Пантенолов да не е неможам да зборам стегнато лицево мислам ќе испука на 2ри сум на контрола се надевам ќе го преќини клиндацинот оти незнам како ќе ја опоравам кожава после, ама ми се чисти од него скроз..
Мене ми се нафрла лицето со такви мн мали ситни бубулички и беа полни со гној а сега се само онакви како врукници кога искачаат. Најверојатно ми се реакција од една крема. Со што може да ги третирам побрзо да поминат? Во аптека ми предложија афлодерм .. Дајте некоја помош очајна сум од чисто лице глупости ми се издешаваа
Афлодерм мислам кортико маст беше ако не се лажам, не знам колку би било соодветен избор, можеби треба да видиш што ќе ти каже дерматолог. А јас конкретно за моиве вакви, ставав Хлоракол секоја вечер и поминаа за десетина дена. Мене ми беше реакција од еден спф кој не беше за лице, па се спасив со Хлораколот за среќа.
Не знам дали е за тука прашањево ама сакав да прашам дали некој правел Face Scan испитување за одредување тип на кожа во Зегин Аптеките?
Здравп на сите,искуство со оваа крема има некој? Здраво,јас имам правено после тоа ти препорачуват која крема ти одговара Може искуства,ако некој ја има користено?
И јас го имав тој проблем. Можеби ти е нарушена кожната бариера од ретинол,од јаки производи за твоето лице. Пробај со кремчиња за заштита на кожната бариера,вложи малце во некоја кремичка од типот на geek and gorgeous happier barrier, добра хидратација,кремче може и со церамиди во себе и ќе се среди.
Ќе звучи многу банално, но за нарушена кожна бариера најдобро решение е крема за пеленски осип, значи некоја со цинк како на пр. Судокрем, цинквитаминска крема (200 денари) или бекутан сензитив СОС (оваа е формулирана со повеќе вода и е одлична). Навечер откако ќе ги ставиш сите производи што ги користиш, стави дебел слој, да имаш како бела маска. Ова не мора секоја вечер туку неколку пати неделно, меѓутоа разликата ќе ја приметиш веднаш утрото. Целата поента на кремите за пеленски осип е овнова на бариерата, заштита и одржување на оптимална влажност, а од друга страна цинкот ја смирува кожата, посебно црвенилото. Можеш да прогуглаш "face basting" за повеќе информации, но од лично искуство можам да ти кажам дека ништо не ми ја спасило бариерата ко ова, ни масла, ни мелеми.
Еве сега ставив маска за лице Aloe Vera, добро ми делува. Сега лицето ми е мазномногу убаво се осеќам. Бидејќи имам нежно лице, дерматолог ми препорача користам природна козметика. Го следам тој совет