Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Во право е Маца, јас не можам да се поднесам во Скопје. :swear: Мислам дека на крајчињата од челото, кај што ми се допира косата со лицето, имам буквално зрнца песок кога ќе се вратам од некаде.

    Се случува на ден да се измијам со сапун и по 4-5 пати, во зависност како излегувам и се враќам, затоа што цела гнаса и прашина ја сеќавам на лицето. :envy: Ма какви влажни марамици, какви бакрачи, го чистам со тоник да испадне црнилото, па со сапун и ставам помада плус павловиќева на очните капаци.

    Уште ми стојат тие под веѓите, парчиња сува кожичка, лишајчиња. Одбегнувам максимално шминка, се случува да се нашминкам најмногу 10 пати месечно да речеме, само за навечер кога излегувам. Ако не минат за некое време, им давам уште малку фора, ќе одам на дерматолог.

    За Здраве кремата секоја чест, девојки, да ја пробате, и пред 2-3 страници наназад ја фалев. :lol: Сега го меркам тој сапунот од козјо млеко, да го дотрошам Дав па тој.

    Инаку, најново откритие ми е тоникот од Грин лајн за сува кожа, го купив некои си 150тина денари а е многу освежителен. :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ако се гледам во огледало има растур лицево да го прам! :lol: Затоа што помалце гледање тоа помалце лузни! :lol:
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде оваа крема,од кој производител е.....читам тука дека скоро сите ја фалат а и намене ми се појавија лишаи ама на јаболчниците...користев крем правен од дерматолог ама не ми помогна многу па да ја пробам и неа...ми се смачи веке да ги гледам лишаиве :envy:
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Во право се и maca99 и Doozy ,ист случај сум и јас од кога додјов во Скопјево лицево ми е катастрофа , што не пробав не од чајни дрва, кантариони, кремите на Саше за џабе тие како подкожни малечки од челото не поминуваат а и на образите ми се направиле.Во право е и Fleur-De-Lis не трбеа многу време да се поминува пред огледало зашто уште повеке си ја влошуаме состојбата. :devil:
    Треба да се обрне исто внимание на исхраната.
    Него ке пробам и јас со овие Здравје да видиме некое чудо дали ке се деси.. :D
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Здраве е блгарско произвоТче :D , од дека бражда Блгари. :rofl: 50тина денари е, го има во супермаркети, аптеки, дури и на пазар го има. Досега немам слушнато некој да се пожали од него. Пробајте си го, не губите ништо. :)

    Прабаба ми, Бог да ја прости, уште пред 10 и кусур години го има користено, се сеќавам на кутичето. Го ставаше како помада, на пети, дури и на раце за да и ги снемало тие старските флеки. :)
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pomagajte

    pomagajte Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, искрено јас немам проблеми со акни на лицето но ако ви е од помош би ви ја препорачала колекцијата од орифламе Pure Skin имам мои блиски пријатели кои почнаа да го користат само гелот и за два месеци им даде стварно прекрасни резултати дури и се заччудив за ефикасноста не па цела колекција да се користи :rofl:
     
  7. anelej

    anelej Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5


    БАДЕМОВО МАСЛО и една друга феминка спомна МАСЛО ОД НЕВЕН, , КАДЕ ГИ ИМА И КОЛКУ ЧИНАТ :) ако има и слика поставете ;)
     
  8. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    ^ Бадемово и невеново масло го има во аптека,можеш да го најдеш и по маркетиве. 70-80 ден.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На anelej му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Малку глупаво прашањево, ама за што се користи тоник, а за што лонсион ? :wasntme:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    ^ Лосионот најчесто се користи како превенција од акни, а тоникот е за чистење или освежување на лицето - пред спиење, по вадење на шминката и сл. Имаш и (лосиони и тоници) специјално наменети за вадење на шминка.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Ве читам за кремава Здраве и може ли да ми одговорите за што поточно служи? За акни, лузни, хидратација за што? :?:
    Ја користам од Sattwa со овошни киселини кремата но бидејќи се стопли времето треба да ја менувам а таа е повеќе за преку есен/зима. Дали е добра оваа Здраве за вакви топли денови или не баш и мрсна ли е? :?:
    Се надевам дека некој ќе се потруди да одговори оти ептен се мислам која крема да ја купам а ептен терсене ми е лицево...
     
  12. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Јас користам само сапун Dove, и ми се исчисти лицето. Супер ми е сега!!!
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648

    Зраве е тешка крема е за на лето! Ти препорачувам нешто полесно!
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    И мене ме интересира за Здраве. Јас имам претежно сува кожа, ама ми излегуваат од помрсни креми бубуљички. Ќе ја купам чим е 60-70 денари, но да не е некоја крема од типот на Павловиќевата? :?:
     
  15. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Јас ја користам Здраве кремата со цинк оксид што е, и таа е против кожни раздразненија , акни и сл.
    Мојата е бела,густа,и ја ставам само кога сум дома.
    Но, :!: има од Здраве и други видови креми, мислам дека една беше со Лесна формула ,таа ја немам користено но од што имам овде прочитано некои ја ставале како подлога за шминка па би требало таа да е лесна , похидратантна .. :^)
     
    На Domino и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  16. The.dreamer

    The.dreamer Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    8
    Пасирани јагоди,краставица, ставете ги на лице и опуштете се колку можете повеќе, резултат - прекрасна кожа, мека и чиста.Со почеста употреба од очигледни резултати.
     
  17. cosmopolitan

    cosmopolitan Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    да споделам со вас еден мој пронајдок...СРЕБРЕНА ВОДА...за акни е доктор 400 ден е и ја има по аптеки..купете пробај те ќе дискутираме после..единствено нешто најјјј природно а нај ефикасно за акни..и не само акни ке прочитате во упатството моментално видливи резултати со акни уште истиот ден и сите креми ќе си ги фрлите во канта.поздрав
     
  18. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    е искрено да кажам кога прв пат дојдов во скопје лицето од кристално чисто ми стана ужас.....до пред тоа не користев којзнае колку квалитетна пудра ја ставав онаа на севнтин убава ми беше бидејќи имав природни чисто лице...меѓутоа тогаш бев запрепастена кога ќе се видев во огледало.....но со тек на време и лицето ми стана отпорно на оваа скопска нечистотија и почнав да користам многу квалитетна шминка за да си го заштитам и ми успева а доколку ми се појават некогаш мозолчиња си ставам паста за заби и решен случај....а и оваа сребренава вода на космополитан ќе ја пробам сега оти ми делува мнооооогу примамливо! поздрави
     
  19. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Јас пред некој ден бев на кожно и ми препиша раствор некој за лицето, почнав да ја користам Авен кремата со заштитен фактор 50 за низ град.

    А дали некој го има користено ова од Докторс Анти акне се вика, баш го забележав и сакам да си го купам :) Ефикасно е ?
     

    Прикачени фајлови:

    • 1303667850.Jpeg
      1303667850.Jpeg
      Големина на фајлот:
      8,2 KB
      Прегледи:
      151
    • acne.jpg
      acne.jpg
      Големина на фајлот:
      17,4 KB
      Прегледи:
      151