Моментално освен 2.0 и Mild ова како твоето го нема но на елокси ни на кословметикс, каде на друго место може да се најде?
Тоа е 2.0 не е истото, не ги пишува истите активни состојки. Овие ги бараме, од членката погоре. @Chimera
Мене ми треба истото, не слично. Активните состојки се битни. А, гледам дека го нема на ниеден сајт во мк.
Го нарачав ова и го користам последниов месец, топла препорака од мене! Една од најдобрите козметики што ќе ја најдете за оваа цена кај нас.
Zdravo zenski predlozete mi salon za depilacija na lice so laden vosok čist za edna upotreba vo okolina na Čair, Sever, Topansko? Pozz
Во последно времее ми се појавуваат поткожни акни на челото, баш црвени и како воспалени. Што може да биде причината и некое решение? Размислував дали сум сменила нешто во исхраната или козметиката но не. Исто мислев да не е поради некое средство за коса, но акните се буквално на средина на челото и околу веѓите.
Ако ти се во ред хормоните и не си сменила ништо во исхраната и козметиката, можно е да ти се појавуваат од стрес, или ако си во ПМС. Исто и пери ги почесто навлаките за перници, јас би ти препорачала свилена навлака. Провери си ги и роковите на траење на козметиката и шминките. Вежбаш, се потиш често?
Мене ми се појавија на челото еден куп. Си земав гел за миење за ексфолијација на Нивеа. Користам и друга козметика, ретиноли, хидратантни креми, киселини, ама сметам дека тоа највеќе ми помогна. За две недели, челото ми беше гланц.