Yeppeuda. Coslovemetics pa i momentalno imaat 40% popust. Baraj rutina, ti im odreduvas budzet, nemas utka.
Незнам кај да го поставам прашањево. Како може лицето шо ми беше до некни суво, преку ноќ да ми стане мрсно? Значи буквално се разбудив со мрсно лице и ете така ми е веќе 1-2 недели. Ништо неам сменето, ни исхрана, ни нега на лице.... се ми е исто како претходно. Абе се мијам по неколку пати на ден и пак ни течи мрснотија. И акни ми се појавија преку ноќ а чисто ми беше лицето.
Можеби ќе ти звучи чудно, но пиј што повеќе вода, избегнувај шеќер и пржена храна максимално и хидрирај ја кожата. Јас имам забележано дека кожата ми е во најлоша состојба ако два дена по ред одам во кафана каде јадам похованици и пијам алкохол. Тогаш сум дехидрирана и уште повеќе ми се исфрла лицето. Промена на време плус, воздухот загаден...се си влијае.
Ако не е исхраната, хормонски може да е. Плус ако си во ПМС, се е можно. Јас во ПМС ретко имам по некоја акна ама пред добивање мислам дека кожата ми станува некако поинаква, неубава, дехидрирана, како да стареам тие денови, кога ми помине пак сум си млада и убава
Моментално да, во пмс сум али ова ми почна од пред недела две, и плус заборавив да пишам дека кожата на телото ептен ми се пресуши, дури и бели флеки иам насекаде. Се перутам. Не верувам да е до пмс . Никогаш не ми се десило вака, преку ноќ ова да се случи. Исто така, ми се зголеми и опаѓањето на косата која веќе 3г ми паѓа во огромни количини. Скалпот можам да си го видам веќе. Ај за една недела треба да стигнат резултатите од хормоните па ќе видеме шо е работата, уште тие ми останаа непроверени .
А ми зависи кога ќе почнат да ме нервираат дома . Ај дај боже од тоа да е.... иначе се плашам дека полека полека пропаѓам како кауч.
Значи од срце ви советувам не си давајте парите по “дерматолозиве “ тука и препораките. Секој што малце ќе му се допадне докторот леле супер е вака така. Кај секој од тие дерматолози по малце, со тие пари ќе отидете во Систина или како што ви рекоа погоре во странство околу нас. Да нема резз со роакутан толку долго не е нормално и второ роакутанот е МНОГУ ШТЕТЕН со месеци да ги пие (без потреба) па што му прави тоа на црниот дроб и др органи? Само надвор е спасот, од мое искуство затоа и вас ве советувам истото, никако по дерматолозиве овде
Едно прашање,јас имам влакна на лицето,поточно лоцирани на брадата и јас лично ги депилирам со брич.Но,потоа се познаваат како малечки мозолчиња и така црвено стои местото.Не ми пречи многу,но не би сакала така да биде.Ве молам некое решение да ми кажете.Фала
Ласерска епилација. И јас имам. Идам еднаш месечно во дерма плус во аеродром кога сум во МК. После 2-3 третмани немам ни едно влакно.
Јас купив лумеа со надеж дека ќе се ослободам од нив ама не сум задоволна. Колку плаќаш во дерма плус?
Исто. Се мислев дали да ја купам ама само за тоа не ми се исплаќаше. Иначе плаќам само за брада 2000 ден од третман