Не знам што се случува со моево лице, се исфрлав со ситни бубуљички на челото претежно и многу,многу ми сметаат. Пробав неколку нови продукти мислам дека 3 пати полошо ми направија, си се вратив на старото но сеуште ги имам. Ова е веќе 3 месец како ме нервираат, ми искачаат сами од себе, ќе поминат, недела дена ги нема и пак ете ги Не се нешто страшни, но јас си ги гледам и сакам едноставно да ги снема!! Хлораколот ми помага, но после некое време се враќаат, а премногу ми е јак за да го користам секој ден. Се мислам дали вреди да потрошам многу пари па да купам секојдневна крема од Еуцерин и некој лосион или пена за миење лице... Стварно не знам што да им правам веќе Ако некој имал проблем со вакви ситни бубуљички нека каже лек!
еуцеринт го имам јас користено, летово бев многуууууу страшно исфрлена со бубулици , но од еуцеринот не видов никакво подобрување,инаку цела колекција земав од зегинЧ лосионот кремот и гелот за ммиење околу 1300-1400, сепак зависи до кожата и бубулиците
На тоалет (најубаво ми е на него,а сум пробувала и на памук или крпчиња) капнувам од растворот за да се намокри убаво и ставам на челото,образите и брадата по 15 минути да стои,за тоа време легам за да не ми паднат тие.Значи наутро и навечер неколку дена додека да ми се исчисти лицето.
Мене мама ми го порачала ова оти многу ми се фрлаше бруки лицето. Леле луѓе I am amazed. Не го користам долго ама имам приметено еднаш на челото мозолче сакаше да ми излезе (нели се осеќа,боли на тоа место,испакнато е) и се измив и за 2 дена ништо немаше. Башка и многу убаво мириса. И појма немам како ама дава некое чувство на ладење кога ќе го ставиш на лице. Јас го ставам и 10 минути така седам оти прекрасно е чувството! Незнам,мене ова ми е супер и пак ќе си го порачам здравје.
Имам неколку мозолчиња околу пределот на устата!! Дали за 1 недела ќе може да изчезнат...??? уфф многу ми сметаат.
Истискај ги,ама убаво,се да излезе,немој да оставиш случајно да има уште во него.Јас така си направив,истискав ама најверојатно уште останало во него и сега ми се направи поголема бубуљичка,и секој ден ја стискам и никако да ми пројде,веќе 4-5 дена ја имам
Стави им паста за заби да се исушат, ќе поминат или барем ќе бидат како црвенки точки ама рамни, не испакнати и лесно ќе ги прикриеш со коректор/пудра
Како по природен пат до чисто лице без акни и бубулици? Никако Единствен ’лек’ од кој сум приметила подобрување, е миење на лицето 2-3 пати на ден со глицерински природен сапун со пилинг(од Рефан го имам земено). Иначе само со хлоракол може да ми се исчисти подобро
Баш овие препарати и ги препорача на другарка дерматолог, сега оваа недела беше на преглед во државна и и рече од зелената линија да почне да употребува крема пилинг и гел за чистење на лице. И даде и некои тестери колку да види дали ке и одговараат и ми рече другаркава дека има промена. Инаку баш и јас планирам да ги земам, и мене ми се исфрли лицето пред некој ден катастрофа е
^^ Јас се откажав кога им ги видов цените. Мислев дека се негде до 500 денари, но кремата ph5 или не знам како за осетлива кожа беше 812 денари во Зегин. Прескапи ми се Плус ризик ми е, дека ќе ми направат полошо сигурно нема, ама дали воопшто ќе делуваат?? Не можам да користам од линијата за акни бидејќи во суштина лицето ми е суво, па сакав нешто или за комбинирана или за сува и осетлива кожа.. Инаку мислам дека кај мене овие ситни бубуљички се јавија поради сонцето... друга идеја немам Ми искача секогаш алергија на рамениците и деколтето на лице не се сеќавам дали, но идентично ми изгледаат како алергијата така да може е тоа... Моментално користам гел за миење и крема Нивеа од розевите за сува и осетлива кожа. И Хлоракол на бубуљичките. Пудра и коректор користам само за подочњаци и нигде на др место на лицето, гледам да не го чепкам ич и едноставно се помирив дека има периоди кога ми е скроз чисто, периоди кога имам 2-3 бубуљички и вакви периоди кога поима немам што му е А гледам дека доста се жалат периодов, така да може е поради сонцето, знаеме сите дека секоја година се поштетни се зраците... Купив Лореал крема за комбинирана кожа, ужас ми направи дефинитивно не е за моево лице, еден гел за миење од Авон нешто од праска и бадем ми го пресуши, а Дермогал лосионот немаше никакво влијание. И си се вратив на стара маршута со Нивеата... Не ми делува може најдобро, ама па не ми ни штети сега за сега.
Зошто јас кога бев со другарка во зегин цените ни рекоа дека се движат од 500 и нешто до 600 и нешто? Или па можеби дека за осетлива кожа си барала?
^ ^ На Еуцерин производите скоро сите се над 800 денари и јас прашував пред неколку денови во Зегин и кремовите од зелената линија беа по 840,а и другите отприлика се по толку од 740 нагоре. Дури од почетокот на летото треба да се почне со користење на заштитна крема против сонце со заштитен фактор барем најмалку SPF 15,а ако е кожата по проблематична уште подобро би било и со повисок SPF 30 или 50,овие креми не само што ја штитат кожата од алергија од сонце и дополнителни иритации туку ја заштитуваат од предвремено стареење,како темни дамки,брчки,пеги и сл.
ДА Не можеш ништо да најдеш под 800 стотки, ајде што нема ништо под таа цена туку и ти вели за таква и таква кожа треба да земеш тоа тоа и тоа. Најмалку 3 производи ќе ти наброи и никако нема да поминеш под 3000 денари, едно без друго не идело и не можело немало да има ефект. А кога ке ја прочиташ листата на клинички испитувања.
Јас се заинтересирав за кремата со ph5 на нивната страна на интернет прочитав дека таа е за осетлива и бев до Зегин, додека чекав на ред ја видов на рафт кремата и одоздола цена 812 и поштено си излегов Може не беше баш за таа крема цена, ама толку беа сите отприлика.. Е сега пред некое време мајка ми купила една крема демек со некој попуст за 500 денари ама може завршило тоа.. Да не знаеш колку е кремата на Еуцерин со заштитен фактор за лице? Иако претпоставувам дека и таа има доста сочна цена...
сто се однесува до цената на колекцијата ЕУЦЕРИН -зелена линија ја лани го користев го купив целиот сет и гелот за лице и лосионот и кремата ,,,, беше околу 1200-1300 ден и плус несесер..... и немаше некој ефект ....ама се зависи до лицето и до брунчињата
^ ^ Таа со SPF 30 од зелената линија хидратантната за проблематична кожа на Еуцерин пред една недела прашав во Зегин беше 840,а Аквапорин лајт што е за нормална кожа со SPF 15 во Еурофарм беше 750 ,но ми кажаја дека малку е тежок крем и помрсен така да за проблематична кожа изгледа не е баш добар.А пак овој со SPF 30 изгледа не е доволно хидратантен за нормална кожа затоа незнам кој крем со SPF би одговарал за нормална кожа. Инаку за осетлива кожа со PH 5,5 има на SebaMed го има во Зегин исто доста квалитетна медицинска козметика слична на Еуцерин и неа ја препорачуваат дерматолози,а е нешто поевтина за разлика од Еуцерин,овој крем за осетлива кожа со PH 5,5 беше 650 денари,јас го купив пред неколку месеци но ми беше многу мрсен,а имало и некои сапуни на SebaMed околу 250 денари и биле многу ефикасни за проблематична кожа со акни всушност тие не содржеле сапун иако се во форма на сапун ги препорачувале дерматолози.
Девојки некоја од вас што ја користела кремата на саше, помага ли кремата за отстранување на флеки и дупчиња? Инаку гелот за чистење на лице од еуцерин од зелената линија бил 500 и нешто денари а двете креми заедно чинат 1600 денари баш денес прашав пак
јас пред некој ден ја земав кремата од Саше, од синојка почнав да ја ставам па ке видиме што ке биде. Кога ке има резултати и ако има ке пишам