Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Јас почнав да ја користам кремата од Саше па прочитав лош коментар па ја баталив, после 4-5 дена пак почнав.
    Да не должам, кај мене супер делува, ми го чисти лицево да не се урочам но скоро ми е исчистено.
    Без пумпање и преувеличување ама кремата е ТОП , а и Саше се убаво си објаснува мислам дека најмалку пола сат одели човекот и се утепа од објаснување и од зборење :D .
    Имало спас и за мене :)
     
  2. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Девојки ај д ве прашам нешто.
    Бидејќи влегувам во пубертет почнуваат да ми излегуваат многу мозолчиња. Можете ли да ми предложите со што да ги мачкам за да ми исчезнат???
    Впрочем имам 13 год. така да неможам да користам креми кои се за возрасни.
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Пробај со Young Derm лосион и кремче, не се скапи, а тоа е дефинитивно колекција наменета пред се за твоја возраст, а после и за повозрасни. Ако нема некој ефект пробај исто лосион и гел Lea. Јас памтам дека овие работи доста добро дејствуаа на мене кога имав пубертетски бубуљички. И гледај да ја собираш косата, да не ти се допира многу до лице особено сега кога е топло.
     
  4. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски

    Благодарам многу. Да купам па ќе ви ги кажам резултатите. :*
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    А јас да прашам, што ставате после стискање бубулици, за смирување на црвенило нешто :(
    На ништо не личам, сакам побрзо да ми поминат.
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Мене ми помага ако држам мраз на местото, го намалува отокот колку да не ме нервира и да ме тера да го докопам, зошто чепкало сум најголемо. И после тоа откако ќе спадне отокот ставам густ слој Здраве и за некој саат ми поминува.
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Јас користам еден гел на докторс го купив од аптека со камилица бил и со ментол и го чисти лицето од акни и откако ќе го измијам лицето си го чувствувам свежо :)
     
  8. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Special.Someone а колку пари го купуваш тој гел? :*
     
    На silvanaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Околу 100 денари. :)
     
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    А на поткожните моззолчиња што им правите,како ви поминуваат?
    Мене ми се појавија така како бели топчиња на образите,се гледаат само кога ќе ја оптегнам кожата,ама страшно многу ме нервираат.
    Некој лек? :?:
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    На поткожните им ставам некоја мрсна крема, само на тоа место каде што се наоѓа мозолката, ја преспивам ноќта и утрото гнојта е извлечена на површината на кожата и ја истиснувам, па си ја почнувам утринската рутина со чистење на лицето.
    Пробај со таа црната маст, ќе ти помогне.
    Јас не ја користам одамна, зашто морав да ја менувам кремата за лице од Х причини, па истава успат се покажа како добар средувач на поткожни - нема врска значи со квалитетот на маста, стандард си е и си делува. :)
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    епа на авон и орифлеим тониците и кремовите им се убави на другарками многу и помагаат имаш од нив пробано?
     
  13. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Нешто што досега најмногу делувало за моето лице, и за чистење на бубулиците кремот здраве. Првин се мијам со Clear Skin лилјаков гел од авон за намалување на црвенилото на мозолчињата и ставам подебел слој Здраве...Кај мене навистина има резултати... ;)
     
    На silvanaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Супер, а го има во прилеп? ... :D
     
    На silvanaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    До чисто лице се стигнува само со секојдневна рутина на нега и чистење, секако приспособена на типот на кожата. Нема универзален производ кој на сите им одговара (освен можеби Здраве :lol: ). Неизбежно е тестирање на многу препарати за нега пред да се пронајде оној кој најмногу ни одговара. Секоја кожа е индивидуална приказна за себе и секоја бара соодветна нега. Всушност, треба да се обидеме што подобро да ја запознаеме кожата, во смисла да знаеме да препознаеме што и’ одговара, а што не.

    После толку години експериментирање со различни производи, мислам дека сум блиску до пронаоѓање на вистинските за мене. Почнав да применувам рутина на чистење и нега секоја вечер (преку ден само крема, и ако излегувам - шминка), а навечер темелно чистење на лицето, лосион, крема за мојот тип на кожа, ако имам некоја акна ставам Здраве врз неа, и крем за околу очи. И тоа е тоа - разликата е очигледна после редовна примена на рутината 3 месеци континуирано. И ниту еден ден не сум пропуштила, колку и да сум уморна, колку и да ми се спие, додека не ги направам сите горенаведени чекори не легнувам. Ама затоа, кожава и лицево никогаш не ми биле поубави, а и во последно време добивам комплименти за изгледот ;) И да напоменам, еднаш неделно ставам маска (Неутрогена, Афродита, Гарниер или домашно подготвена, сеедно).
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Абе, откривте топла вода со секојдневнава редовна темелна хигиена.
    Не сакам никого да навредам, убаво од вас што се помачивте да напишете ама општо познато е дека треба редовна хигиена на лицето за здрава и колку толку чиста кожа. Арно ама, јужно од Светот на бајките, не е се така розово. За некој што мака мачи со акни, не е само до хигиената, а повеќето на темава се такви. Не дека ја ве хејтам нешто, ама кога ќе прочитам ова дека за чисто лице требало редовно миење на лицето, ми доаѓа да си приплачам од смеење. Да беше така сите убави и мазни ќе шетавме. Мислам дека темава е повеќе ориентирана кон лекови, иљачи и такви работи, а не „редовно миење на лицето“. Да, допринесува за чиста кожа, ама дека е решение за акни, лузни и слично, да ми каснете од газов. Не го сфаќајте буквално ова „како до чисто лице“, сапун и вода се најочигледниот одговор, сите го знаеме тоа.
     
    На CIA, Sanniii, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Nymeria алал да ти е за коментарот! :clap:
    Иначе после милион работи што сум пробала, од Здраве најголеми резултати имам, не дека сега ми е лицето стакло, али за разлика од тоа што ми беше сега е мн подобро :)
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Абе какви глупости се тоа редовно да го мијаш лицето?Јас само со вода се мијам 1 во ден,а по цел ден се шлакам на лице со студена вода па и во МПС кога сум ,чисто ми е лицето,ама ми е чуствителна кожата и секогаш сум црвена на лице ,ама ако да не ставам руменило , да не го трошам ]:) Да треба хигиена мислам дека мојата е на најниско ниво за лице ,ако се земе предвид секако сите оние тоници,маски,гелови,кремови,што се во шкафов зад мене моментално,а јас само со вода се шлакам(ме мрзи да ставам маски и гелови и незнам уште што, не за нешто дрруго) :devil: Така да зависно од гените,и од кожата и типот на кожата а и секако кремот кој се користи треба да биде според типот на кожата, а ако не може точно да го одреди типот на вашата кожа,треба да се побара стручна помош... :angel:
     
  19. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    За време на пубертет ме мачеше Т зоната и тоа најмногу на челото и на брадата..
    јас лично имав и постојано по некоја Акна( читај бубуљица)..
    во тоа време го користев Ассо Дерм сапунчето ( кое се уште го има по некој шопови)
    па почнав со лосионот на Јанг ДЕРМ и секако нивната пудра...
    Никако и никогаш не сум ставала помада кога ке си легнев да спијам само наутро
    (така да кожата од Т зона ми стана нормална )
    никогаш не експирементирав со креми за лице ( тоа и ден денес го правам)
    користев бекутанче ( синото и најнормалното) или нивеа класичната
    ...сметав и се уште сметам дека сепак јанг дерм е пудра за млади и не развиени лица
    пошто гледам некој мои познат лицето им е како карта се се познава и имаат мнн брчки
    а пудрите од мајките или од некој повозрасни им беа главни за користење...( да не се фалам мене никој не ми ги погодува годините секогаш сум со минус 5 години )
    не правам реклама за ништо кажувам јас како сум се справила со моето лице и краерите кои ги имам ( во оној период и секако кога сум мнн нервозна)
    според мене оние кои имаат мнн мннн проблеми со акни треба да одат да се консултираат со козметичар... оние кои добиваат само за време на период или од патување или од прљаштини не се толку опасни и мислам дека нема да се во класификација ПРОБЛЕМИ со лице....
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Темата е како до чисто лице и редовното чистење на лицето се однесува за сите, тоа е општа хигиена. Нормално дека доколку некој има посериозен вид на акни, црвенило итн. треба да посети дерматолог, има причина зошто постојат дерматолози. Никој овде не измислува топла вода, туку се труди колку толку да помогне. Ако немате нешто паметно да кажете, подобро не пишувајте. А редовното чистење е важно и за чиста и за нечиста кожа (акни) зошто само така се отстрануваат нечистотиите кои доведуваат до поситни или поголеми неправилности.