Девојки ве молам за совет.Имам 36 години.Веке 5 месеци ми се лупи лицето околу нос.Особено кога ставам пудра многу се познава.Користам дневна крема сабајле против брчки Q10 со хиалурон од лимес.Невечер ретинол серум на др Витон и ноќна крема на лимес против брчки.Инаку одсекогаш имам чисто лице и немам брчки но превентивно ги користам.но сега само ми се лупи околу носот.Ке може ли да ме советувате што да користам и што за чистење на лице?
Користи пилинг за чувствителна кожа и некоја побогата хидратантна крема. Пилинг еднаш до два пати неделно се користи.
@Sungold кокосовото масло помага да се смири лупењето кај носот. Мислам дека не ти одговараат производите, пробај да смениш нешто од нив. Внимавај со серумите сега кога е потопло, спф обавезно ставај.
Еве сите вие што имате суво/мрсна кожа топло ви ја препорачувам козметиката од sebamed пена и крема за лице можете да ги најдете продуктите во ДМ и се е тоа природна козметика, кожата ќе ви свети
Девојки нешто за осветлување на мали темни дамки на места каде што имало мозолче? Освен витамин ц на цело лице, дали ова помага на балеа? Цинк оксид каков? Каде го купуваш
Ова од Balea сум го користела ама ми го сушеше лицето и кога го нанесував на цело лице и како локален третман, престанав да го користам и веднаш ми се вратија флеките од акни. Цинк оксид сум користела на Novexpert како локален третман
Дали знаете некој што препродава tretinoin? (купува од земји каде не треба рецепт пр. Турција и ги продава тука)
Затоа што сум сконцентирана на флеките, гледам сите производи да се за таа намена -Glow Recipe vitamin C - ordinary niacinamide - Byoma brightening toner - Centella tone brightening ampoule -Ordinary glycolic acid Сегс во план ми е да ја земам и од Еуцерин кремата анти пигмент мислам се викаше.
Ќе споделам нешто што ми помага сега моментално, супер ми е, сум пробала се за лице, се и сешто, моментално користам само: масло од јојоба: се препорачува за акни, на памукче го мачкам лицето; рицинусово масло, од аптека ги купувам, вит Е и исто така ok e витамин Ц од ДМ во маска - крема.
Od apteka go zedov masloto od jojoba, pishuva na nego natural 100%, mislam od Zegin go zedov nad 500 e malku vo poskapite ama vredi, zadovolna sum i jas.
Да не мислиш на клиндамицин од Lea? Го имам користено гелот за акни на градите и грбот. Здраво, ми треба совет. Имам 27 години, нормална кон сува кожа и последно време (подолго од 1 година) на челото и околу образите имам ситни бели точки, како нафрлено. Исто така, почнаа да ми се прават акни, а никогаш кожата не ми била склона кон акни. Пред неколку месеци побарав рутина од Магнолија и беше тотална утка, фрлив над 2000 денари в канта. Денес бев на дерматолог, ми рече дека станува збор за КОМЕДОНИ и МИЛИУМИ и ми даде нова терапија. Ми кажа дека ако нема подобрување ќе одиме на метод вадење со игла. Терапијата е со производи од Uriage, La roche posay и Biotrade и ќе ме чини околу 3-4000 денари. Сакам да прашам дали некој има искуство со оваа дијагноза и дали вреди да ги купам производиве?
За овој мислев, најверојатно се исти. Ми го дадоа за розацеа една недела како го користам ама многу ми се лупи кожата на лицево ме изгоре, мислев да не е нуспојава ама докторката ми рече нормално е, да појачам пантенол 3-4 пати на ден.. како ти беше тебе?
Секоја вечер го користиш? Мислам дека не е баш најокеј за толку редовно користење кај кожа со розацеа, само ќе ти ја изиритира кожата и ќе ја направи поосетлива... Не ми е јасно зошто ти го дале, обично го даваат против акни затоа што помага да се намали воспалението, ама кај кожа со розацеа навистина не знам каков ефект би имало. Не би сакала да те предомислувам и да ти се мешам, само гласно размислувам, ама еве што кога ќе се излупи кожата, нема со тоа да се тргне розацеата. Треба можеби да го побараш тригерот за состојбата. Имај ја на ум cicaplast кремата од La roche posay, таа доста смирувачки делува на кожата, па ми се чини дека има шанси да помогне. Или да видиш некоја линија баш за розацеа, Uriage имаа крема, со розово на пакувањето беше мислам.
Јас имам и цистични акни, уствари розацеа тип 2 Се смири доста лицево, два пати на ден ставам клиндацин, еднаш сулфур и розамет, плус еднаш на 10 дена ласер. Комплицирано е ептен моево после пораѓај Имам биодерма цикабио ама сега и со пантенолов ќе пробам.
Оффф, јасно ми е тогаш зошто ти го дале лосионов. Фала што објасни и сори за упадов. Зезната ситуација зашто едново бара едно, другава состојба скроз друго, но сигурно ќе се најде решение. Само наоружај се со трпение додека трае. Се надевам дека ќе ти се смири лицето што е можно поскоро. Со пантенолот внимателно само на местата кај што имаш акни. Прво тестирај на помала регија од лицето како ќе се однесува, па ако се е океј, мачкај се слободно. Некогаш знае да даде реакција со многу ситни мали бубулички полни со гној и баш се досадни додека поминат. Јас сепак стискам палци да ти одговара, навистина ја смирува кожата и се надевам дека ќе ти помогне.
Препорачајте ми нешто за лице за флеки од акни а да не е азалаична киселина. И ноќна крема за осетлива кожа.