Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. anelej

    anelej Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5

    Лептенот и јас го користев пред 4-5 години кога бев на факс ми се нарли лицето со акни и тоа во една огромна имаше 3-4 брунчиња и почнав да го орисрам лептенот и ми се исчисти

    И сеа летово се нафлив многу акни :emo: и моментално користам леа лосиноче


    Еве што најдов за лептенот :)
    http://www.lepten-mk.com/?gclid=COj2z6- ... zAodwAJZrg
     
  2. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Јас имав многу проблеми со лицето пробав со се да ги решам овие акни па и со ова чудо Лептен кое што уште толку ми го упропасти лицето :( Но секоја кожа не е иста ... Инаку кога спомнав се да спомнам и нешто од тоа лосиони сите што ги имаше во аптека,некои си апчиња,креми,сапуни....И една баба ми кажа да почнам внатрешно да го решавам проблемот да пијам чај(шремногу горчи) Ајдучка трева и да направам еден маст,кој мајка ми го направи со невенки,кантарион(уште некои тревки,незнам точно кои) и свинска маст.Кога толку прифаќав да ризикувам со лицето зошто да не пробав нешто што беше на природна база.Пробав и не се покајав пиев од чајот 1-2 чаши се мачкав од кремата и полека ми се исчистија акните,сега пак имам проблеми со митесерите,иако не се многубројни сепак ме мачат :doh:
     
  3. LadyDaget

    LadyDaget Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    23
    Сакам да прашам дали ова го има некој користено и дали е ефикасно?
    [​IMG]
     
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Јас користам Клиндамицин за чистење на лицето, го има во секоја аптека и подобро снабден маркет, и исто користам Нивеа висаж дневен крем за млада кожа, и многу го прави меко и го чисте лицето.Ама мислам дека најмногу ми се исчисти со редовните козметички третмани. Мислам дека стварно помагаат за да се дојде до совршено чисто лице
     
  5. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    Пробајте вака, растворете антибиотик цефалексин капсула во малку водичка и мачкајте ги акните секоја вечер.
     
  6. Jaglice

    Jaglice Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Те молам да ми го пратиш бројот од човеков во лична порака,итно ми е, фала однапред.
    А какви етерични масла? Може ли да се набави масло од мајчина душица,камилица, нане, диво оригано, ај те молам пиши ми во порака.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Дечки, ми требаат информации за кремата на Сашо.
    И ме интересира, дали е наменета само за акни на лицето, или може да се користи и за акни по телото - грбот.
    Сменив мал милион препарати и нема фајде од ништо. Баш ме интересира дали би била погодна за таму и ако не, прави ли човеков препарати за таква намена? :^)
    Било каква информација по ЛП ќе ми биде добродојдена. :)
     
  8. Ljubavi111

    Ljubavi111 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Девојки зашто не се најде една паметна и да го напише бројот од тој чичко Саше, многу е глупо и не е фер во лична порака....
    па зашто е овој форум тогаш измислен...
    играчки за мали деца ли ке си играме, очигледно е дека сите имаат проблем со кожата значи треба да имате човечност и разбирање.
    Благодарност до тој што ке го пише бројот!
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Еве го бројот од Саше, не знам на колку луѓе го пратив во приватна порака. И која е поентата овде да не го напишам, кога скоро сите тоа го бараат?
    072 276 954
     
    На sweetdreaming, Idonea, Ljubavi111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625


    Би препорачала такви гелови што се со четки воопшто да не ги купувате. На самата површина се таложат бактериите и лицето уште толку може да се инфицира.

    А гарниер како фирма воопшто не ми се свиѓа. Кај нас цената е малце повисока само поради стандардот. Живеам во странство. И тука спаѓа во една од најефтините колекции. Не дека секогаш цената го одредува квалитетот, но кога станува збор за лице не би штедела. Не сум имала никогаш тежок вид на акни. Но, лицето не ми било никогап стакло чисто. Сум испробала може да се каже баш се!

    Гарниер никогаш не би купила пак.
     
  11. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Го имам истиот проблем...
    Јас си порачав од орифламе еден гел за лице...навистина помага!! :)
    го користам еднаш неделно ама резултатите се големи...а и не е скап,некаде околу 200-300 ден. е!

    [​IMG]
     
  12. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Епа барам да најдам соодветна тема за моево прашање и не најдов па си викам овде ќе прашам, може некоја ќе знае..

    Одвреме-навреме го мијам лицето со сода бикарбона.. Немам акни, мозолчиња освен некои пеги ама за тоа наредна прилика.. Е сега, некаде имав прочитано дека доколку го мијам лицето со сода бикрабона тоа ќе ми помогнело многу, да ми биде чисто ептен чак што више и за пегите помагало..

    Па сакав да прашам, дали некоја редовно го мие лицето со бикрабона, задоволна или не, последици, добивки...

    Ми се чини прочитав дека помагало и за црвенилото на лицето па така ако некои имаат може да пробаат но секако да се осигураат добро..
     
  13. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имам мрсна кожа го чистам лицето со пилинг 2-3 пати неделно.Вчера си направив природен пилинг за кој ми беа потребни сок од половина лимон и 4 лажички шеќер.Резултатот беше прекрасен!
    Лицето никогаш не ми било поубаво -меко и мазно како бебешко газенце :D Вреди да го пробате овој едноставен а доста ефикасен рецепт ! :) :inlove:
     
    На kucence55 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ивана ќе кажеш ли како поточно се продотвува истава... ова она
     
  15. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Многу едноставно ке помешаш сок од половина лимон и 3-4 м.л шеќер да се добие погуста смеса и тоа е тоа..Потоа го триеш лицето со смесата но не треба премногу грубо да не се оштети кожата,го плакнеш со ладна вода и на крај може да се нанесе хидратантен крем во зависност од типот на кожата.Јас користам за комбинирана и нормална кожа од гарниер essentials зелено паковање и супер е, лесен, после него лицето не ми свети одма се впива .
     
  16. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Сум користела буквално секакви креми против акни и никои не ми помогнале.
    Кога отидов на дерматолог ми препорачаа една крема што ја прават по порачка само во една аптека, и беше во мало пакување ама и доста скапа. Користев од неа подолго време.. ама немаше никаква промена, дури и ми се направија повеќе. После тоа решив да не ставам ништо на лицето, една година не користев ништо освен наутро и навечер го миев лицето со бебешки сапун и ми се намалија.
    Сега ми препорачаа една крева се вика Здравје, бугарска е во сино опаковче и зедов таква.. ја користев една недела и пак ми се напраја.
    Досега ништо не ми помогнало, па и мене ми е преку глава.. и се откажав. Се надевам ке ми поминат така. :/
     
  17. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Пробај со медико идеал жолто кремче од истата фирма на здраве е
     
    На DreamAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. varsa

    varsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    3
    Девојки да ве прашам, можеби има пишано некаде на претходните страници, ама ме мрзи да пребарувам, дали некоја од вас поради акни и цисти на јајници пиеле diane 35 и какви резултати постигнале, бидејќи ми ги препиша гинеколог да ги пијам, меѓутоа скептицна сум во врска со нив бидејки имам прочитано многу негативни коментари и нус појави, помогнете ми што да правам и дали некоја од вас знае што е разликата помеѓу diane 35 i yasmin?
     
  19. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    До 17 години немав никакви проблеми со акни, ниту на лицето ниту пак на телото, но од тогаш па се до сега, поточно 2 години не можам да се отарасам од нив.. На лицето немам многу одвреме навреме ќе ми се појави по некоја ама за неколку дена ќе исчезнат, исто така и на градите, додека на грбот имам премногу и никако не се губат само се појавуваат нови, не знам што да користам, користев глина ама не ми помогна.. Ми викаат да идам на лекар затоа што можеби и до хормоните било, но не сакам затоа што една другарка пиеше таблети за хормоните и имаше многу лошо искуство.. Не знам што да правам, многу се нервирам и ми е многу срам поготово кога ќе дојде лето и разголени блузи не сакам да носам, а па за на плажа да не правиме муабет.. Дајте некој совет, некоја крема, или пак лосион кој би ми помогнал да го решам проблемов.....
     
  20. langida

    langida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    13
    Дали некој има искуство со лимон слушнав дека лимонот ги суши акните, ако некој знае нека ми каже, ве молам.