Здраво! Ми треба предлог. Лице ми е чисто, но имам доста ситни бубулици или како и да се викаат по челото и челото ми е доста мрсно за разлика од останатите делови на лицето кои ми се нормални. Исто така, пред да ми дојде, баш на челото малку над веѓите ми излегуваат поткожни бубулици. Што да користам?
Има некој користено од производиве? Имав предходно проблем со акни, го средив лицето конечно, сега пред 2/3 медеци една по една пак почнаа да ми се појавуваат ситни црвенки брумчиња на левата страна кај вратот и влицата. Немам многу 3/4 се но така почнува.. Сакам да сменам/додадам производи во рутината, би ми значело збор два за производиве, или ако имате предлог за нешто што помага. Најголем проблем ми е текстурата и проширени пори, тоа не успеав да средам
За нерамна текстура мислам од производи може да помогне ретинол. Поголеми резултати може да постигнеш на дерматолог со некој третман. Не може проширените пори да се стеснат. Доволно е да се оддржуваат чисти. За акните хормонски да не се? Си правела испитувања?
Правев да, и правам редовно бидејки не ми беа баш најдобри, и предходно ми беа хормонски акните, но баш лошо ми беше лицето. Но сега се супер, и нема ни 10% од тоа како ми беше и сега, различни се акните, сега ми се само како флекички мали црвенки. Почнаа да ми се појавуваат како се вратив од одмор летово. Се размислувам и за некој третмани, разгледувам уште.
Moze li da mi kazes kako go iscisti liceto od hormonski akni?i jas go imam istiot problem mene ni roakutan ne mi pomogna
Пиев контрацепциски апчиња, Крицеа. Не сакав да појам долго, 6 месеци ги пиев. Немав ништо контра ефекти.
Азелаична киселина дали се комбинира со салицилна и гликолна ? Јас еден ден ставам салицилна друг ден гликолна и еднаш неделно аха/бха пилингот е сега не знам кога да ја вклучам скинорен кремата ?
Знае некој каде ја има Скинорен крема? Прашав секаде во аптеки, ја немаат. Или препорачајте некоја крема/серум со азелаична киселина.
Чисто лице имам само кога спијам доволно, а никогаш не се наспивам доволно и квалитетно, така да пред некој ден исфрлив 2 црни вреќи козметика т.е skin care продукти и само 3 продукти користам и така ќе продолжам. Ништо не делува ако немаш здрави навики, чиста околина и квалитетен сон.
Ja piev diane 35 6meseci se iscisti no potoa pak pocnaa i pak piev posle 1god ama djabe 6meseci nemas nis posle pak izleguvaat a nesakam veke da pijam takvi kontraceptivi
До некаде си во право, ама не сосема. Ако ставаш на лице производи што не се квалитетни, и не одговараат на твојата кожа, итоа како се исфрлува лицето. Така да треба да се внимава на се. И козметиката, и шминките што ги користиме се од доста клучна улога.
Нормално дека внимавам, си имам откриено што ми одговара, а што не, и сведувам на минимум користење продукти, само она најбитното и потребното. Но пред се, сонот и животните навики, се повеќе во тоа вложувам.