Функционира ли овој уред? Добро ли го чисти лицето? Ми личи на подобра опција за вадење црнки од тоа металното стапче. Личи дека значително помалку ја иритира кожата. Баш на Тему ги гледав, ама некако скептична сум.
Мене супер ми го чисти и носот и брадата, 1-2 пати месечно го користам. Јас со стапчето метално се случуваше да си ја содерам кожата на нос, со ова до сега не ми се случило никогаш. Oва го имам нарачано само сега гледам ценава 900+ден е, а јас сум го порачала за 400 ден. Само cleansing го користам сега, другите 2 опции кога ми стигна месец- два ме држеше еуфоријата да се тинтрам после . И батерија држи долго, да заборавиш кога си го полнела.
Фала ти ептен. Изгледа скоро па исто како тоа што го имаат Coslovemetics. Ако не е и истото. Мене понекогаш многу ме боли кога вадам црнки со металното стапче, особено кога сум околу менструација, а тогаш и најмногу ми се прават. Ќе му дадам шанса можеби, па ќе видиме како ќе се покаже.
Јас бев пред една година, ми зема 2000 само за консултација и ми препорача некои производи: Uriage hyseac oil, азелаична киселина 20%, биодерма акн мат спф, Јас ги користам овие прозиводи, плус Еуцерин трипл ефект гел за миење и Пурито bamboo крема и ми ја смирија кожната бариера, црвенилото доста ми се повлече.Се на се, ми помогнаа производите, ама мислам дека не вреди 2000 само за препорака за производи.
Го имам на Centella light cleansing oil ама никако не ми функционира како на видеата што ги објавуваат на инстаграм овие што продаваат кај нас. Ги следам чекорите а пак не ми вади црнки.
Катастрофа се од Тему. Сега мислам дека поскапе 3.000 скоро прашував за преглед ама сепак заминав државно
Ве молам предложете добар дерматолог. Веќе со години имам акни. Хормоните ми се во ред, генетски сите имале чисти лица. За исхрана пазам нонстоп. Како ненормална 45 кила се направив мислејќи дека е до исхрана. Не знам што може да биде коренот на овој проблем.
Стрес или неправилна нега на лице. Побарај мислење од дерматолог што креми да користиш. Можеби користиш спротивно од типот на твојата кожа.
Обично за тој проблем прво се препишува на хормони и исхрана но кај тебе бидејќи тоа е во ред, значи како што рече Ангел најверојатно е до надворешна нега. Не знам која возраст си, јас кога имав користев клиндамицин лосион со тоа го чистев лицето и за кратко ми стана стакло. Но денес има многу, премногу избор на препарати со побогат состав и поголема ефикасност, така што на дерматолог ќе ти кажат што точно ти треба и ќе обрнеш внимание на составот, и ќе се среди
Дерматолог може да препорача и производи од кои зема % Биодерма, Еуцерин итн Не дека се лоши ама се тоа па тоа. Од исхрана зависи што е тоа што пасош. Може млечни производи ти пречат. Кажи каква кожа имаш, па ќе ти препорачаме производи за нега.
Јас имам одено кај др Самоникова. Имав некои вирусни брадавици и ми го среди лицето. Исто и моја колешка беше таму и е презадоволна.
Аааа, епа прво почни си со два или три пати неделно, за да не ти биде многу па да добиеш некоја реакција. Ако се е ок, пробај после секоја вечер.
Ти благодарам на одговорот. Уште едно да те прашам, дали сметаш дека помага за веќе бели стрии на тело?
Не знам колку е соодветно прашањево за оваа тема, но некоја што се разбира од skin care само да ме упати. Имам 27 години, и чисто лице, комбинирана кожа, на чело и околу носот ми е помрсна друго се е нормално, на некои места може мали лузнички од акни што ми останале одамна и порите ми се познаваат повеќе. Е сега имам пробано се, и често ми се исфрла кожата ако сменам производ. Не користам многу работи баш дека ми се исфрла. Сабајле ставам само СПФ и шминка, а навечер бришам шминка со мицеларна и Cerave гелот се измивам, и околу очи ставам крем (на medicube но нема некоја разлика). Тоа е се. Ме плаши дека морам веќе да користам нешто против брчки, затоа што на чело малце ми се познаваат. Да почнам ботокс, се осеќам рано сакам уште година две да почекам. Но ме интересира да вметнам серум треба ли? И кога се става, затоа што еднаш сум пробала сум се исфрлила и сум баталила. Исто и ниацинамид демек за пори од ordinary, ставав два пати неделно, ,кога ми искочија акни, уште се опоравувам, дури и дупка ми остана од едната и страв ми е да ставам. И така си седат неискористени и сериуми и се што сум купила. Пробав и тоа gua sha, не знам ме исфрла, пробав со мраз лицето да го поминувам, каде што се поминав се исфрлам, ја не сфаќам што кожа ке имав.. А највеќе што сакам е за да немам брчки, да не ми игзледа лицето уморно, и околу очи брчки што највеќе ме плаши Затоа и ме интересира, што треба да користам, и во што грешам?