и јас имам мрсна кожа но со тоникот од CLEAN AND CLEAR многу ми се чисти барем не светам како лас вегас после многу време...
мислам дека одговара за секој тип на кожа... има дневен и ноќен крем... јас ноќниот го користам (никако со него на сончева светлина) и иди како маска да клавам, мн е хранлива,со овошни киселини
за колку време се гледаат резултати? а тој од лала може ли да се користи и како подлога за шминка?? и уште едно прашање те молам сапунот од докторс за акни дали одговора за сува кожа да не ми ја исуши многу? ти благодарам многу
Да, пред спиење, зошто е прилично бела и густа, не се впива како обичните. А за во Зегин не знам дали ја има, јас од маркет ја купив.
Јас од Зегин ја земав, би требало таму да ја има. Иначе ја ставам барем 30мин. пред спиење затоа што е многу мрсна и тешко се впива, па повеќето ми останува на перница. А и немора баш навечер пред спиење, ако знам дека сум дома во наредните 2-3 часа обавезно си ставам.
Ја има секаде , дури и во маалски продавничиња,во маркети,во Зегин , во парфимерии некои.. Но гледај убаво да ја купиш таа на која што пишува само цинк оксид, затоа што има 2-3 врсти мислам а не се исти . И како што кажа She, оваа е бела и доста густа, не се мие со вода , ниту гел, само со дискети или памук ќе ја бришиш , а за пред спијање не би ти ја препорачала да ја ставаш затоа што цела ќе ти остане на перница нема да се види ништо од ефектот.Јас ја ставам кога сум дома 2-3 часа некогаш и 4 и после ја бришам со памукче, ставам облоги од камилица да постојат 10тина мин. и легнувам ....
Лала може како подлога јас го користам само зависи каква пудра користиш па пробај и ќе видиш дали ти одговара
Имам чисто лице ама еве неколку дена на челото ми се појавија ситни поткожни бубулички и кога го допирам како рапаво ми е.Личи како алергија,од што може да е
Па јас имам мозолчиња и користам Нивеа крема, но повторно не помага.Но твоето е друго.Ќе ти помине.Најпаметно е да си земеш некоја крема.Колку години имаш?
Леле мене тоа честп ми се дешава. Прави деновиве почесто пилинг и чисти го со лосион, а после хидратантна крема. За 2-3 дена мене ми ги снемува Нз кај тебе од што е, али мене мислам дека ми е од шминката.
Исто и мене!!!!! И тоа сега моментално. Но мислам дека знам од што ми е . Бев на фри шопот и сакав да си земам пудра на лореал и ставив 2-3 различни од оние кои беа изложени за проба. Многу се нервирам што не погледнав дали рокот им е истечен
Јас па си ставив бела крпа на перница Мада добро, може и тоа...2-3 часа и после тоа со памук бришење.
Женски....не знаев каде да пишам, па ај тука....денес ми донесоа маски за лице од авон планет спа со лотосов цвет и кал од мртво море, од оние 159 денари. Ги поралав минатиот месец, ама во меѓувреме бев на лекар за лицето и ми дадоа што да користам и ми рекоа ништо друго да не ставам и сега немам што да им правам на маските. не се користени, значи денес ми ги донесоа. Ве молам ако сака некоја да ги земе, макар и за помала цена, само да не ги чувам за џабе дома да ми стојат. Ве молам пишете во лп!!!
Жената кај која одам на депилација ми препорача природно лекче за лице.. И тоа ефикасно е! Пред месец ипол кога бев да ме мазни, лицето и беше полошо од на пубертетлија а сега и е чисто, мазно и меко! Се изненадив дури, немаше никакви траги од бубулици, флеки или црнки. Се цеди пола лимон и се става мало лажиче бадемово масло. Со тоа се мачка три пати на ден, таман има за два дена! Спојлер јас смесата ја ставам во оние малецкине од алва Прво се мие лицето со топла накај жешка вода, нели да се отворат пори и се останато, потоа се мачка лицето со смесата.. Може и вратот. Всушност може кој дел од телото сакате затоа што ем чистело ем и дава на кожата мекост. Јас веќе три-четри дена се мачкам и малку ми е помеко лицето а за чистење си се чисти полека полека.
Многу помага и маслото од невен, го има во аптеките на самото кутивче, пишува дека е за секакви кожни проблеми, па дури и за акни.На памук ставете неколку капки и исчистете го лицето, после тоа не го миете.
А дали од кога ке го намачкаш лицето со тоа по извесно време треба да го измиеш или така да стои цел ден?