И јас цел ден се мијам со камилица, лицево ми е ужас, што од сонце, што од пмс... Што не пробав, до сега ништо ефикасно.
Да , облоги од камилица и тоа како смируваат . Но за поефикасно наместо на памук да ставаш камилица па на лице, ќе си земиш од кесичките чај и директно ќе ги ставиш на лицето , така има подобар ефект.
Јас ви препорачувам и да го миете лицето навечер со чај (јас го миев со чај од кантур) и откако ќе се измиетеда не го бришете лицето него да оставите само да се исуши , како се суши чувствувате како дејствува , чешка ... , и навистина ми ја смири кожата.... е сега малку е напорно секоја вечер да вариш и цедиш чај , но све за лепота инаку да кажам само уште ова чајот да е млак, не да се изгорите врел но не ни скрос изладен! И то
Леле од тоа што се стискав ми се направија ранички Ни пудра не ги покрива Ако ставам контратубекс ќе ми поминат?
Мислм дека не. контратубексот е за лузни. И јас така кога ги стискам се правам рани и корузи имам шо не се покриваат со пудро. Ама следната ден го вадм корузот (а знам дека не треба) ама шо да правам барем така црвенилото ќе го покријам со пудро и со текот на времете ќе ми избледе. На раните можеш да си ставиш некоја убава лековита крема или маст дали од невен или слична на природна база од билки нешто
Никако не го чепкај лицето бидејки кога ке ти се исчисти нема да знаеш што да правеш со лузните! Најлошо нешто е раната цело време да ја разрануваш. Добро си кажала мачкај со лековита крема тие се помрсни, на места кај што имаш корузи да ја регенериираат кожата и побрзо да зараснат. Позз
Јас за смирување на лицето користам домашен чај од магдонос, се вари исто како и секој чај, само се остава додека да се излади ... и после тоа со памукче се премачкува на чисто лице, најчесто пред спиење и не се плакне. Го смирува црвенилото па дури и црнките околу носот се повлекуваат
Дали некој ја има користено оваа колекција за акни од Далтон? Ја има во Космо Tинекс, и ако вреди би ја купила, но пред тоа сакам да слушнам некој коментар од некој што ја има користено....???
Ако имаат во составот силицилна киселина и/или бензоил пероксид, да! Пробајте! Вреди, и помагаат овие состојки многу!
Многу е убав гелот за миење лице од Орифламе со Чајно дрво. Го чисти лицето, ги собира порите, го матира, дава здрав сјај, не го суши. Како за помлади, така многу прикладно е и за постари. Сум пробала разни гелови за лице (Од Грин Лајн и Авене ми биле најубави), ама скоро никој не се покажал нешто посебно. Овој од Орифлеим е навистина убав и секогаш си го начекувам на попуст за околу 150ден.
Сум го пробала,многу убаво ми делува.Со него често се мијам речиси секој втор ден.Ова пакување второ по ред ми е. Убаво ми делува доста ефикасно.Инаку јас го купив 189,не беше на попуст тогаш..
Извесен период не користи пудра,и јас имам проблем со лицето веке месец дена...и ти препорачувам да посетиш дерматолог
Сеа моментално ова го читав http://www.ajurveda.com.mk/index.php?id=77 и од утре ке почнам диети и апчиња цинк и витамини ке пијам.. Па се надевам дека ке помогни
Дали ги имате користено маските или пилинзите од Авон и дали сте задовилни,дали се чистат црнките,мозолчињата...
Здраво сакам да ве прашам за колку време ви се исчисти лицето од користењето на маста од на Саше, и дали користевте пудро за време на третманот со неа ?
Ве молам кажете ми дали е добро да се користи масло од невен за чистење на лицето...имам сува и чувствителна кожа, склона на акни и црвенило.Во аптека ми го препорачаа маслото велат било убаво за кожата на природна база, кажувајте спас како да си го средам лицето, очајна сум, ве молам дали е добро да се користи масло од невен за чистење на лицето..имам сува и осетлива кожа и склона на акни и црвенило..уште што не пробав да го средам лицето и ништо не ми успева.очајна сум веке кажувајте спас ве молам.
Cамо кремата Здраве,мене многу ми помогна,наеднаш ми излегоја многу акни на лице,фала многу на другарка ми што ми ја пушти,само подобро навечер мачкајте,па сабајле ке видите дека се исушиле Eве јас оваа ја имам Makedonista пробај ја кремава многу е добра,многу ја фалат,братучед ми имаше многу акни на лице и само оваа му помогна
ова е најдобрата колекција која ми помогна конечно моето лице да биде чисто и мазно.само не знам дали кај нас ја има.
ve molam kazete mi dali e dobro da se koristi maslo od neven za cistenje na liceto..imam suva i custvitelna koza i sklona na akni i crvenilo.vo apteka mi go preporacaa masloto velat bilo ubavo za kozata na prirodna baza..kazuvajte spas kako da go sredam liceto ocajna sum ве молам дали е добро да се користи масло од невен за чистење на лицето..имам сува и осетлива кожа и склона на акни и црвенило..уште што не пробав да го средам лицето и ништо не ми успева.очајна сум веке кажувајте спас ве молам[/quote] Јас го користам маслото од невен и мн ми е погодено. Си го мијам лицето прво со сапунот asso derm па потоа си се мачкам со маслото од невен убаво да ми впие па после редам Здраве крем и можам да кажам дека ова комбинација најмногу ми помага ( и јас имам акни и флеки од акни ) ама Здраве кремата јас ја користам оваа ова најуба ми е. Ја користев и Здраве Лека Формула со цинк оксид таа полесно се размачкува ама не ми беше воопшто убава. поздрав