Јас ги пијам веќе 6 месеци, прашај што те интересира имав отворено тема за овие капсули ама некако слаба заинтересираност, најверојатно поради неинформираноста за нив во МК.
Постов ќе биди долг затоа што содржи многу информации кои се надевам ќе му помогнат на некој ... Мојот проблем со акни започна пред 6 години кога бев 7мо одделение , ама тогаш нормално не беше некој си голем проблем ,пубертетски први акни, менструација , хормони па тогаш користев само Нивеа колекција ,од која шо имаше некој си ефект се до моите 14,15 години кога почна да ми станува сериозен проблем па тогаш започнав да користам разни препарати , Леа гел , Хлорамфеникол лосион , Разни кремови , препарати домашни праени , потоа почнав да правам третмани на козметичар и користев козметички препарати кои што ми ги даде таа од фирмата C'n'c .Резултати имаше но се додека редовно одев по 2 пати во неделата на контрола и 3 пати месечно на третмани. Но откако ми се подобри лицето престанав со третманите ,продолжив со препаратите и повторно лицето ми се врати во првобитната состојба . Потоа една година намалив со производите користев само едно кремче од Докторс ...се подсмирија и моите бунтовни хормони и така се до 17 тата година , кога почнав да одам кај "дерматолог" кој ми го препорачаа а јас незнам и зошто ги послушав , па со мајка ми под рака и право кај неа за таа да ми направи некакви третмани со овошни киселини и моето лице (образите најчесто ) да ми станат како минско поле . Тој третман се прави во есен , зима или пак рана пролет затоа што не смееш да бидеш изложен на сонце а таа типката "дерматолог" ми го направи токму пред да заминам во Италија во мај месец и неможам да ви опишам што стана од тогаш...страшни компликации.После тоа престанав со секакви препарати да употребувам освен сок од лимон и чај од камилица , затоа што летниот период престојував подолго време во Грција па солта и сонцето си го направија своето .Од септември наваму проблем ми се само образите , бев и на гинеколог , се било во ред а сепак проблемот не престануваше .тогаш посетив друг дерматолог кој ми препиша крем TRIACNEAL OD AVENE заедно со гелот за миење и термалната вода , и за прв пат се појавија вистинските резултати .Искористив 2 паковања во рок од 6 месеци и бев многу задоволна ,но сепак флеките останаа. Е сега пред 1на недела бев во маркет и случајно налетав на кремчето Здравје за кое знаев уште дека во времето на баба ми се користело , и го зедов за смешна цена од 70 денари. Па еве за 1на недела незнаете какви резултати има !!! Значи кремче Здравје , гел за миење лице (јас користам од чајно дрво и рузмарин ) облоги на 2-3 дена со чај од камилица и плус ќе ги заборавев ОМЕГА 3 капсулите !! Се надевам оваа комбинација ќе биди спас и за други со овој проблем ,зошто знам колку е мачно и уште повеќе стресно во борбата со Акните Значи толку години труд , мачење, страшна сума на пари фрлена ,солзи за на крајот да дојдам до ова мало техничарче Да напоменам ! Нови секако излегуваат , особено кога сум под стрес и пред менстуација , но ова кремче страшно брзо ги суши . па...среќно
Браво за тие што ви помага здраве кремот. Јас пола го потрошив а досега резултати нема, одиме понатаму ќе пробам со маст од невен ама правен од жена па ќе видиме
девојки помагајте незнам што се случува периодов со моето лице ретко ми се појавувале акни а сега...како е најефикасно да го чистам? некој гел или лосион за чистење? ја сменив пудрата земав loreal и мислам дека е до тоа но само што ја купив а скапо ја платив пробав да го одмивам секоја нок со камилица но ништо
Незнам дали во истава тема пишав еднаш го препорачав кремчето TOP SHIRLЕY затоа што мене ми помогна многу кога имав голем проблем со акните, така да сеуште се среќава во парфимериите (а го има и на по тезгите на бит пазар колку што знам за тие што се од Скопје) порано беше 50-60 денари сега е 70-80 денари.http://www.shirleybeautycareshop.com/wp ... _05_06.jpg Сега не го користам веќе зошто нема потреба а го зедов тотално безнадежна кога бев затоа што бев очајна и не верував во никакви кремчиња, но две девојчиња тогаш случајно ми го препорачаа па реков ај не губам ништо + покрај толку фрлени пари уште 60 денари не беа ништо, и многу се изненадив позитивно ! Браво за ТОП ШИРЛИ!
Го има некој пробано сапунот од козјо млеко, гледам по тв го рекламираат, башка во тинекс го имало на 20 метри од мене, па ако е добар да одам да го земам а?
здраво женски ми треба ваш совет да речеме досега сум немала никаков проблем со лицето,секогаш ми било совршено чисто ама сеа ми е ужасно и ја земав eucerin дневна,нокна и тоник и сакав да ве прашам како да го користам тоникот оти сепак е тоа течност на памукче ли?? после него треба да го измијам лицето па да ставам крема,знам дека звучи глупо ама ми пишува на италијански и не разбирам се би му била благодарна мн на таа што ке ми објасни...
Значи вака- прво со тоник на памукче го чистиш лицето па поминуваш со нокна крема- тоа е за пред легнување (пред тоа си го измила лицето од пудра со сапун на пример или др. средство сеедно) а за сабајле само се миеш па ставаш дневна крема без тоникот.Се надевам те насочив од прилика
Тоникот подобро би било да го нанесуваш со рака а не со памукче , затоа што така памукот упива поголем дел од течноста а вака директно тураш на раката и нанесуваш на лицето . Само претходно со измиени , чисти раце . Јас барем така практикувам
Јас мислам дека треба со памукче од причина, памукчето да ја собере нечистотијата и да исчисти по длабоко, а само со рака мислам дека ке се размачка и ке се исуши, тоа е мое мислење - немора да значи позз
ви благодарам на сите ке пробам и со памукче и без па ке видам како е подобро..иако мислам и јас дека со памукчето појке се троши ама подобро се чисти
Уф, ке излезе дека ја рекламирам козметиката на Esense, последователно во три поста пишувам за неа ама морам, најново откритие ми е. Значи се работи за козметика за лице, има едно мало тубиче гел за акни и митесери, сестра ми го купи и го пробав, верувајте ги среди дури и раните на сестра ми, а дури и лузните. Целата колеција е одлична, го имам и пилингот и кремите. Доколку се работи за озбилни лузни и доколку ова е мачкина кашлица за истите препорачувам крема за лузни од Mertz на база на кромид и телешки џигер, да ме убиеш не ми текнува како се викаше а ја користев за озбилна лузна и ми помогна. Само што ја прашав мајка ми, Контратубекс се вика кремата. Навистина помага, дури и за целулит ја препорачуваат и за стрии.
Oф, и јас имам вакви, мака си мачам со овие незнам како да ги остранам, еднаш пробав да стиснам едно такво али многу боли и ги оставив. Bикате добро би било да го парам лицево,да ми се отворат порите, па да ги извадам некако, м? [/quo Нема шанси со стискање да се исчистат, а и многу боли бидејќи на осетливо место излегуваат. Бев на дерматолог со игла ми ги дупна, и повеќе ги немам.
Уф страшно ми е лицето, родив две деца и никако да се исчистам, барем така ми велеа како демек ќе се прочистам по породувањето.Јас две родив и како во пубертет да сум, а одамна го поминав имам многу креми и гелови пробано, но, без резултати, на пр., јанг дерм целата линија што ја имаат ја користев и некои други што не ми текнуваат во моментов, бидејки се многу, ве молам за помош нешто брзо и ефикасно.Благодарам.
имам белеци од брунките што ги стискам и ми се познава како црвени точки мн грдо стои кажете ми што да користам за да ги остранам...:/
Јас го користам убаво ја чисти кожата и што е најважно не ја суши, дури понекогаш немам потреба ни крема да ставам потоа. Пробај го сапунчето, кај мене добро се покажа, само пази кога се миеш да не дојде во допир со очите зашто многу пече :/