Јас ја купив кремата од Саше само што неможев да ја користам зашто сите поткожни ми ги вадеше и лицето ми се направи катастрофа и плус неможе да се користи пудра додека трае третманот а без пудра неможам да се замислам. Пред 1 месец земав една колекција преку една жена (сапун , зејтинче и крема) и сега имам стварно видливи резултати. Сетот е 550 ден и женава ги прави во некој манастир... Не сакам да и правам реклама на женава али уште не можам да верувам дека мојот проблем се реши ако некој сака нека пише во порака ке му дадам бр...
Да прашам нешто, ми излегоа на лицето грди бубулици, брунчиња или како нез да ги наречам, ама се полни како со вода, такви како топчиња стојат. Кога ке ги стиснам, тешко пукаат, како гној тече. Знае некој од што може да се појават и како да ги убијам
Ако ги `убиеш` ќе ти останат белези. Од искуство ти го кажувам ова. Дека и јас ги стискав ги чепкав и ненамрено го скинав и сеа ми остана белегче.
Јас го користам сапунот од Докторс со црн катран и сулфур мене лично ми помага . Денес си купив и Здраве крема па се надевам конечно ќе ми се исчисти лицето.
Јас вчера ја купив кремата Здраве, конечно ја начекав, па ќе видиме резултати, вечер ќе си ставам пред спиење, зашто многу е густа Инаку, без Хлоракол не можам да живеам, немам некое проблематично лице, само по некоја акна пред циклус, ама лосионов средува се’ И Здраве-то ќе ја користам за истата намена
Јас ја имам TriAcneаl кремата за лице и сум многу задоволна.. Ја користам во комбинација со гел за миење Keracnyl и има видливи резултати за некоја недела,само што јас ете со тек на време престанав да ја користам, место секој ден јас на секој трет се мачкам а на почетокот ептен ми беше подобрено лицето..Сега пак почнав да ја користам,ама неможам да се одвикнам од шминката. Обавезно треба да се тргне пред да се стави кремата бидејќи ако остане полошо ќе биде
Јанг Дерм крема protective или против акни и лосионот јанг дерм...исто така парење на лицето со камилица(чај) и морска сол со вода или мед Сите помагаат
Јас имам чисто лице , ама еден период кога имав 16-17 год ми се појавија многу ситни ама го користев течниот сапун од Докторс и ептен ми помогна, од тогаш немам никакви проблеми фала му на Бога
Да, јас имам користено, но многу зависи од тоа каква кожа имаш. Глината е првенствено наменета за комбинирана до мрсна кожа, со тоа што ја упива мрснотијата и го балансира лицето. Доколу имаш сува и осетлива кожа како мене, не ти ја препорачувам баш Добро е да се прави на одреден период, но доколку ја користиш многу често, можно е да почне да ти се лупи лицето - како мене
Ми се смачи од сапуни бидејќи откако ќе се измијам лицето ми е многу суво, а за кратко време ми се прави како со масло да сум се миела Имав пена од Avon но ептен ми ја иритираше кожата. Моментало го имам портокаловиот гел за миење лице од Avon solutions, добро се покажа ама за нормална кожа е совршен (искуство од сестра ми), но е при крај и бидејќи не е за комплицирана кожа сакам нешто конкретно за мој тип на кожа. Инаку имам мрсна кожа, па акни, помалечки мозолчиња, црнки... од се по нешто Дали имате некакво искуство со овие гелови? Или предложете некој од кој сте задоволни
^ Јас сум задоволна од првото, тоа зеленкото. Всушност, ми одговараат скоро сите производи на Орифлејм, не можам да се пожалам. Го користев долго време, потоа го сменив со тоа од лаванда и ефектот беше ист, не забележав некоја разлика. И лицето ми беше океј, се однесуваше исто - периодично супер, периодичнo нафрлано. Ама несакани реакции немаше. Сега го користам ова на Авон и прилично сум задоволна, нема несакани рекации, убаво ми го навлажнува лицето не ми го суши и не го осеќам затегнато, ама да е некоја трајна заштита од мозолки - не, ама добро е колку за да го исчисти и освежи лицето. Значи таман го доведов лицето у ред и си реков - е, сега ми е чисто без ниту една бубуличка - туп, еве денеска ми се „наковаа“ две. Ту, к'смет.
Девојки кај мене е дефинитивно алергија од сонце. Дај предложете крем со заштитен фактор за лице или некој за тело и лице кој не е мрсен. Има ваква тема ја најдов, ама од летоска не е активна а сакам да купам побрзо дур сум при пари Блек уп не ставам на лице, нема шанси. Видов во Рамстор пред некој ден Нивеа и Бекутан бебешки кремчиња со 30ка фактор, само страв ми е да не се мрсни Некој до кај 300-400 денари отприлика, повеќе не би можела да дадам.
Најдобри се на AVENE, ги имаш со заштитен фактор 30ка и 50ка, ама да поскапи се, по 800 денари.. Прашај од EUCERIN, на нив кремите би требало да им бидат малце поефтини...
Слушнав дека павловичева маст (детска крема) го снемувало црвенилото и акните од лицето, дали има некој користено?
Да да вистина е. Ти гарантирам јас ја користам бар еднаш неделно ставам од неа на лице и иако е зејтин мрсна ги суши акните и повлекува црвенило, а и алергија ако се исфрлиш од нешто ја смирува и помага побрзо да се повлече. А и да не ти зборам дека е најубаво лабело за усните и за уште многу други работи корисна. Алал да му е на Д-р Павловиќ. Ти зборам за оригиналната павловичева зошто ги има неколку.
Јас немам некој екстра голем проблем со акни, ги имам понекаде, али затоа алергии и црвенила имам од се и сешто И конкретно оваа крема за моето лице кое е претежно суво до комбинирано е премрсна и ми правеше ситни гнојанички, а алергиите баш и не приметив дека поминуваат. Но пробај, секој тип на кожа е различен. Јас денеска ја купувам кремата Здраве па ако помогне за тоа погоре што го наведов ќе се фалам
користам крам за лице од камилица-козметика ЗИАЈА 100% природна понекогаш лосион за мозолчиња на ЈАНГ ДЕРМ и пред да нанесам крема тоник за лице на ГАРНИЕР -розевиот за сува кожа од време на време маска за лице од мртво море-авон без разлика колку се внимава на негата на лицето-зборувам за кожа нормална, сува, комбинирана-без акни треба еднаш во месецот да се посетува козметичар-ова важи и за мене(не можам да си дозволам секој месец, финансиите се проблем)ама 2-3 пати годишно, можам
јас ја користев едно време ама таа розевата на фитофарм мислам дека беше, и ми се исчисти лицето и престанав да ставам. по некое време пак ми се појавија и пак почнав да ставам ама еве уште нема никаков резултат а истата крема е