a kako toa so soda bikarbona ako ne ti e maka da mi pises jas imam mn crnki i uzesno me nervirat veke neznam so da napravam se probav i nikako da gi pobedam ja probav i lala kremata ja koristiv edno vreme i nisto imam pegi a od ovaa krema mi se cini mi izlegoa uste poveke i toa mozi e do kozata neznam daj kazete nekoe resenie za ovoj moj problem.... [mod-kirilica:3j88cmoe][/mod-kirilica:3j88cmoe]
не те сватив ти помогна лала кремата или сода бикарбона? како ја користиш сода бикарбоната?? и кај мене најголемиот проблем се флеките од акни, таа кремата од леа ти помага ли ?? се користи само навечер?? позз
Пред неколку денови една девојка имаше напишано за лимон со бадемово масло неколку денови го користев тоа и мислам дека има ефикасност,сепак ако се работи за полесен вид на акни,а заприметив и дека лузничките од акните тие што стојат како темно црвени ги осветлува.
Вака Лала крем сега почнав да користам но запознав голем број луѓе кој се презадоволни од неа ( сега ми е јасно зошто мајка ми праќа Лала на сестра ми дури во САД ) а дали и јас ќе сум задоволна, времето ќе покаже... За сода бикарбоната, имам ставено 4-5 пати до сега и имам успеси неверојатни во мало садче се става малку сода бикарбона ( колку да може да се покрие лицето ) и една до две капки вода. Да стане смесата густа, за да може да се намачка на лицето. Се мачка лицето и така нека стои додека не се исуши, јас ја чувам некаде околу 10-15 мин а за оние со по осетлива кожа најмногу 10 мин. Се измива и се става кремче За Леата, јас ја користам само за спиење бидејки ми е некако мрсна, а јас имам мрсна кожа. Од сите овие „препарати“ сега за сега сум презадоволна. Мазно лице, без акни, намалени црнки и избледеани флеки од акни. Сега за сега оваа ком ми е супер. А денес ќе пробам еден третман повторно со сода бикарбона за црнки, ми го препорача пријателка, таа ја пробала.Сода бикарбона и исцеден сок од пола потокал Дај боже да има успех веднаш ќе бидете информирани Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса. Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе осетите пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути. Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација. Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај. Напомена: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со осетлива кожа може да ја остават маската да делува пократко време. Еве како е , значи не е исцеден сок од еден цел протокал , туку само една лажичка еве и ова Измешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти. Јас вака си спијам понекогаш СОДА БИКАРБОНАТА е закон
Гуглај за сода и ке видиш за што се ли ја препорачуват, и тоа не само кај нас, насекаде во светот На јутуб има еден тон туторијали за коистење на сода еве ... http://www.youtube.com/watch?v=-qKdW8N0ovM
Епа вака мене ми рекоа да се мијам со глицерински сапун навечер и насабајле и потоа да нанесам еден лусион хлоракол (во аптека можеш да го купиш) и пошто ми е мрсна кожата само насабајле ставав една крема од нивеа за мрсна кожа, а ти земи си крема според кожата на нивеа пошто нз каква ти е. Пробај па види мене ми се среди лицето ама долго време го користев лусионот оти мн ми беше остетено лицето.
Вака сакам да ве прашам дали некој ја има користено колекцијата Лептен и дали помага за отстранување на акни? http://www.lepten-mk.com/index.html
Чисто информативно, пред месец-два прашував за тие масните ткива на лицето. Ама не се масни ткива, како белки топчиња се. Мислам дека знаете за кои викам. Е, јас им го најдов чарето. Ќе се миете со убав сапун за кожа, Дав или кој било, двапати дневно, јас насабајле и навечер се мијам. Откако ќе се избришете нели, ставете си убава помада како и обично, а на делот кај што ги имате овие белкиве, ќе се намачкате со блгарско Здраве. Така подебеличок слој, нека се впие убаво. Препорачливо е да ја одбегнувате шминката, јас гледам што е можно помалку, пудра па никако, ептен за испаѓање. Ќе приметите дека пукаат по некое време, мене уште не ми се верува. После бањање ги гледам дека се малку како црвенки и набабренки, ги притиснувам и излегуваат! Потоа нема ништо на местото, сите големи мене ми ги снема, останаа уште неколку ситни. Здраве го имате во Жито маркети, јас 49 денари го купив а одвај 1/3 имам потрошено.
Имам чисто лице колку-толку, ама забележав во последно време дека на тие места каде шо имав поголеми акни сега ми останаја како флеки, како црвени точки Не ми се некој голем проблем ама сега да завршат празниците ќе одам на кожно да видам шо е работата. Сакам да имам чисто лице а не со црвени точки тек-тук
Дузи тие ти се прават на места каде што ти е мрсна кожата така? Мене најмногу на брадата и челото. Баш ќе пробам со сапунче и ќе ставам крема од Орифлејм за да не се прават веќе
Не Пупи, овие се тврди, со години ми стојат. Еве ги, вакви имам само подоле малку. Единствен начин е да се извадат со игла, затоа ме зачуди што Здраве ги исчисти. Спојлер Знам ти за кои викаш, за тие малечките, тие одма пукаат по ден-два. Тоа е зошто ти е мрсна кожата, на носот и мене ми испаѓа некое чат-пат. Само сапунче му е лекот за тие, после полесна помада, и ќе ги нема.
Здраве е кремче и пол,море скоро две,од неколку нанесувања како да ми ја исчисти кожава,еј за 53 денари,не да се исплаќа....ама така си мислам сега е супер,ама по некое време да не испадни како со импалата,сите се засиливме па после ништо, се разочаравме....хахахахах
И вакви ми се имаат направено ама не толку многу повеќе ми се прават од тие ситните. Ќе пробам со сапун обавезно
Незнам дали е вистинското место да прашам, ама ај ќе прашам. Дали некој го има користено Нивеа се во едно? Денес баш го забележав во Тинекс, па планирам да го купам, дали некој го има користено дали е ефикасно ? Фала однапред
Jaс го имам и привремено го користам. Убав е, ја освежува кожата и и‘ прави пилинг. Знаеш, се употребува и како маска и како гел за чистење. Е сега, онаму каде што си имам црнки (на носот) пак си имам. Можеби тоа е бидејќи не ја користам често, како што е напишано.
Зависно од типот на кожата и акните. Лично јас имам искуство со Лептен, пред едно 3-4 год, имаше резултати, но не беа нешто wow, така само почисто си го чувствував лицето, малку ми беше само подобрена состојбата и кога го потрошив пак ми се врати на старата песна. Но, од друга страна, на брат ми лицето од него му стана стакло, како друг човек да стана. Потроши две колекции, а резултатите беа повеќе од видливи уште по првата потрошена колекција. И што е најбитно, немаше јојо ефект, му се исчистија еднаш засекогаш. Кај сите е различно,реков и погоре зависи од типот на кожата и акните, само да напоменам ако се одлучиш да ја користиш колекцијата, да го избегнуваш ставањето на пудра колку што е можно повеќе.