Не сум сигурна дали правиме муабет за истото. Ова е како "пенкало" на кое има игли. Ставаат анестезија на лицето и поминуваат со пенкалцето и кога поминуваат игличките ја боцкаат кожата. Најдов на јутуб, женава добро објаснува.
Е јас правев како маска од алга со такви иглички, невидливи секако, ја нанесуваше со ракавица. Ама потоа откако се излупи, јас повторно сум истата во лицето. А си дадов 50тина евра. Можеби треба повторен третман, ама сега ми е да не си дадам пари, а да нема ефект. Ќе си треба со посилен третман да пробам, за да ја израмнам кожата. Еве како тип на нерамнини имам, на еден дел од кожата така поизразени се, челото ми е мазно, брадата тек тук ама кај слепоочниците е проблемот. Тука највеќе имам такви нерамнини, ситни лузнички. Затоа и не сакам да ја фаќам косата. Досега сето ова што го имам постигнато со кожата е со серуми, креми, немам правено воопшто третмани.
Слично ми беше како на сликава, само поретко. Исто и препорака (мислам доколку не користиш) пептиди и хијалуронска. Година и повеќе како воведов рутина, имаше подобрување дури и пред да ги правам третманите. Сега имам пак некоја акна, тек тук, ама "нерамнините" се измазнија.
Дали може препорака за крема за лице или СПФ или не знам веќе што, скоро секое лето се исфрлам на лицето најверојатно од сонцето, со сите бубуљички на челото. Никогаш претходно вака не сум се исфрлала. Секој совет е добредојден
@Suze18992 @lovely91 пробајте го серумов на Cosrx. И јас сакав да избледам некои флекички, да ми ја осветли кожата и кај мене има ефект. Кожата ми изгледа почисто и осветлено на местата кај што имам флеки. Има два, едниот C13 што го користам јас и C23, ама ко за почеток првиот би го препорачала, па наредно тој со појак процент.
Здраво Сега се сетив да ти наведам што имам користено, по две недели Разни серуми на основа на хијалуронска киселина, витамин Ц, пептиди, ниацинамид, цинк, ретинол, сега користам навечер еден серум Мокош multi corrective. Низ годиниве сум пробала поголем дел од состојкиве, знам дека има големо подобрување. Но ете на сликата се гледа дека на уште едно делче особено треба измазнување. Малку сум скептик дали такви погруби третмани би ми помогнале. Навистина сакам еднаш веќе со мазно лице да сум. Тие препарати со киселина велат се добри за ваква текстура на кожа, ама нели во зима. Ама мислам само мачкање очи е сето.
Од пред два месеци имав акна во ПМС, и оттогаш како белег да ми остана. Што да ставам да ја снема флеката?