MyHocl го земав од Аптека ВиаФарм Охрид, сега видов дека го имаат и во ДМ. Јас сум презадоволна ви го препорачувам и како што видов е скроз прирордно така да нема зијан.
Дали имате правено ласерски третман на лузни (вдлабнатинки) од акни на државно? Ако да, каде и колку ве чинеше?
Постаро е мислењево но дали беше на третманот со дермапен? Дали си задоволна од резулатот и колку чини?
Здраво, во последно време лицето многу ми се суши, можеби од лековите или од нешто друго што сум земала во последниот период. Особено кај брадата ми се појавува како кора и лупење на кожата, ме пече и потоа ми остануваат како флеки. Што би можела да користам? Ви благодарам.
Само еден е одговорот на прашањето: “Како до чисто лице”? ТЕЧЕН КОЛАГЕН. Ниеден скинкер план и topical продукт не може да ја поправи кожната бариера како пиењето течен колаген. Дополнително што помогна за ДРАСТИЧНИ промени е 10мг цинк(таблета) на ден. Ова комбинација ме доведе до степен да не користам повеке скинкер комплицирани рутини и серуми, маски и слично. Мојата рутина се сведе на минимална: навечер двојно чистење со маслен па со крем-гел и на мокра кожа ставам крема Пантенол(Галеника). Наутро миење само со вода и СПФ крема(Beauty od Joseon). Имам дехидрирана масна кожа склон кон црвенила и ситни акни и бубулици, огромни себацеозни филаменти. Комбинацијата значително ми ја подобри кожата, се изрегулира себумот, а со тоа се намалија СФ. Црвенилата ги нема, а кожата е хидритана, пламп и еластична. После толку години експериментирање сфатив дека секоја кожа страда од недостаток на колаген и цинк. Ќе ви ја откријам рутината која мене ми ја врати кожата од “total damaged skin barrier” Пробајте, нема ништо да изгубите. И пишете ми за резултатот. Веќе имам другарка која прави слична рутина и живна во лицето и генерално цела кожа. Течен колаген пијам 3 месеци, пауза 3 месеци. Ова е коренот на решението. Овие два брендови, докажано. Цинк таблета 1мг секој ден по јадење одма за регулирање на себумот на лицето што ги чисти себацеозните филаменти Само навечер двојно чистење со маслен путер ZERO CLEAN.
Да се надополнам. Следно го чистам лицето со Some by me Bha гел кремаст, кружни движења 2мин. Со зрно прави доста пена. Лицето го остава 100% чисто и смирено. На мокра кожа миксам крема Cera Ve и Pantenol крема на Галеника(200ден од аптека) за длабока хидратација и мекост, смирување на кожата, Понекогаш ставам серум со пептиди на ТО, на влажна кожа Наутро миење со млака/ладна вода без средства. И ставање СПФ обавезно. Еднаш неделно користам маска со вит Ц на Bielenda, чуда прави како го изедначува тенот. Тоа е се.
Од спф на Beauty of joseon како си задоволна? Јас го имам тој на Some by mi и супер е, а мислев и другиот да го пробам
После колку време виде резултати, и како го пиеше, на гладно или? Истиов го имам и го пијам, по една епрувета на ден ама го пијам во различно време од денот. Немам приметено некоја промена, а при крај сум.
После 2 недели првите резултати. Сега лицето ми е како бебешко, мазно, цврсто, смирено и со намален себум т.е себ. филаменти. Исклучиво на гладен стомак на сабајле се пие. После колаген пиев вит. Ц 1000. Цинк 10мг со или после јадење. Хидратацијата е најбитна. BOJ ми е онака за секој ден casual, лесен е има убав финиш и не оксидира. Плавиот го имам, light верзија. Some by me ретко го користам веќе, онака наместо шминка бидејки ми го суши лицето, иако ми го матира и изедначува тенот, го осветлува и ги покрива црвенилата. Предобар ми е штета што суши, има цинк.
Пробај го Iunik spf-от Сентелата, прекрасен е и со одличен состав за масна кожа склона кон неправилности. Башка и супер цена има.
Околу 2 евра е, magic bag. Не знам зошто ги нема повеќе во Стокомак. Јас од Нотино online ги нарачувам во Хр.
Дали може да ми препорачате салон за третман на лице? Конкретно ми треба за чистење на комедони и црнки. Неопходно е да е чисто и да се професионални.
Го имаш во сите аптеки. Има и колаген beauty од истава фирма, не знам дали има некои дополнителни придонеси од него.
Мислам оти го има во ДМ. Мене ми е прескап во МК затоа имам луѓе од Бугарија што ми го носат кога земаат и за нив. Штета во Хр немам од кај да го нарачам. Сега земав нов 25000 единици, екстра јак, ќе постирам слика и мислење. Многу ветува па да видиме.