Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667


    се оди на 2 до 3 месеци максимум, зависи од тоа колку ке имаш пак црнки на лицето.ако ти е мрсна козата ке одиш почесто.јас одам на некои 2 месеци, и стварно со редовни третмани многу ми се исчисти лицето.а инаку костато околу 600-700 ден одприлика
     
  2. IiVvIii

    IiVvIii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    7
    Јас лицето си го мачкам со ракија ко ке не излегувам и стварно помага ги суши мозулчината порано цело лице ми беше со мозулчина пробував со креми и лосиони но не ми помагаја.
     
  3. emibt

    emibt Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали некоја девојка од битола го има користено кремот од сашо? Би сакала да исконтактираме за да ми пренеси искуство :)
     
  4. ww1

    ww1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Гледам дека има многу загрижени личности како што бев и јас и баш затоа се решив да го споделам моето искуство со вас, се надевам дека ке ви помогнам.
    Би почнала од почеток значи ми се појавија акни во седмо оделение, гледајки од другарките купував евтини пудри и ги мачкав на лицето, најголема грешка е на тие години да ги затвораш порите. Стисканјето бубулици прави да се рашират по цело лице, затоа секогаш треба да бидете стрпливи. Користев секакви лосиони и таму направив грешка бидејки не знаев дека лосион кој во составот содржи алкохол создава црнки па така со користење на секакви пудри, лосиони, креми,стисканје ми се појавија и безброј црнки по лицето кои почнаа подоцна и да ми се претвараат во бубулици и лицето ми дојде во никаква состојба. Тогаш решив да побарам помош кај дерматолог. Првиот кожен лекар ми рече дека имам бактерија која се шири низ кожата и ми препиша некои апчинја и ми рече да си ги проверам хормоните (да напоменам дека акни ми се појавија прв пат во 7одд но се додека ептен не го расипав лицето не тргнав по дерматолози и кожни лекари значи на 18год) се исплашив многу кога ми кажаа за бактеријата и одма се јавив кај едни од најдобрите и најрекламираните дерматолози кои пак ми кажаа дека секое лице има бактерии ако се земе брис и се направи испитуванје секогаш ке се најде бактерија. Ми препишаа сумамед апчиња и некои јаки сретства за лице што коштаат многу, со кои не треба кога ги користиш да се изложуваш на сонце. Така изгубив пола година пиење апчиња, јаки , скапи средства за лице и третмани со ласер. Ми се намалија бубулиците од апчинјата и ласерот многу ми помогна но за краток период. Одкако престанав да ги пијам апчињата после месец време одма ми се појавија акните и повторно се вртаив кај нив за да прашам што понатаму. Ми рекоа не можам да ги пијам, повеке апчинјата да правам само третмани. Правев уште 3 месеци може и повеке третмани со микробразија и ласер, бев разочарана, ништо не ми помогна. Решив после година време да го сменам дерматологот и отодов кај други исто така многу познати. Ми рекоа никако апчиња, стискање на лице, црнки поточно ке ти помогне, а јас од секогаш бев против тоа но прифатив. Цело лето не отидов никаде 3 месеци на дерматолог , стисканје по 2пати во неделата, после ласер за смируванје на црвенилото и дома мачкање скапи кремови од Др Хаушка сто ми ги препорачаа. Можам да кажам дека маската од Др.Х е многу добра но за чиста кожа, кој може да си дозволи да ја купи нека ја проба некаде околу 3000 ден е. Значи ни тие не ми помогнаа со стискањето, со овошните киселини и со ласерот. Бев многу разочарана, предходно слушнав од една жена веке е во годдини дека и се има исчистено лицето од една докторка во Грција, пиела некои апчинја и никогаш повеке и се немат појавено акни.Исто и зборував со другарка која живее во Австралија ми кажа дека ги пие истите апчиња и е презадоволна. Па бев во Грција кај таа докторка на преглед ми зема крв ми препиша колку милиграми според крвта можам да пијам сега после 6 месеци пиење (Роакутан) лицето ми е скрос чисто но ми имаат останато флеки и белези. Во Македонија не знам кој доктор ги препишува овие апчиња и каде можат да се најдат но мој совет е ако се одлучите да ги пиете да не земате на своја рака. Бидејки се опасни мора испитување на крв секој месец и строго следење од доктор... Може да гледате клипови и на јутуб. Сите оние кои имаат мноооогу проблеми со акни им ги препорачувам апчињата а сите оние на кои брзо почнале да им се појавуваат акни им препорачувам да не користат лосиони со алхохол, никако пилинг на лице поточно средства за миење со гранули за длабинско чистење јас ја користам пената од Афродита козметика за миење на лице, да се воздржат од чепкање, не ставајте секакви маски и креми оставете го лицето само да дише и јадете многу овошје посебно јаболки на гладен стомак и избегнувајте млечни производи. За флеки кои и јас сеуште се мачам да ги исчистам од лицето мислам дека многу е помага контратубекс маст која можете да ја најдете во секоја аптека, може е поскапа но вреди да се дадат парите за ефект. И додека се користат препарати за кожа никако не го изложувајте лицето на сонце истото е и за контратубекс мастот само навечер мачкајте.Резултатите ке си дојдат. Сакајки да помогнам на некој морав да напишам ОБОЛКУ МНОГУ :lol: Поздрав
     
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^Колку контраефекти има роакутанот, не вреди.
    Освен ако немаш буквално цисти на лицето, само и само во краен случај се пие роакутан.
    Продолжи си со контролите и немој да ти текне да земеш да пиеш алкохол истовремено, а би ти препорачала и здраво да се храниш додека си на терапија и 6 месеци од кога ќе ја прекинеш.
    Во колку држави е забранет, дупло поштетен од хлорамфениколот е, ама ајде, вие како си сакате, сепак лице е.
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    ww1, Контратубексот не е за флеки од акни, туку за лузни од операција. Како што го опиша твојот случај, сметам дека потребно е избелување на тие флеки. За флеки од акни и пигментација се користи Меласкрин од Авене, а има и Меласкрин од Еуцерин. Но, сепак, најдобро е да се консултираш со дерматолог.
     
  7. lidija198

    lidija198 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, дали некој знае крема за флеки од бубулици, слушнав за кремата Лала и кремата од Докторс од магдонос нешто, ве молам ако знае некој да ми каже кај да ги најдам и дали имаат ефект, поздрав.
     
  8. ww1

    ww1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Контра реакции има од било какво апче. Се правев со години и правилна исхрана без леб и житарици без млечни производи.. немаше резултати а знам дека има многу случаеви како мојот па за тоа и решив да напишам искуство за да не си ги трошат парите по дерматолози бидејки сите ти предлагаат само третмани... Контратубексот мене лично многу ми помогна а и на други другарки исто, не е ништо штетно може секој да проба. Поздрав
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    А што е финтата што си пишала во опширниот пост никако пилинзи или гелови за миење на лицето што содржат гранули ? Зашто никако .. не те разбирам..
     
  10. lalala3

    lalala3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Јас имав проблем со лицето 2 години секаде бев,секакви креми користев за на крај да ми кажат дека имам полицистицни јајници.Еве четири месеци пијам Диане 35 препишани од генеколог и пу пу пу да не се урочам ми се исчисти лицево,може само пред да добијам да ми излезат една две бубулички ама тоа не е ништо во споредба со порано.Сега имам проблем со флеките од порано што сум се стискала:(:(:( Кажете ми некој предлог каде да одам со што да ги исчистам?
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Се заборавам да прашам.

    Пред некое време, конечно, открив како се викале овие брунченцава, или не знам како да ги наречам. Значи не се масни ткива како што ме уверуваа сите, не се поткожни акни, туку се - милиа. Како е на македонски, поим си немам. :D

    [​IMG]

    Сликава е од Интернет, јас баш исти вакви имам, само подоле ми се, под подочњаците. Ај ѕирнете, видете некое решение... Имам одено на козметичар да ми ги вадат, но одвај половината ми ги извадија. Навистина ме нервираат, според мене премногу имам. Не се познаваат којзнае колку, а па кога имам пудро ич, но сакам мазно лице.

    Ставав Здраве едно време, и уште ставам, и пукнува некое одвреме-навреме, ама кога имаш милион, едно-две не прават разлика. |(
     
  12. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала дека овие се појавуваат од многум маснотии. па според мене еден начин е да ги контролираш маснотиите во исхраната. :)

    мислам ако зборуваме за истите. мали ситни мозилчиња кои личат на гнојарчиња а всушност не се :lol:
     
  13. ww1

    ww1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Имам прашано многу дерматолози и ми кажаа доколку кожата е воспалена да не се мие со таков гел со гранули. Посебно кога се стискаат бубулиците со триењето може да доведе до инфекциранје на цела кожа. Ми го имаат повекето од нив препорачано гелот за миење од Авене. [​IMG]

    Доколку ти е смирено лицето и сакаш побрз резултат ласерот многу помага а се прави во зима и есен кога сонцето не е јако и не треба после правење ласер никако да го изложуваш лицето на сонце. Бидејки лицето ми е смирено но не ми е мазно и имам како лузнички и флеки од акни правам 2 пати во неделата пилинг и мачкам контратубекс, ке почекам некој месец за да видам дали само ке се исчисти ако не и јас есен ке отидам на ласер, не е ништо страшно само малку скапо :) поздрав
     
    На lalala3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    и јас го имам истиот проблем и ако е навистина до храната ќе пробам да се контолирам,ги имам на челото и знам дека не се гнојчиња и не се многу познаваат но кога ќе ме осветли некоја светлина под кос агол неверојатно грдо изгледа.Ќе пребарам малце на нет и ако најдам нешто ќе се потрудам да ги снема.Конечно си ја разрешив дилемата дека не се брунки туку нешто сосема трето.Благодарам многу :P
     
  15. lalala3

    lalala3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2

    Сум слушнала и за цистење со овошни киселини :^) сакам да си го исчистам лицето пред да се затопли времево па ке се јавам и ке прашам и за ласер и за овосни киселини мислам дека е околу 4000 :worried: ама за да ми свети лицево нема да ги жалам парите :) Порано користев гарниер гел http://1.bp.blogspot.com/_-nkGLr-mfbA/S ... ng+gel.jpg ама ми кажаа на козметичар дека ми ја иритирал кожата и за тоа ми препорачаа џамбо бебеска купка 60 денари е и ств смирува и го прави лицето меко и нежно :)
     
  16. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    на лицето ми испаѓаат нон стоп гнојници,кога ке добиам циклус се полнат со гној после циклусот гнојта ја нема но тие уште стоат како ситни брункички. порано не им ја оставав гнојта нонстоп ги стискав и ми остаа белеци потоа не ги чепкав но никако не поминуваат ги имам веке долко време..... :( дали знаете што да ставам да ми се исчисти лицето?
     
  17. viksyk

    viksyk Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Ја користам Aqno Pur многу е ефикасно! Ги гори за помалку од 24 сати..мислам дека ги има во Скопје..но најважно е пред се здрава исхрана..
     
  18. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    само во аптеки можам да го најдам ? колку пари е од прилика?
     
  19. lejlamkd

    lejlamkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Поздрав , се разбарав по странски форуми  за кремот  ретин-а  кој содржи третиноин (дериват  на а витамини)   ,  имал силно влијаније врз лојните жлезди , 
    и го намалува лачењето на себумот , а при тоа и го намалува појавувањето на нови митесери , 
    дали некој знае дали  го има кремот во Македонија  пошто редок е во балканскиов регион 
    .. го има во вид на крем и гел ,
      ако некој има користено или знае нешто повеќе за овај крем нека пише тука ,  
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Јас сакам да ви кажам нешто.
    Чистотата на лицето и те како зависи од начинот на исхрана. Тоа го увидов од мене. Been there, done that.
    Додека јадев нездрава храна секодјневно, лицето ми беше кататрофа, свашта ми излагаше на него.
    Ама, откако сум на диета, и јадам само здрава храна, лицето значително ми се исчисти, плус не ми е мрсно како порано. Се сеќавам порано кога ќе се најадев навечер нешто нездраво, тестенини, нешто мрсно, мене лицето сабајле кога ќе станев ми беше ненормално мрсно, ама ете сето тоа се промени со начинот на исхрана. Почнав да го користам и Нивеа day care, што и дополнително помогна во тоа..
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.