врсти креми гелови на Биодерма, La roshe.. нешто што ми влијаеше добро беше Акнефуг(уште го користам) и последна надеж дадов на Здраве кремата со цинк оксид(како spot treatment) и тоа ми помогна за задравување на акните конечно. Исто така користам пилинг обичен со активен јаглен и кожата ми е како на бебе. Исто така пијам Магнезиум Bisglycinate. Сега сакам да ја зацврстам кожната бариера, па која крема ја препорачувате за тоа? Фала многу
Ако си од Скопје,ги имаш во сите продажни салони на Coslovemetics(bebehome),и скоро во сите поголеми дм маркети. Истата марка на cosrx. Ако си надвор од Скопје,исто така по сите дм маркети можеш да ги најдеш. Или пак онлајн можеш да ги нарачаш ќе стигнат за еден ден
Можеш да го нарачаш онлајн од некоја од аптеките. Лицето го мијам со Dove сапун пошто само тој ми ја праве убаво кожата не ми ја суше, ставам акнефуг на влажно лице, на местата со акни главно, 1-2 минути го мијам, на суво лице ставам хидратантна крема лореал, и врз таа крема на акничките ставам цинк.
Зедов на шаебенс. Чудо!!! Преку ноќ излезе скоро се на лепенката! Дури невозможно! Си ме спасила! Нека ти се оствари најголемата желба што ја посакуваш!
Moze podetalno da mi kazes za sto se raboti,i slika ako moze. Kerkami maka maci so akni i zapusheni pori.
https://coslovemetics.mk/product/mizon-good-bye-blemish-clear-patch-44ea/ За овие spot patches, се користат фоколку имаш по некоја бубулица, и ја прикриваш, а и таа лепенката ја "собира" внатре буквално. Има разно разни марки ама сите делуваат на ист начин Е сега ако е во пубертет тиа е , и на ќерка ми кога беше 10,11 год и беше такво лицето. Сега 13 некако и се исчисти, ама почна и да користи нешто од козметика.