Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Јас практикувам јајце за чистење . Живо јајце се дели белката од \олчката во различни садови. И се матат со лажичка. После се намокрува лицето со топла вода за отварање на порите и се става белката , одкога ќе си ја намачкате белката на лицето, ставете тенка салфетка и оставете ја да се засушат заедно. Потоа полека отстранете и ќе видите колку црнки или нечистотии ќе има на салфетката. Потоа со жолчката се намачкувате како за хидратација и се миете. Веднаш кремче и толку :)
     
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Не, не.. Не се мие! Си останува додека кожата не го впие тоа :)
     
  3. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Вреди да се проба
     
    На martinuska и ivona83 им се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Од време на време ми се појавуваат акни, ама не ми е скрос чисто лицето. Користам Nivea Clean Deeper пилингот ама не помага многу за акните, само ги чисти порите. Од истата колекција го користам и тоникот бидејќи кожата во Т-зоната ми е малку мрсна. Ама кога ќе ми се појави мозолче ми поминва дури по неколку дена :?:
    Некој производ од кој сте задоволни за акните? Гледам ја фалите таа кремата Здраве, помага?
    :)
     
  5. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132


    Слична маска правев со белка од јајце, само додавав плус и лажичка лимон и лажичка мед.
    Немаше резултат некој за акните и митесерите , единствено после тоа кожата ми беше мека и освежена. :)
     
  6. flower.mn

    flower.mn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас за акните пијам витамин е капсули од natural wealth. Се пијат 3 месеци секој ден по една, јас ги пијам на утро и воопшто не се штетни за желудникот затоа што се раствараат уште во цревата. Потоа се прави пауза, јас направив пауза од 1 месец и сега повторно продолжив да ги пијам. Мене лично многу ми помогнаа, ми се повлекоја акните и ми се исчисти лицето. Инаку имав одено и на дерматолог, и на козметичар, правев најразлични третмани против акни, третмани со овошни киселини но ништо од ова не ми помогна како капсулите. Е сега ми останаа дупчињата од акни па сакам да купам некој од кремовите што ги имате препорачано тука.
    Вака изгледа паковањето од капсулите
    [​IMG]
    Ги има по аптеките, 100 капсули се 740 денари.
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    премногу ми се нафрла лицето, особено на челото.. никогаш до сега не ми било во ваква лоша состојба..
    бев во аптека и по препорака на аптекарката го купив лосионот Хлоракол, па сега ке видам дали ке покаже некакви резултати.. сакав да ве прашам откако ке ставите лосион, што ставате на лицето? каква помада?
     
  8. makedonista

    makedonista Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    0
    дали мислите дека газираните сокови влијаат за појава на акни и црвенило? тааман ми се смири лицето наеднаш ми се појавија а во последно време многу пијам газирано па ве молам дали мислите дека е од тоа?? позз
     
  9. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    јас два пати дневно лицето го чистам со безалкохолен лосион "Cliven" и го мачкам со дневен крем наутро и ноќен крем на вечер со поливитаминските креми "Satwa" од Алкалоид, и чувствувам подобрување... а еднаш месечно или на 2-3 недели си правам домашен третман, како во козметички салон, бидејќи ги имам сите средства дома и не мора да одам во салон... имам маски, вакум апарат за чистење на порите, четка на батерии со неколку делови... неколку пати сум била на козметичар за лицето, па знам како одат постапките за чистење на лицето... кога си го правам третманот имам подобри резултати отколку кога одев на козметичар и ми е многу поевтино...
    македониста...., не знам дали од газирани сокови можат да ти се направат акни, јас сметам дека не... повеќе зависи од исхраната... дали јадеш можеби мрсна храна? дури и варено јајце може да предизвика, или сончогледово обично масло во салата, а посебно ако јадеш пржрна храна, ако јадеш кечап, мајонез, сенф, ако јадеш мрсно месо, посебно свинско...
    препорачувам, пред користење на препарати за лице, да се консултирате со дерматолог... ако имате црвенило на лицето, препорачливо е тоникот што го користите да не содржи алкохол, бидејќи алкохолот не само што ја суши кожата, туку и иритира и создава црвенило...
    сега немам акни на лицето, ниту пак лузни од нив... кога це ми се појавела некаква бубуљица, а и тоа е нормално, и појавата на бубуљици не може да ја спречи никаков лосион или крема кога имате менструален циклус... барем мене најчесто тогаш ми се појавуваат 1-2 бубуљици најчесто на долната брадичка, и пред спиење ставам на нив паста за заби и сабајлето ќе ја отстранам и ми се сушеа така побрзо (за ова со пастата дерматологот беше против)... исто корисно е во филџан со вода да ставите сол, и со тој раствор натопете памукче и ставете на бубуљиците, а кога ќе се исуши памукчето, фрлете го... исто ми помагало и исцеден сок од лимон, ама не се мачка цело лице, туку само бубуљиците, оти лимонот ја суши кожата... ако сакате лимонот да го користите како лосион, тогаш во филџан вода растворете неколку капки лимон...
    јас кажав неколку начини што ги применував порано и ми помагале, но секако не сите начини во еден ден, оти пак и штетно е лицето премногу да се третира... доволно е само еден начин...
    денес користам како што кажав на почетокот лосион, крем и еднаш месечно си правам третман
    јас си се расприкажав, се надевам дека моите совети ќе помогнат некому, а ако имате потреба од дополнителен совет, пишете лп
     
  10. makedonista

    makedonista Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    0
    но проблемот што јас сум вегетеријанец значи никако месо не јадам..мајонез исто така, а лоша навика ми е што ги чепкам...значи јас сакам да го исчистам лицето конечно и да го тргнам црвенилото па потоа и јас како тебе со нокна и дневна.. гледам многу ја фалат здраве кремата многу ја спомнуваат во форумов?? што мислиш ти како да го решам мојов случај конечно? позз
     
  11. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    според твојот тип на кожа треба да се одреди козметика и според возраста... ако ги чепкаш бубуљиците, секако дека нема да дејствува козметиката, а со стегањето ги инфицираш и размножуваш... пробај да не го допираш лицето воопшто ако не е потребно и да не јадеш можеби мрсна или пржена храна избегнувај помфрити и такви мрсни јадења или разни грицки итн... ако и после тоа нема никакво подобрување, оди кај дерматолог и испитај крв, хормони, може и да е генетски... можеби дерматологот ќе ти препише некој антибиотик да се мачкаш
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас го чистев со производите од АВОН и искрено воопшто не сум задоволна. Нема некој посебен резултат, т.е. нема никаков резултат. Додека некои од другарките многу се задоволни..
    Значи различна кожа има различни барања... Затоа најдобро на лекар, на кожно, таму се ќе ти кажат и каков крем и се со ред. Третмани на своја рака не би препорачала, како што доктор може стручно да ти каже никој не може бидејќи секоја кожа има различна реакција.
     
  13. StRoWbErrY

    StRoWbErrY Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Користам од Doctor's antiacne cream и во комбинација со лосион е неверојатен.Треба голема упорност ама вреди за резултатот што го дава. :)
    Поздрав
     
  14. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    до пред некое време користев Proactive колекција што ми ја пуштаја од австралија.
    е сега ми треба некој лосион што ја хидратизира кожата.инаку имам мрсна кожа ама овај период некако ми се лупи.
    предлог?
     
  15. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Во последно време не сум океј, кожата не ми е океј и мислам дека воопшто ја не сум океј. Си мислам дека сум грозна и дека сум како да кажам... Абе грозна сум. Вие смејте ми се ама јас сум грозна и некако не ми вкусно кога ќе се погледнам во огледало. Другите ми викаат дека сум убава ама знам дека лажат ете не сум убава грозна сум заедно со моето никакво лице и кожа !!!
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    со производи кои одговараат на вашиот тип на кожа, правилна нега, исхрана, здрав сон и секако посета на козметичар :) здравје и јас мислам следниот месец да си закажам третман-а треба секој месец :!: од летоска не сум била, да почекав уште малку :D ама финанисиите се проблем :worried:
     
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Јас го купив хлораколот пред два месеца и искрено не ми помогна ама ич. Откако го нанесував лосионот не ставав ништо, а некој саат пред наредното мачкање ставав
    [​IMG]
    Многу лесна крема, брзо се впива, и го омекнува и измазнува лицето. :)


    На мој познаник козметичарка му има кажано дека кока колата предизивикувала појава на бубулички и црнки и му рекла да не пие повеќе. Може тоа важи и за другите газирани пијалоци :)
     
  18. princess3

    princess3 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    За мозолчињата најдобро на кожен.... Јас го имам истиот проблем но сеуште не сум појдена на кожен па затоа купив една крема за лице ја користам и н агрбот, деколтето и вратот се вика Penaten, сега почнав да ја користам нема некој резултати освен на лицето...викаат многу добра била. А за лузните прашај во аптека има разни креми а има е гелови за туширање за таа намена а покрај тоа можеш да да се мачкаш и со лимун :)
     
  19. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Купив крема од Doctor's незнам како се вика знам со неш кантарион е и пишува за испукана кожа,брунчинја и такви работи.Ке пишам за резултатите... ;)
     
  20. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Кај бевте до сега бре девојки да ми ја кажете моќноста на Лала :D
    Цел живот ми се „шета“ низ куќи ( мајка ми само неа ја користи ) а јас маќи мачам чааре да си најдам
    :D
    Имам испробано се и сешто и верувале или не НАЈМНОГУ ми помогна сода бикарбона. Резултатите од неа се НЕВЕРОЈАТНИ :o проблемот со акните а и црнките, ми го реши ( не сеуште 100% ама 90% да ) ми останаа само флеки за решавање. Сега почнав со Лала преку ден, за под пудро, а навечер Леа против пеги и флеки за спиење па ќе пишам што ќе биде
    Ви посакувам успех во борбата до чисто лице
     
    На strunfeta му/ѝ се допаѓа ова.