Доколку некоја го има користено ролончето на Garnier Pure да ми каже дали е ефикасно и дали ги суши акните, се мислев да го земам ама не бев сигурна
Дали некоја била на третмани кај др. Анчевски ?? ме интересира како сте задоволни.. дали вреди да се проба? пишете
Јас сум задоволна од сапунчето на Dove. Кожата на лицето ми беше сува. Го користев 10 тина дена и баш ми помогна. Пробајте
Незнам дали е прашањево за овде ама ајде... Имам малку акни ама таму каде што имам кожата ми е мрсна...е сега сакам да прашам дали можам да се мијам со сапун ( слушнав дека сапунот ја суши кожата) а тоа да не ми наштети бидејки имам акни?
Јас го користев истото shirley пред многу години и имаше одлични резултати кај мене.Тогаш го купував по пазариве, а сега не можам да го најдам истото, има друго Shirley beauty, но тоа е за избелување, и го нема тоја ефект како што го имаше ова Shirley.Знае ли некој каде во Скопје може да се најде истото?
епа пробај со сапуните на дове, јас ги имам користено тој со краставица и тој за ексфолијација со плави зрнца шо е ..мене поубав ми беше првиот ама тоа е до кожата така да треба да си пробаш..зборот ми беше дека тие сапуни содржат крем па така да не би требало да дојде до исушување на целото лице
Ајде од мене едно прашање Дали чичко Саше мора да ме види пред да ми ја даде таа маста? Или може да пратам некој само да ми ја купи?
Како до чисто лице?! За црнки:Со чај од камилица.ќе стоеш над пареата и излегуваат. За подочњаци:Со коректор а може и со ладна лажичка да држеш на нив,или пак со краставици. За бубалици:Паста за заби -Брзо и ефикасно За брчки:Кремот од Виши ... помага. Спојлер мислам дека заборавив нешто да допишам ама тоа е. Се надевам на некој ќе помогнат моите совети...иако сигурно повеќето ги знаете!
Еве јас да те дополнам-храната игра голема улога,значи многу витамини,овошје,зеленчук,а пред се поголеми количини вода.Масната храна,фаст фудот,чоколадото и сл.влијаат многу на кожата.
јас поцнав со еден сапун на докторс е го има во аптеките не е скап околу 70ден е и секое утро и навецер го мијам лицето и потоа нанесувам крама се вика здраве исто ја има во аптеките околу 50ден и еве веке втора недела вака приметив дека лицето ми се цисти
Јас искрено од сапуни имам иритација или ми ја суши премногу кожата, си ја замивам само со чај од камилица, а потоа ставам бекутан или некоја крема на база на невен за да се впие.. зошто ми е страшно сува дури ме боли ако не ја намачакм. Засега камилицата ми е најпогодна за чистење и наутро и навечер..
Aknefug od Dr. Wolf има ли некоја користено? Јас денес прв пат си ставив ама ми ја исуши кожата ептен. Леле денес лупнав скоро 4000 во аптеката само за лекови и препарати за кожа и коса. И овие ако не успеат се откажувам, па каква сум таква сум.
Јас ја користам целата колекција на Nivea young веќе 2 години и јадоволна сум http://images4.fanpop.com/image/photos/21500000/nivea-young-nivea-21578021-400-316.jpg
A да пробаш со лосион за лице? Побарај во аптека . Ги има различни и од различни фирми. Од 80 тина денари па можеби до кај 400 денари ги има отприлика
И мене ме интересира кремата на Саше Ако може некој да ми каже каде и како да ја најдам, и колку пари е Имам навистина голема потреба од неа, сум пробала се и сешто но никогаш 100% резултати
И јас исто така имам голем проблем со лицето.Имам акни но најмногу имам на носот и неколку устата па затоа сакав да ве прашам да не знаете некоја крема ласион било што важно да помага бидејќи вака веќе неможам
Пред неколку месеци бев на дерматолог пошо почнаа да ми излаваат брумки во пределот под ушето и брадата. Ептен ме чешаа и ми изгледаа прилично нервозно и затоа решив да не ставам ништо од своја рака. И ми го препиша истото како и пред неколку години кога имав ситни брумчиња, Ациди Борици, Клиндацин, Еуцерин и лидапримче (друго не смеам, алергична сум на мн. лекови). На почетокот ставав редовно ама никакви резултати не даваше и престанав зашто и така не ми се познаваа од косата. Бев и подзаборавила на нив зошто ниту ме чешаа ниту пак се вцрвуваа. Пред недела-две продолжив да си ставам пилинг со кафеав шеќер и масло за лице. Мислам дека ради пилингот, исто препорачан од дерматолог, стафилококите мои се налутија и сега почнаа да се прошируваат. Чаре?