Јас ги пиев и мене ми помогнаа, многу ми се исчисти лицето за разлика од пред тоа...е сега прекинав да ги пијам и се надевам дека нема пак да си имам пак проблеми со лицето
А има ли некои несакани последици од пиење на тие diane 35 и дали помагаат за отстранување на акни на цело тело или само на лице?!
Немав некои последици само што се поправив малку, ама мене тоа и ми требаше сега за тебе не знам...јас немав акни по телото и затоа не знам, а на лицето ми се изгубија.
Фала на одговорот девојко јас незнам со да правам после се што прочитав на нет за нив страв ми е да почнам да ги пијам, а ти за колку врме постигна евекти , колку месеци ги пиеше и дали од првото пакување веќе имаше резултати или.....
Абе и јас на почеток бев скептик пред да почнам да ги пијам ама докторката ми рече дека воопшто не се штетни, ама јас пак бев несигурна и ја прашав и аптекарката и таа ми рече дека ако ми ги препишале поарно е да ги земам зошто може да има поголеми последици ако не ги земам а ако треба...инаку ги пиев 9 месеци...е сега за ефектот немаше одма резултати на нив пишува дека после 3 месеци има резултати, а јас имав подобрување после 6 месеци, ама се зависи и од личноста, јас имав многу голем проблем со лицето и можеби поради тоа требаше подолг период да се забележат резултати. Според мене не треба да веруваш на се што пишува на нет, ама сепак изборот е твој
Јас ги користам овие маски за лице и сум презадоволна од нив! Исто така понекогаш ставам маска од мед на лицето, и кремче Јекодерм - рибина маст! Јекодерм инаку не мириса на риба ! Многу добра маст!
Дали некој го има користено гелчево од леа за акни? Има ли резултати и за колку време? Само моето е со бело капаче
Јас го имам користено, ама не дава баш некои резултати подобро земи го лосионот. е сеа вика после лосионот да се става гелов јас пробав ама кај мене не даде никакви резултати, за разлика од лосионот кој е предобар, денес го купив пак, а ова гелов така ми стои. Сепак може ке има ефекти кај тебе, на билна база е, а и не е скап околу 200 денари во зегин, инаку да сега е бело капаче. туку да прашам јас за оваа кремата бугарската, здраве, која е подобра, сина или жолта? Која е разликата?
Како читам наназад, гледам многу ефекти има од кремата од Саше, ако може во лп да ми го пратите бројот. Фала однапред
Јас го имам и лосионот ,кога го купив ова беше гратис со него.Ставам повеќе од лосионот од ова не толку често пошто не гледам резултати па мислев да не треба да се користи подолго време, ама изгледа не го бива.Сега почнав да го користам и лосионот на јанг дерм затоа што од леа ми е јак ми го суши лицето а имам осетлива кожа.Сепак фала
Овие бугарскиве кремчиња ги имам испробано и двете и на почетокот бев задоволна али потоа штознам како да немаше резултати.Мене подобра ми беше сината бидејќи воопшто не е мрсна,не се размачкува лесно што е добро за мојата мрсна кожа.Сината ги суши мозолчињата,додека жолтата е мрсна и ги прави бели т.е подизлегува тоа белото од нив и потоа се добри за стискање ,но јас поради тоа сега си имам флеки од нив. Но сепак зависи од твојата кожа,но ако имаш мрсна подобра ти е сината
Мене денес лицето ми изгоре од студот. Целото ми е црвено почна и да се лупи, како што изгорев и на летниот одмор, и сега од ладниот ветер целото ми е унакажано. Уште што не ставив не се оправа
Јас бев на козметичар и ми препиша NaoStrata Spot treatment Gel и Eau Thermale Avene Cleanance Gel да не има некој искуствои со некоја од овие две?
Мене ми се нафрла лицето многу особено во Т-зоната.Челото мнооогу ми се мрси.Сум пробала многу работи,но скоро нисшто не ми помага. Ова на Garnier воопшто не го препорачувам.Немој да сте се зезнале.За митесери колку толку помага зошто четкава длабоко чисти.Ама ако го користиш малце подолго,не е хигиенски колку и да ја плакнеш четката никогаш нема да биде чиста. Во последно време само ова.Колку толку лицето ми е чисто и не ми се мрси.
Bunny2 за сапунчево едно големо ДА!....Навистина е супер..Нема преголеми резултати но лицето е видливо помеко и почисто а и по малку помага...Не е скапо 20 до 30 ден.Јас го користам од Бадем и Млеко и супер е!...А за ова од Гарниер од каде го купуваш колку пари е и дали помага?
Незнаев каде да прашам, овде ми изгледаше најсоодветно. Имам малце мрсна кожа и не многу проблематична, но понекогаш знае малце и црвенило да ми јави (многу малце и се губи) дали е добро да направам еден пилинг од лимон и шеќер, бидејќи негде прочитав тоа делувало..може да ми каже некој дали му помогнало, дали може да ми се исфрли нешто, нејќам да ризикувам одма зошто до сега немам пробано.
Јас имам правено таков пилинг ама онаска за чистење на лицето, а не заради црвенило, незнам дали за тоа делува исто така користам и шеќер со сапун за цистење, го распенуваш лицето со сапунче, а врз него шеќер и убаво триеш, а инаку никогаш не ми се направило никаков проблем и никогаш не сум се исфрлила, напротив и да имаш нешто исфрлено ќе ти помогне побзро да помине ( но секако убаво да го измиеш лицето не чепкај со нечисти раце и нечист сапун) http://beauty.glam.com/topics/detail/neutrogena/
Јас го користам, па можам да ти кажам ок е , јас искрено мн очекував али шо знам, обично сум задоволна секад од Гарниер, ова го користам после миење на лице два до три пати неделно, и да го чисти лицево све ок, али јас имам др проблем, шо мислев дека ке ми го реши ама не било така Сепак пробај земи го