Јас мислев effaclar линијата,ја користиш. Каква кожа имаш? Јас овие две ги имам користено порано уште , дневна и ноќна крема таа ти што ја стави не сум ја пробала
Мене истото ми се случува пред добиено. Ставам хлорадерм само таму кај што имам акни и тоа ки помага. Ги суши и не им дава да се развиваат и да станат така бели и гадни. Постепено се смалуват и исчезнуваат. Исто мн ми помага редовно чистење на лице на козметичар. Одам после циклус.
Имам исти вакви баш на истиот овој дел од брадата и не ги можам веќе. Чаре девојки? * сликава е од нет
Лојни цисти имаш или затворени комедони исполнети со себум.Ако не ги исушуваш или третираш стануваат и акни.Најдобро да имаш соодветна исушувачка нега и да ги испиташ половите хормони, ако е висок тестостеронот или неговите деривати треба терапија од дерматолог/ендокринолог .
Ти благодарам на одговорот. И да, такви се ситни малечки и кога ќе ја оптегнам кожата се познаваат доста и ги има доста, а и секогаш акни ми излегуваат баш на тој дел, не многу често за да е загрижувачки но се случува. Нешто поконкретно за нега на тие делови? Освен азелаична ништо друго не сум користела, и стандардното - чистачи и спф.
Намали со млечни масти( кашкавал, павлака не конзумирај премногу). Од креми можеш да земеш Биодерма Керато плус ( ако не е премногу масно лицето) или Биотрејд Актив крем ( ако си масна и имаш лојни цисти на целото лице. Поздрав
Девојки, ве молам за препорака за козметичко студио или доктор за консултација и третмани за акни? Со години маки мачам ништо ми нема помогнато. Дерматолозите ми викаат хормонски се акните и стандард козметика биодерма ми даваат, со резултати од хормони отидов кај ендокринолог, ми рече акните не се хормонски, да ги решавам козметички. Од кои третмани/козметичари/серуми сте задоволни за оваа проблематика?
Азелаична киселина серум дали имаш користено? Можеш да почнеш со него, земи си еден хидратантен серум (пример хијалуронска киселина) и азелаична. Можеш да го користиш и наутро и навечер, како ти одговара. Сум приметила дека многу ми прија наутро ако го спојам серумот витамин ц со азелаична и спф крем, одлична комбинација е. Сепак ако немаш користено азелаична досега, не ти препорачувам да почнеш така, туку да си го користиш серумот самостојно. Големи се шансите да ти одговара, супер го смирува лицето кога има активни акни на него.
Благодарам, дали имаш препорака за некоја конкретно да земам? Имам користено порано многу и салицилна и други серуми, ама се престанав кога ми препишаа акнефуг и сона, соната ми помогна некое време после тоа пак исто. А и хијалуронската ме исфрлаше памтам.. Сега баш во лоша состојба ми е, болни црвени акни.. Секако ќе земам азелаична да пробам. Исто, доколку знаеш, бидејќи сакам да почнам со ретинол, дали е ок да го ставам на активни акни? И за пептиди исто..
Не ставај премногу серуми наеднаш, почни со некоја поедноставна рутина - наутро хидратантни серуми како хијалуронска нешто такво и спф. Навечер хијалуронска или пептиди + азелаична, финиширај со некој крем за лице што ти одговара на кожата и нека си "работи" цела вечер серумот. Мене сите серуми во моментов ми се Geek&Gorgeous, презадоволна сум и од нивните креми. Онлајн ги купувам од coslovemetics, дел од серумите има и во дм маркет, но многу мал е изборот.
Здраво. Препорачајте ми нешто за црвенило на лице од хормонски дисбаланс (доење, бременост итн.) Каква нега на лице да правам?
Здраво, кажете ми кремата Скинорен со азелаична киселина 20% каде можам да ја најдам? Има многу добри пофалби па сакам да ја пробам
Здраво, некој да ми препорача некои креми за намалување на брчки и хидратација. Читав за Beauty of Joseon дека доста ги фалат нивните производи па доколку има некој искуство да сподели или со некои третмани за лице кои се ефикасни за намалување на брчките и подочниците. Ви благодарам
Ми се појави нешто на брадата тврдо како топче за почеток го оставив да избие но толку ме болеше шо го стегнав но не можев цело да го извадам од болка, шо си направив полошо да ме боли повеќе и ми отече брадата, уште не е заздравено стои како отечено топче и тврдо, шо можам да ставам за да заздрави раната? Мислам ми се појави од стрес.
Со ваков проблем најдобро е да прашаш матична. Затоа што ти отекла брадата, не е добро на своја рака да ставаш нешто.