Девојки, итно е. Прележав сипаници пред 3 недели, ми останаа неколку дупки на лицето океј се помирив со тоа. Ме зезнаа што ме натераа да земам хлорамфеникол и bioderma cicabio со цел демек да не се инфицираат и да не оатанат лузни. И двата препарата ми ја убиптија кожата, ми ги запушија порите а дупките останаа. Меѓутоа, како последица на пад на имунитетот иако поминаа сипаниците мене бариерата на кожата ми е ужасна. Запушени пори и цистични акни почнаа да ми се појавуваат а да напоменам дека одсекогаш сум имала чисто лице (комбинирана кожа ама некако си ја погодив рутината од неколку препарати и така си терав) ама дега не знам што да правам. Веќе трета недела лицево крш
Колку си години? Дефинитивно кај повозрасните сипаниците потешко поминуваат. Јас на 19 години имав, со еден збор ужас освен белата крема ништо не мачкав и да знаеш дека ќе се повлечат. За 10 дена ако не ти се исчисти посети дерматолог не експериментирај сама да не си ја влошиш состојбата. Инаку дупката меѓу веги си ја носам сеуште а и најмалку важно е тоа. Здрави и живи да сме.
Што користите за третман и чистење на мозолчиња околу устата и на брадата? Исто и пред шминкање како го чистите / спремате лицето? Имам комбинирана кожа и досега не сум имала проблеми со лицето. Меѓутоа, во последно време, кога се шминкам пудрата изгледа многу лошо на мојата кожа. Сум сменила различни пудри, користев и креми пред шминкање, како и прајмер, но резултатот е ист. Кожата изгледа сува, нерамномерна, со насобрани слоеви и линии, како да имам брчки. Плус, на одредени делови, колку и да нанесувам пудра или коректор, тие едноставно не се задржуваат — останува мало „дупче“ без покриеност, и не можам да разберам зошто се случува тоа.
23 Подолг период ништо не користев само вода бидејќи така ми беше најчисто лицето. 2 дена ставам пантенол крем на лицето и крема бебешка со цинк на мозолчињата. Шминка избегнувам, само кога морам, ја чистам прво со влажни Балеа, потоа мицеларна вода од Balea, потоа сапун doctor's против акни или Balea Anti Pickel Waschgel hautrein. Имам и серум од Балеа со ниацинамид но не го користам редовно.
Проблемот не е во пудрата туку во тоа што кожата ти е дехидрирана и иритирана, па затоа изгледа сува, пудрата се собира и не се задржува рамномерно. Комбинацијата од влажни марамици, мицеларна и сапун ти ја суши кожата. Влажните исфрли ги одма! Намали на едно чистење навечер со масло/ балм и пена/ гел и само вода наутро. Пантенолот како состојка сам по себе е во ред, но можно е составот на кремата да ти ги затнува порите. Не ги пресушувај мозолчињата со цинк секој ден бидејќи така само ја влошуваш состојбата. Мислам дека бариерата на кожата ти е нарушена од агресивни состојки и недоволна хидратација. Не би знаела да ти препорачам конкретни производи, можеби е фино да се обратиш на некои од странициве за козметика што даваат рутини. Можеш да им наведеш дали сакаш едноставна или покомплицирана рутина, буџет и сл и се праќаат слики од лицето. Или да отидеш на дерматолог, што е уште подобра опција.
Побарај ја на инстаграм magnolia.glamour, прави бесплатни рутини за лице врз основа на проблемот и типот на кожа кој го имаш, има и на профилот објавувано ќе видиш и ти, има супер резултати кај други девојки со различни проблеми. Комбинацијата на производи ти е лоша, ти треба многу хидратација и соодветна нега за третман на мозолчињата кои може и да се јават и од други причини ако си била периодов повеќе под стрес, некои хормонски промени или исхрана со доста шеќер, во тој случај организмот си бара внатрешно промени без разлика што ќе ставаш, но сепак прво пробај со нова рутина затоа што во секој случај ова што користиш моментално воопшто не ти е соодветно и само правиш полошо.
За чисто лице мене ми помага само ретинол и ретинал. Свашта имам ставано, ама на ретинолите им нема замена. И од бубулици и од црнки и од црвенила и од се ме лечат.
Јас па со години користам Ц вит серум навечер, хијалурон серум наутро и лицето ми е стакло и пред циклус па еве и сега низ цела бременост. Другите производи за чистење, миење се случува да ги сменам но серумите и кремите за хидратација не и супер ми е кожата, затоа викам кај секој различно, само е битно да се најде соодветната рутина
Не ти требаат многу производи за чисто лице (сето останато е маркетиншки трик, ама да не одам офф-топик). Земи го гелов за чистење од Биодерма (исто така можеш да го користиш за вадење шминка, не е агресивен) и продолжи со пантенолот. И со серумите внимателно, посебно на години како твоите. Скроз непотребни.
Јас чистачот на Cerave го користев само како втор. Читав дека бил на база на вода и не делувал како маслен чистач. Презадоволна бев со тоа што убаво го чистеше лицето и најважно не ми беше суво и затегнато после миење.
Anua чистачов го имам користено. Убаво вади шминка од лице, но многу пече на очи. И баш бев изненадена, бидејќи нели демек за осетлива кожа е. Намерно го купив поради тоа, ама доста печеше и го дотрошив само за чистење лице.
Супер што споделивте. Овие два чистачи се единствените со оценки 9/10 за првиот и 7/10 за вториот кои одговараат за масна кожа со повремени неправилности. Јас го користам Балеа маслото, задоволна сум, ама на 5-6 дена знаат да ми се појават ситни гнојанички баш кај назолабијалните линии, а немам други тригери во рутината, па затоа сакав да сменам нешто, ама тешко е со првиве чистачи, 99% содржат комедогена база.
За хидратација кремата на Оливал зелената. Оваа мислам најмногу ми остави впечаток и ми даде брз резултат за малку пари. Еуциерин аквапорин е исто лесна крема. Ставам тенок слој и од неа. Пудра не користам ја исфрлив од употреба. ЦЦ од Фармаси со СПФ 25 и од Хеимиш ББ крема. Порано мешав и малку пудра но сега немам потреба ЦЦ е покривни. Мене овој иако е за сензитивна кожа ме печеше на лице. Синиот и зелениот ми беа по ОК.