Здраво. Приметив последниве 2,3 месеци лицето ми се направи лом и ми се исфрла со бубулици, како црвени лишаи на образите. Никогаш ама баш никогаш не сум имала проблем со лице, секогаш ми било чисто. Дали можеби е поврзано со доењето и хормоните? Што можам да направам?
Зарем дозата не се одредува врз основа на телесна тежина и висина, најчесто 0.5mg/kg , односно ако сте 60кг највисоката доза треба да ви биде 30mg , ова го пишува секаде и е потврдено од светски дерматолози, освен со исклучок ако веќе акните се од многу тежок облик и не реагираат на помала доза. Јас почнав првиот месец со 10 мг, страшно ме исфрли , потоа ми покачија на 20 мг и многу подобро ми делува . Јас имам 47 кг и 159-160цм така што 50-60 мг мислам дека за мене би било премногу..
Здраво. Јас имам 23 години и акни почнаа да ми се појавуваат пред некое време,година дена можеби а никогаш претходно сум немала, ни во пубертет. Особено на чело ми излегуваат, и тоа периодично. Еднаш во месецот ми се исфрла обавезно, па ќе ми се смири и за некое време повторно. И тоа цврсти ,црвени,болни акни, поткожни. Испитав хормони, сите се во ред, направив и ехо на јајници и тоа е супер. Значи проблемот не е од таква природа. Како да испитам бактерија на кожа дали имам? Или пак бактерија во црева? Исто една докторка ми спомна за лојни жлезди, ама не знам како се испитува тоа?
Здраво на сите. Сакам да направам ПРП третман и микрониделинг, па сакам да прашам дали некој има искуство со некоја клиника и со овие третмани? Фала
Еурофарм на попуст беше 470 а иначе вака редовна цена 670 мислам, ама вреди стварно уште првото ставање се гледа реакција се чисти лицето и омекнува.
Здр да прашам некои по искусни вака што д акористам за челото целото ми е така со ситни брунчиња насекаде и некаде на образите и на муцката, не користам сминка само од свадба па на свадба и лицето не ми е чисто ај ве молам препорачајте ми нешто за да ми се исчисти
Да не ти е хормонски проблемот? Ако не поминуваат подолго време може ќе треба да се испиташ хормони. Што користиш моментално, каква кожа имаш?
Ништо нр коридтам само со вода си го мијам ама така ми стојат може 2-3 години не се многу нападни ама со рака кога допирам не е мазно туку брунчина ситни насекаде на челото, инаку имам испитано хормони се ми е во ред па да ми предложите нешто ефноставно за користење.
Овие коселини како се како се користат, ги има во ДМ ? И дали ефектот е перманентен или треба редовно користење ?
Треба редовно користење. Ги има во ДМ. Салицилната киселина ја користам 3 пати неделно, навечер, после двојно чистење на лицето. Не ја измивам, оставам да се впие во кожата, па нанесувам крем со хијалуронска киселина и бетаин. Кремот го нанесувам секоја вечер. Еве слики од продуктите.
Девојки како да знам дека ми е нарушена кожната бариера? Во принцип имам нормална кожа, со малку помрсна Т зона, меѓутоа периодов приметувам дека ми е сува баш на тие делови и се лупи, на челото и долу на брадата странично, што буквално никогаш не ми се случило и има некоја чудна рапава структура.. Користам чистач наутро и навечер + азелаична секој втор ден и спф крема. Совет?
Периодот повеќето се жалат на сува кожа. Не значи дека кожата е сува поради нарушена кожна бариера. Доколку користиш азелаична киселина, навечер, после неа ставај некој крем кој ќе ја нахрани кожата. За наутро имаш спф крема.